Помош, софтверски проблеми и совети - III дел

  • Креатор на темата Креатор на темата humanoid
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
AJ ве молам некој да ме просветли, зашто излегов од памет пре минута две. Си работам на интернет, некои глупави сајтови, ништо посебно, ништо што не сум правела и порано, и во една секунда лаптопов испушта еден силен звук, на брмчење, излегува син екран со многу многу бели букви, во исто време се рестартира компјутерот, и ништо, сега се оди обично. Незнам што му стана.
Хмм може да е до хардверот нешто проблем со кулерите. Сега како е ??
 
Сега е ок, ништо невообичаено!
Неможе да биде во ред ако било тоа што мислам повторно ќе ти се појави за некое време кога ќе загрее доволно - а преѓеска да не го потчукна - подудри компјутерот - да не го имаше ставено на некоја површина каде што неможе да има вентилација ??
 
BSOD? шо се стори бе со ова у последно време на сите ова ги ака :S
 
Неможе да биде во ред ако било тоа што мислам повторно ќе ти се појави за некое време кога ќе загрее доволно - а преѓеска да не го потчукна - подудри компјутерот - да не го имаше ставено на некоја површина каде што неможе да има вентилација ??

Па во скутот ми беше, и не го подудрив, само маусот беше ставен на тастатурата.
 
BSOD? шо се стори бе со ова у последно време на сите ова ги ака :S
Пролет - променливо време вируси, црвци (ова ако копнеш подлабоко), тројанци и слично па ќе има потреси ... па по некој порно сајт знаеш топло време тоа тера иии ете ти бед сектори и во спиењето и во компјутерот :)

Па во скутот ми беше, и не го подудрив, само маусот беше ставен на тастатурата.
Хм може случајно си го затворила процепот за вентилација... ништо страшно ако нема сега проблеми.
 
Дали може антивирусни дефиниции да се подноват офлајн (конкретно за Нортон System Works 2005)? Да речеме како во Lavasoft Ad-Aware, се симнуваат дефинициите од интернет и се ставаат во фолдерот т.е се презапишуваат врз старите дефиниции.
 
имам нешто проблем со неро...идам на фолдерот Properties 4.43GB ми покажува, го ставам во неро да се снима ми покажува дека е повеќе од 4,5GB???
 
имам нешто проблем со неро...идам на фолдерот Properties 4.43GB ми покажува, го ставам во неро да се снима ми покажува дека е повеќе од 4,5GB???

Така е на се во секој компјутер. Физички фолдерот зафаќа 4.43, а логички зафаќа повеќе од 4.5 GB.

Еве отиди на кој било фолдер, дај му десен клик и properties, ќе видиш дека има Size и друго Size on disk! Едното е секогаш поголемо.

И сите ДВД Max. капацитет имаат до 4.5 GB, што не значи дека МОРА да соберат 4.5 GB. Тоа само со Overburn можеш да го направиш, што не би ти препорачал.
На DVD Max. ќе ставаш до 4.3 GB. :helou:
 
На ДВД максимиум без овербурн може да се стават 4.700.000.000 бајти, што е еднакво на некојси 4.37-4.38 гига.
 
Ми требаат драјвери за веб камера media-tech модел МТ4012,
дали знаете од каде можаам бесплатно да ги симнам. Го имам изгубено ЦД-то за инсталација а ми го форматираа лап-топот поради вируси.
 
Вака сеа , најпрвин можеби прашањето не беше наменето за тука - ако грешам извинете ...
Симнувам филм со уторент ... Но проблемот е што само ми прави аплоад а никаков download ... Значи не е до брзината бидејќи симнувам и песни од lime wire а брзината е поголема од оваа ... чаре ?

amanlq3.jpg
 
Чаре, да најдеш торент со повеќе активни сидери, и да го спуштиш од кај нив, затоа што на овој торент сидерите не се активни.
 
Јас на мојот стар компјутер имам 2 вакви HDD, го прават истиот звук привремено, и знаеш ли што им правам?

Не се заштрафени и двата, само си стојат на рамно (пример: Едниот ми е врз CD-ROM-от, другиот над дискетната единица), и при уклучуцање на компјутерот, додека ги детектира уредите што се на IDE каблите (тие дебелите кабли) ако некој од нив залупа така, како мавање на паричка, го гасам РС, ги протресувам асално 2та HDD, значи ги лупам од куќиште, онака убаво ги залупувам, пуштам РС и све е како ново :):):)

Со оваа финта ги оправувам веќе 2 години 2та HDD, Пробај и ти :):):)
Абе да имав подобар компјутер од овој, ако требаше, и со токмак ке удрев....
____________________________

... Купив комплет штравчигери „ *“, го отворив, и дојдов до следниов заклучок:
-Плочките се во ред
-Кога дискот ( плочкатите ) ќе се забрзаат до потребната брзина ( wooow, мнооогу беше брзо...да го видевте само струењето на воздухот во околината на плочката, предизвикано од брзата ротација!!!... ), магнетната глава (G), oд точката на средината на површината на плочката (T), оди во позиција кај точката K,тогаш се слуша ист звук каков што се добива кога со паричка чукате на нешто, но со послаб интензитет,Магнетната глава, со максимална брзина, се упатува од точката во која што е (K), до точката најблиску до центарот на дискот (M).Тогаш, од областа S се слуша силен звук ( каков што веќе кажав ), веројатно од „направата“ во хард дискот, која што за цел има да ја задрши магнетната глава на површината на дискот,т.е. механички да не биде возможно магнетната глава да го напушти дискот....

Хмм...на овој проблем мислевте?
Што не е во ред?
Јас мислам дека не е во ред нешто со софтверот кој што ја управува магнетната глава, за кој мислам,но не сум сигурен, дека е запишан во ROM меморијат сместена во хард дискот...
Мислења???

______________________________

Ај четврто докторско мислење:pos2:

60% е да е ојден хардот, 40% шанса е да му е корумпиран бутсекторот и мбр-то.

Коа ко купив мојот нов харддиск, одма после 2 недели почна таков звук да прави и да јавува БСОД со UNMOUNTABLE_BOOT_VOLUME. Напраив фул бекап и си реков, па нека рикне ионака ми е под гаранција. Ама не рикна. Се расчепкав у ДОС и му испомењав некои фајлови ко boot.ini, NTDETECT.COM, NTLDR итн, после тоа упалив Hirens BootCD и пуштив 2-3 програми да го средат МБР-то. До ден денеска работи супер (1 година) и не клика така.

Можно е кога тие специфични сектори да му се сјебани, иглата од што е толку збунета што незнае што да прочита, да мава по ѕидот на харддискот. Нормално ако проблемот не се реши брзо, од толку мавање стварно ке рикне.

Мн пати од тогаш го форматирав, ги избришав сите партиции, креирав една од 10гига ( а хард дискот е 40 ), но пак истиот проблем...

Како да го средам МБР-то?
со кои програми?
 

Attachments

  • wd-hdd.jpg
    wd-hdd.jpg
    34,7 KB · Прегледи: 44
So alkohol sum snimal imigi i sea bas primetiv probuem mount na nekoj imig i mi vika File not accesible i isto ka e na listata pokazue kako da ne zafakja ic mesto ama gleam u folderot fakja mesto. Neznam zosto se buni ako znae nekoj neka kaze
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom