Помош, проблеми, прашања, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво, пред сѐ немам којзнае какво големо познавање за компјутери па се решив да побарам совет тука. Имам графичка GeForce 9800GT која има VGA и DVI приклучоци. Мониторот ми е поврзан на VGA и сега сакам и телевизорот да го поврзам на компјутерот исто со VGA кабел и истовремено да имам слика и на мониторот и на телевизорот. Е сега прашањето ми е, што е најпаметно да користам VGA сплитер или DVI to VGA адаптер? И дали вака би се вршело некое оптеретување на графичката? Фала однапред на советот. :)
Ќе си купиш DVI-HDMI кабел за во телевизорот,
3670_4927_5f765905b9cc04c530db0e438ccea23a.jpg

така што ќе имаш почиста слика на телевизорот, а мониторот нека ти остане поврзан со VGA-VGA. Кога сакаш да гледаш филм или играш игра на тв, тогаш исклучи го мониторот и нема да имаш никакво оптеретување.
 
Здраво.
Само кога играм било каква игра. Ми засецнува на интервал од 3секунди, не запира. Сменив нови драјвери на графичка ( стари нови ) Го исчистив ком. Го форматирав .... се и сешто. И пак не бива. сецка... 3 секунди е таман па пак сецка и така натака.
- Помош ???
VGA GTX650 1GB DDR5
 
Здраво.
Имам матична ASRock P45TS .... пробувам на инсталирам Windows xp i 7, не бива ми дава грешка 0x80070570. Одам во биос, ама неможам да најдам опција за инсталација ( Win7 ) само 8.1 ја бидуе.
6.-Error-code-0x80070570.jpg

Помош ???
 
Имам еден постар модел (2008ма земен) на Тошиба лаптоп каде полначот му е на самиот крај (поврзувањето кај ПСто е прецвикано). Зедов пред нешто помалку од година универзален полнач но рокот на траење испадна краток пак со истиот проблем - се прецвика поврзувањето баш кај местото за поврзување.
Некој да не знае каде има резервни делови или некој оригинален полнач кој ќе ме поштеди од проблемиве да мењам полнач на секоја година?
 
Не можам да ти помогнам со тоа, ама ако лаптопот го постојано го користиш на кабел - можам да те посоветувам следниот РС да го одбереш класичен десктоп (напонските кабли не им се заебуваат така лесно)... ;)
 
Ми спомнаа дека демек хард дисков можам да го користам за складирање на податоци како екстерен via usb.
Може? Јас капајца сум за овие работи :)
 
Ако може еден совет... купив голиат од Анхоч денеска, еве ја конфигурацијата:

- i5 4690 3.5ghz
- sapphire r9 290 tri x
- 8gb ram ddr3
- cooler master 750w
- 1TB HDD

Ја пуштив ГТА 5 10 минути играв кога го допрев куќиштето беше врело од горе и од страните, исто така и доста бучно. На 2-3 пати и ми засецка. Дали е ова нормално или треба нешто не е во ред...
 
Само што купив еден усб-усб кабел, ми треба за да префрлам податоци од лаптоп на лаптоп, но кога ги поврзувам лаптопите не ми излегува ништо. Се работи за ZT050 кабел (ми го дадоа без цд со драјвер или инструкции).
Помош малку како да ги поврзам?
 
Симни го ова http://openhardwaremonitor.org/, преку таа програма можеш да ги следиш сите температури.. cpu, gpu,mb
или инсталирај http://gaming.msi.com/features/afterburner MSI/AB преку ова можеш да ги следиш температурите за време на играењето, имаш опција да наместиш панел за статистика... R9 290x испушта многу топлина, особено ако е референтна и многу е бучна, провери дали имаш вентилатори за извлекување на топлитот воздух од кукиштето, ако има а веројатно има, намести ги да вртат побрзо... ако незнаеш ништо од ова да инсталираш и подесиш .. побарај помош :)[DOUBLEPOST=1430852113][/DOUBLEPOST]

Префрли ги преку Wi-Fi, не ти треба таков кабел...
 
@Dwayne Johnson
Ти треба чинч-банана аудио кабел. Прашај во било која продавница за такви работи.

А тие „жичките„ што ги гледаш - остави ги на мира, тоа се кабли за звучниците. ;)
 
Симни го ова http://openhardwaremonitor.org/, преку таа програма можеш да ги следиш сите температури.. cpu, gpu,mb
или инсталирај http://gaming.msi.com/features/afterburner MSI/AB преку ова можеш да ги следиш температурите за време на играењето, имаш опција да наместиш панел за статистика... R9 290x испушта многу топлина, особено ако е референтна и многу е бучна, провери дали имаш вентилатори за извлекување на топлитот воздух од кукиштето, ако има а веројатно има, намести ги да вртат побрзо... ако незнаеш ништо од ова да инсталираш и подесиш .. побарај помош :)[DOUBLEPOST=1430852113][/DOUBLEPOST]
Префрли ги преку Wi-Fi, не ти треба таков кабел...

Немало дополнителни кулери внатре ставено, 300 денари бил еден јас треба 2 да ставам.. После тоа нема да загрева барем така ми рекоа :D
 
Немало дополнителни кулери внатре ставено, 300 денари бил еден јас треба 2 да ставам.. После тоа нема да загрева барем така ми рекоа :D
А какво куќиште имаш?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom