Помош, проблеми, прашања, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Исклучен компјутер го стартував, го стегнав копчето, доттука супер. Ама оттука, лошо.

Прв дел: се вклучи само хардверски т.е. сите елементи во куќиштето добија напојување, но по неколку секунди се исклучи. И без да допрам било што, повторно се вклучи и пак се исклучи.
Или сумирано, еднаш го притискам старт копчето и почнува циклуси на вклучи-исклучи при што еден циклус трае околу 5 секунди, а додека има напојување (тие секунди кога е вклучен) зелената и црвената ЛЕДи напред светат и се слуша едно бип.
Го расклопив до најмал дел и одев чекор по чекор во составувањето за да откријам во кој дел е проблемот. И тука доаѓа вториот момент.

Втор дел: проблемот "вклучи-исклучи" веќе го нема, ама сега се случува друго. Хардверски стартува и не исклучува и сите елемнти добиваат напојување, ама софтерски ништо. Притоа зелената ЛЕДа напред константно свети, црвената еднаш светнува по што се гаси и не се слуша звук (бип) од никој дел од куќиштето.
Пробав со комбинации на РАМ мемориите, ама исто е.
Некој совет што друго да пробам?
слика има ли? во БИОС се влегува?
 
слика има ли? во БИОС се влегува?
Не, на монитор нема апсолутно никаков излез/сигнал од куќиштето, дури ни она No Signal/No Input.
Ако ги превклучам конекторите за податоци и напојување во самиот монитор, ги има стандардните реакции (No Video Signal и сл), што значи мониторот е во ред, проблем има во куќиштето.

Тоа што ги нема оној бипбипбип звук и трепкањето на црвената ЛЕДа напред при стартување ОС, ми се најголем индикатор. Само веќе немам идеја за што. РАМ, ХДД, ЦПУ...?
 
пробај ресетирај биос - извади батерија од матична изклучи од штекер, задржи дугме за напојување на кратко. или има џампер на матична за ресет на биос, види во упатство
пробај без хдд приклучен, пробај без рам дали ќе добиеш титкање за грешка (ако има звучниче приклучено)
ако си во можност позајми напојување за проба
графичката е на матична/процесор или посебна графичка има? ако имаш посебна, а и на матична има графичка пробај на таа поврзи.
едно по едно елиминај.
 
Нов момент, за иронија и хистерија.
Успеа да стартува софтверски без никаков проблем со единствено сменети места (слотови) на РАМ мемориите во куќиштето, друго се е исто како пред проблемите.

Само што стартува ОС, гледам дека не реагираат маусот и тастатурата. Проверувам конектори, добри се. Драјвери, тоа е тоа. Ама ништо од маусот и тастатурата.

Го исклучив компјутерот за да ги престестегнам убаво сите надворешни и внатрешни конектори, и кога го приклучив пак - назад на почеток.
Повторно проблемот "вклучи-исклучи" циклуси од околу 5 секунди по циклус. :mad:

Некој друг совет за ваквата ситуација? Се надевам дека не е, ама ми изгледа на проблем со плочата.
 
проба само со една плочка рам? можно е да е проблемот или едната рам меморија или некој од слотевите за рам.
која матична ја имаш, колку слотеви за рам? пробувај една плочка во секој од слотевите, види дали ќе уклучи, после пробај со другата. најди кај е проблемот.
 
Ги пробав сите можни комбинации со РАМ мемориите, и нема разлика, уште сум на "вклучи-исклучи". Исто и со другите компоненти.
Тоа батеријата што ја спомна , пробував, ама никако да се извади. Има некоја посебна финта?

Ново што забележав при вклучување, од притиснување на копчето до стартување на хардверот поминуваат 2-3 секунди. Тоа не беше случај претходно, нормално при пуштање хардверот веднаш добиваше напојување и стартуваше.
Друго исто ново, при циклусите "вклучи-исклучи", следното вклучување по исклучување е точно во моментот кога ќе престане да работи вентилаторчето над процесорот.

После се ова, ми изгледа како проблем со матичната плоча, напојувањето или вентилаторот над процесорот.

Инаку постара конфигурација е, оваа е плочата.
https://www.msi.com/Motherboard/X48C_Platinum.html#hero-overview
 
Малку помош околу штампач Епсон.
Имам Епсон SX425W ми појави Е10, најверојатно програмот падна-епром.
Пораката е да се јавам до Епсон фирмата.
Чаре?
 
