Помош, проблеми, прашања, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Ме интересира да прашам за маусов, изгледа ми се заеба.
Порано додека играв кантер знаеш инстантно да се завртиш 180 степени или слично немаше никаков проблем, сега кога ќе пробам такво движење дали со зглоб или цела рака не ги врти цели 180 степени туку се закочува некаде на средина и ме ептен нервира пошто неможам да играм кантер како што сум научил а големо ДПИ па не доаѓа у обзир неможам да контролирам/следам нишан така..
 
Дали постои некој начин да деинсталирам Google Chrome бидејќи преку Control Panel не сака да почне процесот?
Имам win 8.1

фала :)
 
  1. Кога го пуштам компјутерот работи само неколку секунди и одмa ми се гаси,ај неκој што знае или имал сличен пρоблем неκа κаже што му е на κомпјутеρов и дали има ρешение :)
 
  1. Кога го пуштам компјутерот работи само неколку секунди и одмa ми се гаси,ај неκој што знае или имал сличен пρоблем неκа κаже што му е на κомпјутеρов и дали има ρешение :)
Исчисти го внатре. Посебно вентилатор на процесор.
 
Здраво компјутерџии ! ! !
Немам пишувано на форумов до сега, ама ете ми затреба помош и на мене...
Имам дома едно компјутерче, постаро е веќе, сега служи како заедничка инетернет/скенер/принтер станица која ја користиме сите... Конфигурација следна : AsRock 775Dual-VSTA, Intel Pentium IV 3.06 GHz, GeForce 7100 GS 256 MB, 2 GB DDR II... Е сега што се случува - снема слика, црн екран... Прво помислив дека е до мониторот, ама веднаш на него си излезе она " no signal " па знаев дека не е до него, а и си работи на друг пц... Го рестартирав и си има слика се додека не се подигне оперативниот систем ( на Windows XP работи ), после тоа пак ништо... Пак рестарт и ми се појавува " device driver stuck in infinite loop " ... Ништо, земав го форматирав, преинсталирав оперативен систем и се беше ОК додека се инсталираше и додека инсталирав драјвери за матичната... Кога инсталирав драјвери за графичката, нели бара рестарт, го рестарирам и додека се подигаше системот појави линии на екранот и кога се подигна - пак ништо, црн екран, нема сигнал... Рестарт и почнува да ми скенира хард дискови, ке заврши и пак ке каже тоа со драјверот и толку... Ме изнервира тогаш и го фрлив у ќош, па не земав да пробам со други, понови или постари драјвери за матичната... Што мислите вие, вреди да пробувам или да набавам друга графичка картичка...

Вториот проблем кој што го имам и ме нервира некое време е со лап топ... Се рабо за Sony Vaio лап топ и проблемот е во тоа што кога ке го преинсталирам оперативниот систем и ке ги инсталирам драјверите нели, HDMI портот не работи... Инаку има интегрирана Intel HD 3000 графичка... Драјверот е инсталиран, ама HDMI портот не работи... И ова ми се случува само со Sony Vaio, со ниеден друг лап топ од било која друга марка - НЕ... А никаде на интернет неможев да најдам дали има друг некој драјвер или било какво решение за проблемот...
 
@ArHanG3L можно е да е картицата "при крај", а може и драјверот да е. Пробај со 7ца и остави сама да инсталира драјвери. Само мрежна картица ќе мораш ти. Имаш доволно хардвер, стави најосновна верзија. Чисто за проба.
 
@ArHanG3L можно е да е картицата "при крај", а може и драјверот да е. Пробај со 7ца и остави сама да инсталира драјвери. Само мрежна картица ќе мораш ти. Имаш доволно хардвер, стави најосновна верзија. Чисто за проба.


Да знам дека морам јас мрежна, нели како би се поврзал на интернет инаку:D Најосновна верзија немам, имам две 7-ци ултимејт дома само... Ама ке пробам и тоа, ајде, па ке видиме што ке биде...
За вториов проблем , со лап топ-от некој совет, нешто ???
 
Да знам дека морам јас мрежна, нели како би се поврзал на интернет инаку:D Најосновна верзија немам, имам две 7-ци ултимејт дома само... Ама ке пробам и тоа, ајде, па ке видиме што ке биде...
За вториов проблем , со лап топ-от некој совет, нешто ???
Зависи. На некои конфигурации самиот windows инсталира драјвер за мрежната. Како и да е, пробај. А со Sony-во... Како знаеш дека hdmi портот е исправен? Во Device manager што ти дава, Event viewer? Можно е да е драјвер, а може и самиот порт да не работи. Да се надеваме дека е драјвер проблемот. Во DManager направи Uninstall на графичката. Ако те праша дали да брише и драјвер, кликни Yes. Симни го ова https://downloadcenter.intel.com/ Тука имаш едно што само проверува каков хардвер имаш и ќе ти инсталира драјвер. Обично windows генеричките драјвери вршат работа, но некогаш се јавува проблем поради нивна ограниченост. Sony како таков има ужас поддршка. Види кај нив кој е драјверот и само спореди (ако не те мрзи, пробај и со него :). Интеловиот би требало подобро да заврши работа (повеќе му верувам на производител, отколку на продавач). Ако ти даде дека сѐ е во ред по инсталацијата, да се поврзеш на TV оди по следен редослед: вклучен лаптоп, исклучен TB. Поврзи ги, вклучи TV, дали ауто или ти, намести на hdmi. И кај мене на Samsung правеше проблем. Ако се вклучени и двата, нема сигнал. Ако е исклучен TV, има.
 
Некој да продава матична плоча за лаптоп АСУС К52Де, или да знае кај можам да најдам?
 
Не се разбирам многу од компјутери па ако може некој поупатен да ми одговори на ова прашање.Компјутерот ми е малку постар и имам само по 30 гига место во С и D.Знам дека за да имам повеќе треба нов хард диск,па некој да каже колку е цената за 500 гига хард диск,каде може да купам,дали е лесно сам да го наместам или да го носам кај стручњак,дали ќе ми се избрише се ако го сменам...?? Поздрав :)
 
Помош истирурив кафе на лаптопот и си ебав мајката ...
Кога го упалив имаше црна слика и титкаше :(
 
Помош истирурив кафе на лаптопот и си ебав мајката ...
Кога го упалив имаше црна слика и титкаше :(
Си требaл веднaш дa гo исклучиш и извaдиш бaтеријa, дa гo oтвoриш и исчистиш, дa гo oстaвиш ден-двa дa се исуши пa дури тoгaш дa прoбaш дa гo вклучиш. Сегa е веќе дoцнa.

Sent from my LG-H815 using Tapatalk
 
Intel Core i3 2310M @ 2.10GHz Го имам овој процесор како да знам до која температура е нормално да работи сега е негде 45 степени...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom