Нов момент, за иронија и хистерија.
Успеа да стартува софтверски без никаков проблем со единствено сменети места (слотови) на РАМ мемориите во куќиштето, друго се е исто како пред проблемите.
Само што стартува ОС, гледам дека не реагираат маусот и тастатурата. Проверувам конектори, добри се. Драјвери, тоа е тоа. Ама ништо од маусот и тастатурата.
Го исклучив компјутерот за да ги престестегнам убаво сите надворешни и внатрешни конектори, и кога го приклучив пак - назад на почеток.
Повторно проблемот "вклучи-исклучи" циклуси од околу 5 секунди по циклус.
Некој друг совет за ваквата ситуација? Се надевам дека не е, ама ми изгледа на проблем со плочата.