е па арно ти вика, јави се до Епсон фирмата.

error e-10 ink pads need service
ресетирај го со овој програм, да не ти дава грешка
http://www.page-net.com/frame/pages/Epson printer resetting.htm
 
Последно уредено:

Ќ пробам но мислам дека бев регистриран а се појави откако направив дваесетинапатиклининг. Се блокира иси Е.М. Се распрашав нешто околу некој програм било но не го препознава на com. а одсекогаш си работеше Wireless. Знам за едно канта не му бега уше малку нервоза ми треба.
Сепак ќе пробам и благодарам за совет.[DOUBLEPOST=1464569833][/DOUBLEPOST]

Сепак ќе пробам и благодарам за совет.
Да напоменам дека имам вградено отпосле (веќе 5-6години) CISS систем.
 
Доколку го сместам стариот хард диск на нова конфигурација дали ќе можам да го подигнам веднаш виндоусот со старите податоци или ќе морам да го преинсталирам? Се работи за Windows 7.
 
Веќе подолго време имам проблем со компјутерот. Се исклучува самиот од себе - целосно. Се гаси при игри, на интернет, при инсталација на софтвер... Проблемот не е софтверски пошто преинсталиран е милион пати. Беше однесен на сервис скоро една недела и мајсторите не можат да најдат што е проблемот. Му сменивме напојување, нови кулери и пак исто. Дали постои некој начин на кој самиот можам да проверам дали процесорот и матичната плоча се ОК или не - пошто јас се сомневам дека процесорот не е во ред. А мајсторот ми вели да пробаме со нова матична плоча???? Значи сето е проба??? Ве молам за помош!
 
најверојатно да. windows ќе си инсталира нови драјвери што треба и ќе работи. најдобро пред да преместиш диск, избриши драјвери и изгаси го компјутерот.

Веќе подолго време имам проблем со компјутерот. Се исклучува самиот од себе - целосно. Се гаси при игри, на интернет, при инсталација на софтвер... Проблемот не е софтверски пошто преинсталиран е милион пати. Беше однесен на сервис скоро една недела и мајсторите не можат да најдат што е проблемот. Му сменивме напојување, нови кулери и пак исто. Дали постои некој начин на кој самиот можам да проверам дали процесорот и матичната плоча се ОК или не - пошто јас се сомневам дека процесорот не е во ред. А мајсторот ми вели да пробаме со нова матична плоча???? Значи сето е проба??? Ве молам за помош!
напојување, матична, прегревање може да биде. Што матична е, можеби кондезатори има расипано. И какви мајстори се тие што не може да пронајдат дефект. Пробај друг сервис.
 
Само да известам среден е проблемот со Е10 за епсонот, 500 ден клучот и крај
Будалаштина отштампани Амди Бајрам работа 100,28% од предвидени литови.
Доста штампање, сега ура од ново.
Значи потребен е соодветен програм за ресет на каунтерот и клуч.[DOUBLEPOST=1465206384][/DOUBLEPOST]
Ќ пробам но мислам дека бев регистриран а се појави откако направив дваесетинапатиклининг. Се блокира иси Е.М. Се распрашав нешто околу некој програм било но не го препознава на com. а одсекогаш си работеше Wireless. Знам за едно канта не му бега уше малку нервоза ми треба.
Сепак ќе пробам и благодарам за совет.[DOUBLEPOST=1464569833][/DOUBLEPOST]
Ќ пробам но мислам дека бев регистриран а се појави откако направив дваесетинапатиклининг. Се блокира иси Е.М. Се распрашав нешто околу некој програм било но не го препознава на com. а одсекогаш си работеше Wireless. Знам за едно канта не му бега уше малку нервоза ми треба.
Сепак ќе пробам и благодарам за совет.
Да напоменам дека имам вградено отпосле (веќе 5-6години) CISS систем.

Само да известам среден е проблемот со Е10 за епсонот, 500 ден клучот и крај
Будалаштина отштампани Амди Бајрам работа 100,28% од предвидени литови.
Доста штампање, сега ура од ново.
Значи потребен е соодветен програм за ресет на каунтерот и клуч.
 
Синоќа додека си работев на лаптопот ми се појави како точки на екранот и после 2 секунди се исклучи екранот и почна да зуе од звучникот , го исклучив па после тоа кога го уклучував не се уклучуваше екранот , пробав со друг монитор не сакаше ни така а кога го стартувам се уклучува па после 1 секунда како на стенд бај е не работи перката и после некое време ќе проработи . читав дека може да е до хдд ама хдд не е сихурно дека го пробав на друг работеше. Кабелот од екранот е ок не е ништо скинато..
Се си мислам дека е матичната...
 
Последно уредено:
Си земав тастатура за таблетот, ама не можам никако да наместам кирилица на неа. Од јазици (со кирилично писмо) има понудено само Бугарски, ама кога ќе го уклучам сите букви се испомешани (П е на Л и слично). Пробав со некои апликации од play store, но тие ми нудат јазици што веќе ги имам. Има некаква шанса да се среди? Инаку таблетот е Samsung Galaxy Tab 4.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom