Помош, проблеми, прашања, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Џабе, ќе треба да мењаваш платформа, ич не го бива процесорот. А напојувањето што марка е?
 
Дечки планирам да купам нов монитор во наредните денови, а нова конфигурација после некое време, сакам да прашам дали HD монитор од 22" (кој има VGA влез) ќе функционира на интегрирана графичка ? Благодарам.
 
Ќе функционира ако имаш на матичната VGA излез, и ако графичката поддржува (претпоставувам, бидејќи викаш 22 инчен HD) Full HD резолуција, што не би требало да претставува проблем и за нешто постарите серии на интегрирани графички.

И ако веќе не си купил монитор, земи Benq G2222HDL од Анхоч за 6500 ден., овој има и DVI порта и има еден од посолидните TN панели што можат да се најдат на нашиот пазар.
 
D-sub и VGA не се баш исти, D-sub се однесува на повеќе конекции со таков дизајн еве да го наречам, мислам дека D-sub DE9 се викаше VGA конекторот.
А што се однесува до мониторите, па штознам според мене се ептен слични, нити едниот нити другиот дизајн ми се свиѓаат, (башка glossy рамка :unsure:) панелите би требало да се слични да не речам исти, и двата имаат LED backlight (доста небитно кај ТН панели, само има намалена потрошувачка и појако осветлување, да не речам маркетиншки трик е ова кај лоу енд мониторите)... според мене со кој и да идеш нема згрешиш добри буџет варијанти се и двата монитора. :)

Само ако ти се слаби очите/имаш проблеми незнам колку би ти пријало 1080p на 21.5 инчен монитор.
 
Мене ми е битно да работи мониторот на моменталната конфигурација, не мора да е на највисока резолуција 1080p, ќе ја наместам на најсоодветна (ако сакаш да кажеш дека ќе се ситни буквите, иконките и.т..н. на таа резолуција).
 
дали неко може да ми каже или да ми даде некој клип како да поставам втор харддиск во компјутер бидејки немам баш многу време да барам по нет :)
 
дали неко може да ми каже или да ми даде некој клип како да поставам втор харддиск во компјутер бидејки немам баш многу време да барам по нет :)


Инаку можеш да ставиш уште 1 или 2 штрафови од другата страна
 
Инаку можеш да ставиш уште 1 или 2 штрафови од другата страна
добро ама мене повеке ме интересираше за тоа кој да биде главен а кој роб хард како се подесува тоа ама како што разгледав едниот треба да има џампер а другиот не :)
е сеа иам уште едно прашање првиот хард ми е ide а вториов е сата . на матичната има приклучок за сата па ме интересира дали ке може да се користат двата истовремено (тој иде како мастер , а сата како слејв)?
 
Па не кажа за каков хард диск станува збор :D
И можат да работат дисковите истовремено ,,тоа што го имаша сега ако е IDE a новото што ќе инсталираш е сата.SATA тогаш не треба ништо да чепкаш само стави го и ќе биде ок.
 
браќа..после форматирањето на стар компјутер немам глас на компјутерот..што проблем ке биде...картицата е Реалтек.
 
браќа..после форматирањето на стар компјутер немам глас на компјутерот..што проблем ке биде...картицата е Реалтек.
Немаш инсталирано драјвери, и види го модело на картицата, не е Реалтек.. :)
 
Во план ми е да земам нов компјутер, па сакам да чујам (видам :) ) ваше мислење. Се мислам помеѓу овие два модела овој и oвој, па ме интересира кој е подобар и поисплатлив во однос цена - перформанси, и исто така ме интересира дали има некој купувано од АМЦ и искуства од истото.

Фала.

П.С. Се надевам дека мислењево е напишано во права тема
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom