Помош, проблеми, прашања, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Нема да имаш никакви проблеми едноставно ќе ти биде по спор. Добро е да правиш дефрагментација еднаш на 6 месеци или еднаш годишно.

Значи да напраам али ќе ми биде поспор? Не фала :D
 
Значи да напраам али ќе ми биде поспор? Не фала :D

лол ако направиш ќе ти биде побрз не поспор. Со дефрагментација едноставно ги редиш фајловите на дискот.
 
лол ако направиш ќе ти биде побрз не поспор. Со дефрагментација едноставно ги редиш фајловите на дискот.

Леле извини погрешно сфатив одговорот :D Разбрав..Ќе му напраам утре..
 
Немаат добро испеглан напон. Секако не би земал од МК, би го чекал 20 дена ама околу 500 ден би излегол. Не го знам кој е твојот модел.
Не знам точно, а и не можам да видам сега, пошто целиот ми е изврзан со изолир, за на некој начин да го држам кабелчето во добра позиција за да има контакт и да можам да работам инаку ништо :D Ама мислам дека излезната струја на мојот беше поголема, над 4 ампери
 
Здраво, во последно време лаптопот почна прилично силно да ми бучи.Ми рекоа дека тоа било така бидејќи често пати сум го ставала на креветот додека работам нешто на него.Може ли нешто да се направи?:unsure:
 
lol каква врска има тоа? Ваљда пун ти е со прашина. Издувај го:)
 
Здраво, во последно време лаптопот почна прилично силно да ми бучи.Ми рекоа дека тоа било така бидејќи често пати сум го ставала на креветот додека работам нешто на него.Може ли нешто да се направи?:unsure:
Никако на површина која го затнува долниот дел од лаптопот. Најдобро решение за да го ставаш на кревет е постоље со вентилатори, така ќе го разладуваат повеќе. Секој лаптоп после 6-7 месеци активна употреба треба да се отвори и исчисти.
 
Moze li mala pomos

Maticna:Foxconn 45GM / 45CM

RAM: 3GB

HDD: 320 - 160 GB zaedno 480 GB

Procesor:Intel pentium Dual CPU E2160 1.80 GHz

Sakam da zeam graficka:GTS 450 2GB

Potocno mi trebe za da mi fakja crysis 2 dali e mozno so taa graficka i ovoj procesor ili trebe i porcessorot da go pojacam ????
 
Како ви изгледаат температуриве и волтаживе ?

35kpy5v.jpg
 
Како ви изгледаат температуриве и волтаживе?
Мене ми изгледаат ОК температурите. Ако ти е десктоп можеби и може да бидат нешто поински, ама мислам дека не се високи. Еве кај мене на лаптоп што вика. Цел ден ми е вклучен, иако во idle.

HW_Monitor_5920G_02.08.2012.png

Кога играм нешто знае да качи и многу високо, графичката ми идела и скоро до 100 степена, али нема гајле.
 
Како ви изгледаат температуриве и волтаживе ?

35kpy5v.jpg
Нема шанси да се реални напоните што ги прикажува. Со овие напони компјутерот нема да работи.
Температурите изгледаат ок.
CPU фенот нема долго да ти трае со 6750 обртаи и повеќе прашина ќе лепи на хладњак а со тоа помалку ќе се лади..
 
Мене баш напониве ми паднаа чудни, температурите се консултирав со гугл, горе-доле океј се.

Ваљда поради нив по стартувањето на Виндоусот понекогаш ми замрзнува пц-во па морам да го рестартирам.:confused:
 
Нема шанси да наместо 12V да има 5,33V па уште и да работи. Не ги прикажува точно напоните сепак и на плочата има мерачи кои можат да даваат грешни податоци. Ако сакаш точно да ги измериш најдобро директно со унимер.
 
16jlhc5.jpg

Дали се во ред температуриве и волтажава ме интересира само да ми кажете дали се во ред или не.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom