Помош - сакам да градам!

  • Креатор на темата Креатор на темата santo
  • Време на започнување Време на започнување
Има некој искуство или совет за сипорекс цигли за ѕидање на куќа? Изведувачот ми ги форсира нив, малку поскапи се од црвените цигли, ама као биле подобри, не требало фасада да се става (само абрип), внатре само глетување и кречење и тоа било тоа. На нет не наоѓам многу информации, гледам едно време се зборело дека се радиоактивни, ама гледав како се прават и нема поента тоа. Не знам како се за термо и звучна изолација и колку се добри за долг период. Во Англија на пример кров на школо има паднато поради дотраеност на вакви цигли, некои си 30 години, што ме плаши.
Полесни се за градење, подобра топлинска изолација и послаба звучна изолација.

Ги имаш во разни димензии. Они дебелите се и повеќе од дупло поскапи од термо блок.

Sent from my A001LG using Tapatalk
 
Ти посочија според кој закон/член ова?
не постои такво нешто во законот за градење, има времени објекти од монтажен карактер и урбана опрема.
 
не постои такво нешто во законот за градење, има времени објекти од монтажен карактер и урбана опрема.
Баш сега листам некоја пречистена верзија, не се спомнува она погоре. Веројано му кажале дека вообичаено толерираат до ~20м2, но ако пријави некој тогаш...
 
Ти посочија според кој закон/член ова?

Не е битен законот и правилниците, туку битна е општинарската произволност во носење одлуки, кои не се засновани на никаков закон и/или правилник...
 
Сметам дека не треба да градиме,поради фактот што имаме квалитетни инвеститори што градат за нас во МЕТРОПОЛАТА по цена од 1850 еуро квадрат. :)

Ова е курпулентно прашање,и соодветен одговор е реалната ситуација.
Кредит,50 години банкарско заложништво за 45 квадрати во смрдената кисела вода.

Заштедете си главоболка,не бирајте дебелина на стиродур за вашата изолација. Некој го направил тоа за васссссссссс.

Ајде чао. :)
 
Ти посочија според кој закон/член ова?
ne, nikakov zakon ni clen od zakon ne mi spomnaa, samo mi rekoa tvrda gradba u dvor, ne, montazen moze no mala kvadratura do 21kv kolku edna garaza ili pomosen objekt
(ja za vo dvorot prasav, zs ne mozam da najdam mala parcela)
 
Има некој искуство или совет за сипорекс цигли за ѕидање на куќа? Изведувачот ми ги форсира нив, малку поскапи се од црвените цигли, ама као биле подобри, не требало фасада да се става (само абрип), внатре само глетување и кречење и тоа било тоа. На нет не наоѓам многу информации, гледам едно време се зборело дека се радиоактивни, ама гледав како се прават и нема поента тоа. Не знам како се за термо и звучна изолација и колку се добри за долг период. Во Англија на пример кров на школо има паднато поради дотраеност на вакви цигли, некои си 30 години, што ме плаши.
Ништо не е едносмерно, па ни сипорексот. Имаш неколку фабрики на Балканот, косовските се не баш, во Србија и Бугарија се Ок. Лесни се, лесно се гради, се сечат како сакаш. Топлински треба да се супер изолација. Е сега има една приказна дека мравките ги напаѓаат и не им се проблем да ги пробушат. Нова, па и не толку нова технологија. Јас пред 12-13 години запнав со нив да градам, ама не ми ги фати око косовските и останав на класика. Плус, какви мајстори имаш. За сипорекс си треба школувани мајстори, што знаат каков елемент каде оди. Има таму столбови, серклажи, и други елементи. Треба да ти направат спецификација и да ја осмислат нарачката.
 
Дали ако плочата е впишана во катастар како објект,може да се гради спрат,?
 
Има ли некој што поминал низ целосниот процес на изградба на куќа од темел, кој би можел да го сподели своето искуство, од почетните чекори со документација, архитект, геометар и дозволи, па се до ангажирање мајстори, завршување на работите и вселување? Би било корисно да се чуе со какви проблеми и предизвици се соочил и колку приближно го чинел целиот процес.
 
Побарај го на инстаграм и јутуб Darko Koja, типот го снима целиот процес од набавка на плац до завршни работи на самата куќа и можеби е еден од најдобрите канали моментално. Секако може има мали административни разлики меѓу нас и Србија ама мислам дека 90% можеш да примениш директ ствари
 
Беше добар, сега само си рекламира фирми.
А и во голем дел од времето рилсовите му се без везе, почнува со едно, кажува друго, завршува со трето. Неповрзано некако.
 
Има ли некој што поминал низ целосниот процес на изградба на куќа од темел, кој би можел да го сподели своето искуство, од почетните чекори со документација, архитект, геометар и дозволи, па се до ангажирање мајстори, завршување на работите и вселување? Би било корисно да се чуе со какви проблеми и предизвици се соочил и колку приближно го чинел целиот процес.
Има веќе постоечка тема за градење куќа. Ќе ја спојам оваа со неа. Барај во неа мои мислења, некаде од 2014 година, имам детално објаснето се. Е сега дали од тогаш до денес се имаат изменето процедурите, не знам, ама би требало да е се исто.
 
Има ли некој што поминал низ целосниот процес на изградба на куќа од темел, кој би можел да го сподели своето искуство, од почетните чекори со документација, архитект, геометар и дозволи, па се до ангажирање мајстори, завршување на работите и вселување? Би било корисно да се чуе со какви проблеми и предизвици се соочил и колку приближно го чинел целиот процес.
Премногу постапки е за на ФОРУМ да се објасни (човек може цел ден да ти збори за ова и пак да имаш фази што ќе ги заборави), затоа постојат струки - архитекти,правници,изведувачи итн.
Во кратки црти за што ти треба (легално) -
1. Имотно правно треба да ти е завршено, што значи треба земјиштето да се води на твое име (прашање плус - дали има ДУП и дали има маркица таа парцела, ако нема, правиш проект по некој основ од општината - архитектот го води тоа во консултација со општината)
2. Архитектонско биро наоѓаш (можеш и приватен архитект со што ќе ти биде и менаџер на целата документација/проекти - фаза архитектура, статика, водовод, електрика, мислење од изис итн.) - од прилика за куќа ти е 20 евра од м2 за сите проекти - ама не секогаш се водат по оваа цена, туку како ќе се договориш, Арх. бироа мноогу повеќе ќе ти земат.
3. Поднесуваш ИДЕЕН проект во општина па треба да го одобрат, па се прави ОСНОВЕН проект со фази и исто се поднесува во општина, се плаќаат комуналии и се добива одобрение (тоа најчесто го води Архитектот)
4. Имаш предмер пресметка во фазите па така и бараш понуди од изведувач (карабина/ѕидарија/столарија итн.)
5. Изведувач треба веќе да си го превземе објектот (куќата) и да започне со градба по прописи
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom