Здраво компјутерџии ! ! !
Немам пишувано на форумов до сега, ама ете ми затреба помош и на мене...
Имам дома едно компјутерче, постаро е веќе, сега служи како заедничка инетернет/скенер/принтер станица која ја користиме сите... Конфигурација следна : AsRock 775Dual-VSTA, Intel Pentium IV 3.06 GHz, GeForce 7100 GS 256 MB, 2 GB DDR II... Е сега што се случува - снема слика, црн екран... Прво помислив дека е до мониторот, ама веднаш на него си излезе она " no signal " па знаев дека не е до него, а и си работи на друг пц... Го рестартирав и си има слика се додека не се подигне оперативниот систем ( на Windows XP работи ), после тоа пак ништо... Пак рестарт и ми се појавува " device driver stuck in infinite loop " ... Ништо, земав го форматирав, преинсталирав оперативен систем и се беше ОК додека се инсталираше и додека инсталирав драјвери за матичната... Кога инсталирав драјвери за графичката, нели бара рестарт, го рестарирам и додека се подигаше системот појави линии на екранот и кога се подигна - пак ништо, црн екран, нема сигнал... Рестарт и почнува да ми скенира хард дискови, ке заврши и пак ке каже тоа со драјверот и толку... Ме изнервира тогаш и го фрлив у ќош, па не земав да пробам со други, понови или постари драјвери за матичната... Што мислите вие, вреди да пробувам или да набавам друга графичка картичка...
Вториот проблем кој што го имам и ме нервира некое време е со лап топ... Се рабо за Sony Vaio лап топ и проблемот е во тоа што кога ке го преинсталирам оперативниот систем и ке ги инсталирам драјверите нели, HDMI портот не работи... Инаку има интегрирана Intel HD 3000 графичка... Драјверот е инсталиран, ама HDMI портот не работи... И ова ми се случува само со Sony Vaio, со ниеден друг лап топ од било која друга марка - НЕ... А никаде на интернет неможев да најдам дали има друг некој драјвер или било какво решение за проблемот...