Помош, софтверски проблеми и совети - II дел

  • Креатор на темата Креатор на темата Princ
  • Време на започнување Време на започнување
VORTEX напиша:
ми треба мала помош како да ја зголемам брзината на кулерот бидејќи температурата на CPU ми е 56 степени . Програмот се вика МБМ 5
screenshot010dv5.jpg
Провери во биосот можеби таму ти е подесено да при повисока температура се забрза венилаторот. Преку оваа програма незнам дали тоа можеш да го направиш.

Едит: Инаку 2700 вртежи е многу малку, можно е да и вентилаторот ти е за менење.
 
можно е ама мене друго ми мати памет како може двата кулери да работат со таа брзина
 
VORTEX напиша:
можно е ама мене друго ми мати памет како може двата кулери да работат со таа брзина
Ако досега немаш приметено различни брзини на двата вентилатори, тогаш во програмот не е добро подесен сензорот за другиот вентилатор. Всушност програмот отчитува иста вредност за демек два вентилатори.
 
Абе неможеш да зголемиш брзина на кулер ако нема таква опција кулерот. Постарите матични а и постарите кулери (дури и новите што се евтини) немаат опција да можеш да ја контролираш брзината на ладење.
Види отвори го и исчисти да не има едно кило прашина. По правило на 6 месеци треба да се чистат кулерите за да ладат убаво.
 
Jane напиша:
Абе неможеш да зголемиш брзина на кулер ако нема таква опција кулерот.
Абе не зезај, кулерот немал таква опција! Поготово СИТЕ кулери за процесори имаат, затоа имаат три жички! Плус, минус, контрол! Се зависи од плочата дали подржува а не кулерот! Само дел од издувните кулери на куќиштата, оние што се со две жички неможат да се подесуваат.
Ако е така како што викаш ти, ај објасни ми што за тебе значи тоа што повеќето нови па и 2 години стари плочи во нивниот биос можеш да подесиш на која температува да се забрза кулерот (зборуваме за процесорот)! Или пак кај лаптоп, да не мислиш дека кулерот е смарт? Не би рекол.

Значи, кулерите со помош на онаа жолта жичка можат да се контролираат. А контролирањето зависи од плочата. Е сега кога реков СИТЕ не мислев и на оние од пред 10 год.!

Едит: Ти го гледам постот и мислам дека незнаеш оти стануваше збор за кулер на процесорот. Мислам дека никаде во СК нема да најдеш кулерот за процесор кој неможе да се контролира.
 
Готово решен е проблемот со температурата-си ставив нов кулер
ново прашање за вас:
Сакам да го форматирам компјутерот и незнам каде да ги најдам контактите од МСН што ми се за да не мора после од сите да барам авторизација да не знае некој во кој фолдер се наоѓаат?
 
Контактите од МСН си ги "тегнеш" на кој компјутер и да се логираш, не се на твојот компјутер туку на серверите на Microsoft.
Така да, безбедно е да си го форматираш компјутерот.
 
Имам едно проблемче.. Не можам да ја уклучам опцијата SHOW HIDDEN FOLDERS.. Се е ОК, одам, штиклирам, apply и после ништо.. Одам пак во Tools, Folder options и уклучено е на HIDE ?!?!?!?
Некој да не знае решение а тоа да не биде форматирање:)
 
Laze88 напиша:

Превземи го фајлов, анзипирај го, кликни 2 пати на фајлот што беше зипуван, ќе те праша дали да го модифицира регистрито (модератор сум и мислам можеш да ми веруваш), кажи му да, рестартирај. И врати се кажи ни резултат :)

Прегледај го приврзокот folder.zip
 
И мене нешто ме мачи :smir: Инсталирав блутут адаптер преку едно цд шо беше во комплет со него,и сега ми стои доле found new hardware wizard и никако неможам да го тргнам,ниту него ниту знакчето дека има отворен портал доле,се избришав,одинсталирав но ова упорно стои и ме нервира.
Може на некој му е смешно ова но толку ја разбирам и стварно сакам некој да ми каже како да не го гледам овој прозорец пред очи веќе.
 
leandra напиша:

Тргни го хардверот :)
Инаку не ти е целосно или воопшто инсталиран хардверот, затоа не се трга. Види нешто драјвери, остај да ја заврши процедурата комплетно.
 
Princ напиша:
Тргни го хардверот :)
Инаку не ти е целосно или воопшто инсталиран хардверот, затоа не се трга. Види нешто драјвери, остај да ја заврши процедурата комплетно.

Фала на советот,и се лом напраив у компјутеров се изместив:pos2: после по телефон ми помагаа да го вратам у нормала,од кодови до крај пореметив.
Но сепак го тргнав тоа што ме бодеше во очи,по принципот одинсталирај све,па што сака нека биде:smir:
 
го форматирав компјутерот,и само што ставив македонски фонт,али не ми работи тоа алт и шифт,наместив да се мени фонтот кога ќе притиснам тоа,али не реагира,мора доле во тулбарот да менам...хелп ениуан???:jaj:
 
Do tulbarot e najverovatno a pojma nemam zosto ne ti otvota.
 
не си ме сватил,шорткатот за алт и шифт на тастатурата не ми го мени фонтот,а го наместив да се мењава така..што значи не функционира наредбата... некој,било кој...ХЕЛП???
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom