Помош, проблеми, прашања, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Мониторот ме зеза последниве денови. Кога ќе го упалам компјутерот, мониторот не се пали одма како што треба, туку сијаличката за power трепка (наместо да свети) и мониторот се пали после минута негде, откако веќе ќе се подигне Windows и ќе се уклучи скенерот кој црпи струја преку USB. Дали е можно да цркнува мониторот или до нешто друго е, на пример графичката или напојувањето? Или па проблемот не е воопшто хардверски?

Освен проблемот кој го опишав, си работи нормално.

Се работи за LG Flatron L2000CE 20'', стар 8 и пол години.
 
Официјалното што е за Голиат не знам кој модел е... еве слика ако можеш да видиш..
Го знам куќиштево, имам склопено доста конфигурации со него, истото го водеа како Matrix (Sama) NR-04 модел.

Однеси го нека ти монтираат 3 вентилатори од 12цм, напред, од страна и позади.
 
Правилно ли поврзав се и што друго ми фали освен цд ромот?

SAM_3523.JPG
 
Најдобро според прирачникот води се, тешко од сликава да се каже иако вака лично не гледам нешто да фали. Графичката претпоставувам е таква да само од матичната црпи моќ па не и требаат PCIe конектори.
 
Фала!

Средив и работам од него моментално. Сѐ е океј, освен што немам звук, а го поврзав како што пишува во упатството. Кога пуштам музика, покажува дека свири на она каде што се попушта звукот, а звук нема. Знае некој што би можел да биде ппроблемот?

Едит: Најдов, Можно е да не е добро приклучено, или до драјверот е? Пишува дека е инсталирана последната верзија, ама не функционира.
Namnlös.jpg
 
Фала!

Средив и работам од него моментално. Сѐ е океј, освен што немам звук, а го поврзав како што пишува во упатството. Кога пуштам музика, покажува дека свири на она каде што се попушта звукот, а звук нема. Знае некој што би можел да биде ппроблемот?

Сигурно не е до драјверите? Во Control Panel > Sound чепкаше нешто, пробуваше? Види што Audio опции имаш и во BIOS-от.

А на сите jack-ови немаш звук, и предни и задни?
 
Дечки, компјутерот ми се исклучува сам. Го уклучвам и по 3 мин пак се исклучва. Кој дел е дефект?
И ја приметив температурата ко го уклучвав по втор пат беше 104.
 
Последно уредено:
Дечки, компјутерот ми се исклучува сам. Го уклучвам и по 3 мин пак се исклучва. Кој дел е дефект?
И ја приметив температурата ко го уклучвав по втор пат беше 104.
Не го вклучувај, треба да се исчисти кулерот на процесорот штом температурата е 104 степени.
 
Дечки ај да прашам тука пред да го носам кај мајстори кои удираат легален рекет :D Вака, упалив тостер кој што беше стар којзнае колку време и се деси спој, падна осигурач, ја средив струјата. Отиднав после кај компјутеров гледам се изгасил. Го вклучив и само стигнува до она звукот пред да се упали мониторот и повторно се рестартира и постојано така до недоглед.. можно ли е напојувањето нешто да се сјебало и ако да, колку би чинело тоа. Фала ви ^_^
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom