Помош, софтверски проблеми и совети - III дел

  • Креатор на темата Креатор на темата humanoid
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Кој музички формат овозможува најубаво слушање музика (при преснимување на највисок Bitrate)? Дали е тоа FLAC или има и уште подобар од него?
 
Еве ти линк од мајкрософ страната да си го симнеш SP3 ако сакаш.
Јас го инсталирав SP3, се ми работи побрзо, многу багови што ги има на SP2 се поправени. Иако сеуште е бета верзија, вреди да се има, зашто кога ќе искочи целосната верзија на SP3, сигурно ќе поправат нешто и ќе можеш без проблеми и тој да го симнеш и инсталираш.

На линков кога ќе кликнеш, оди подоле имаш:

WindowsXP-KB936929-SP3-x86-ENU.exe 315.2 МВ

и десно од ова има DOWNLOAD копче.

Толку е, би ти препорачал да го симнеш.

Поздрав!

ОК момче фала многу, ќе пробам па што биде нека биде.
 
Кој музички формат овозможува најубаво слушање музика (при преснимување на највисок Bitrate)? Дали е тоа FLAC или има и уште подобар од него?

Нема врска програмот, туку звучната картичка и звучниците :)
 
Да де, добро, јас малце не го напишав како што треба прашањето.
Преснимав една песна во FLAC формат со највисок квалитет (1000 и нешто kbps) и навистина звучи подобро од на пр. истата да е MP3 на 128. Имали некој формат што поддржува и уште поголеми bitrate-и? Не ми е битно тоа колку простор зафаќа :)
 
Некое програмче за Намалување на големината на Мп3 фајловите,но да не се губи квалитетот?
 
Па можеш со Winamp, поновите верзии имаат конвертер.
Е сеа, со намалување на квалитет нормално се губи и големината, и обратно, така да гледај да не ти се под 96kbps бидејќи под тоа ниво навистина веќе песната е неквалитетна :)
 
Океј,фала
 
Да де, добро, јас малце не го напишав како што треба прашањето.
Преснимав една песна во FLAC формат со највисок квалитет (1000 и нешто kbps) и навистина звучи подобро од на пр. истата да е MP3 на 128. Имали некој формат што поддржува и уште поголеми bitrate-и? Не ми е битно тоа колку простор зафаќа :)

Kако мислиш, да преснимиш песна во висок квалитет?
За да го направиш ова, песната треба претходно да е снимена на висок квалитет, па да си ја преснимиш на максимум исто толку, повеќе неможеш. И од кај откопа 1000 Kbps? :):):)
 
Да де, добро, јас малце не го напишав како што треба прашањето.
Преснимав една песна во FLAC формат со највисок квалитет (1000 и нешто kbps) и навистина звучи подобро од на пр. истата да е MP3 на 128. Имали некој формат што поддржува и уште поголеми bitrate-и? Не ми е битно тоа колку простор зафаќа :)

Доколку песната си ја добил како 128 килобитна мп3-ка, не можеш да добиеш ништо поквалитетно од неа... Конвертирањето во FLAC нема да помогне. За споредба, замисли со ЛЦД проектор да проектираш на ѕид филм енкодиран во DivX.
Ако веќе имаш избор при download, симнувај ги песните во FLAC. FLAC е еден од кодеците достапни за енкодирање кој е сосема бесплатен и нема загуби кај песната. MP3 на пример, за да ја компресира крати некои звуци под и над одредена фреквенција. На оркестрална музика и на некоја "понапната" и тоа како се чувствува разликата.

Зборот ми беше, не можеш купено ЦД од пазарче да го конвертираш во FLAC бидејќи песните на него веќе се МП3-ки и нема да добиеш никакво подобрување. Доколку имаш оригинален диск или пак можеш да го симнеш од интернет, FLAC >> MP3 :)
 
Е фала, ова е одговорот што ми требаше :) Да, се работи за неколку оригинални CD-a, не за пазарски :)
 
Батина!
Лиценцата на касперскиов ми истеквит за два дена.
Кажвејте чаре,како да ја продолжам или обновам без пари...давајте совет или некој код...
Поздрав
 
Ќе може некој да ми каже зашто во User Accounts,неможам да го најдам Remove Password? Или сум ептен слеп,или стварно го нема...Ако може некој друг пат да дојдам до Remove Password?
 
Дај принт скрин од тоа јузер акаунтот.
 
Ако си компјутер администратор мислам дека неможеш да си го избришеш акаунтот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom