Помош, проблеми, прашања, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво да прашам окулу cooling pads за лаптоп поточно каков да користaм
имам Asus TP300L никако не можам да најдам соодветно решение за да не ми прегрева
проблемот е што кулерот е скриен под екранот нема отвори на пластиките од страните и долниот дел , изгледа влече од тастатурата воздух
фала на помошта :)
 
Дечки ај помош.
Имам Acer Aspire E1-571G али скршен ми е држачот баш каде што се полни и цела таа страна ми е крената. Едвај го отворам и затворам дестопот, сега додека го отворав ми работеше кулерот и само наеднаш ми стропа и као да се откачи нешо, и сеа веќе не го слушам да раб ... Зарем може да се откачи .. пошо звукот така ми беше или па да прегреал .. ???
 
Сервис.
Хард дискот најверојатно.
 
Имам Аsus лап топ и последно време приметувам ми се гаси наеднаш а сепак батеријата е полна или пак приметувам дека не се полни до крај батеријата, после цела вечер полнење сеуште таа светилката (како и да се вика стручно) свети црвено како да е полу празен. Дали тоа нешто се прегрева кулерот, не држи веќе батеријата или е нешто друго во прашање ?
 
Последно уредено:
Дали тоа нешто се прегрева кулерот
Да, се прегрева КУЛЕРОТ.
Треба да го смениш КУЛЕРОТ.
Оди во сервис и кажи им дека КУЛЕРОТ се прегрева, да го подмачкаат или сменат.
 
Ок баш тоа и ќе направам. Еднаш сакав сам да го отворам ама тешко се изнамачив како се отвара пластиката и тастатурата па баталив.

Лап топ никогаш у живот не сум отворил :)
 
Здраво, вака купив Лаптоп Lenovo али на тастатурата го нема Shift и неможам да ги внесам горните знаци особено ми треба знакот @, оти нели знаците се внесуват со притискање на Shift и @ истовремено. Па ако може помош?

Најверојатно копчето Shift е означено со горна стрелка како кај некои тастатури, или е преместено на друго место на тастатурата - се случува тоа кај малите лаптопи.

Keyboard-left_keys.jpg
 
Здраво, вака купив Лаптоп Lenovo али на тастатурата го нема Shift и неможам да ги внесам горните знаци особено ми треба знакот @, оти нели знаците се внесуват со притискање на Shift и @ истовремено, сигурно Shift е заменето со друго копче. Па ако може помош?

sm.lenovo-ideapad-320s-14-inch-09.750.jpg

пробав со горната стрелка не бива и со други копчиња пробав исто
 
Како го немаш шифт, ете ти го долу лево одма над цтрл, исто и долу десно пред последен ред и тоа е шифт, само што не ти е напишано со зборови иначе тој е знакот....
 
ако мислеш на горната стрелка од лева страна над цтрл и од десна страна,пробав не бива
 
Пробај и со промена на фондот, пример од United States (US keyboard) во United Kingdom (UK keyboard) или обратно во зависност како ти е во моментот, и пробај со истите инструкции со шифтот, некогаш и тоа игра улога...
 
Средив едвај, фала на помошта.
 
Некој да не има идеа што би можело да е проблемот. Компјутерот секогаш кога се пали на екран го дава следниов аутпут:

31936652_1401091866703704_5132655475438911488_n.jpg

Каблите се проверени. Напојувањето и хард дискот се нови заменети, не се тие проблемот, графичката ја извадив ја чистев, ама нормално ми врти не ќе да и до неа, и процесорот гледам нормално врти. Што би можело да е проблемот? Матичната нешто, евентуално мониторот, графичката? Некој со сличен проблем да не имал?

П.с. Да напоменам, мониторот не дава никаков сигнал воошто, ова што е на сликата го дава само ако притиснам на копчето од мониторот, ќе се вклучи сино како активно ќе го даде ова и ќе се исклучи во портокалово како да е исклучен компјутерот. Значи сигналот не доаѓа до него.
 
Со каков кабел е поврзан мониторот?
Да не го ставаш во матична наместо во графичка? :D
Пробај и со друг монитор.
Што конфигурација имаш, да не си земал ново чкарт напојување...
 
Некој да не има идеа што би можело да е проблемот. Компјутерот секогаш кога се пали на екран го дава следниов аутпут:

31936652_1401091866703704_5132655475438911488_n.jpg

Каблите се проверени. Напојувањето и хард дискот се нови заменети, не се тие проблемот, графичката ја извадив ја чистев, ама нормално ми врти не ќе да и до неа, и процесорот гледам нормално врти. Што би можело да е проблемот? Матичната нешто, евентуално мониторот, графичката? Некој со сличен проблем да не имал?

П.с. Да напоменам, мониторот не дава никаков сигнал воошто, ова што е на сликата го дава само ако притиснам на копчето од мониторот, ќе се вклучи сино како активно ќе го даде ова и ќе се исклучи во портокалово како да е исклучен компјутерот. Значи сигналот не доаѓа до него.

Пробај со друг монитор, ако и тој е така нешто графиката те дупи или некоја др компонента.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom