Помош, проблеми, прашања, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Кајганџии, лаптопот го уклучувам и не ми дава никаква слика на мониторот, а светнуваат сите диодички за батерија, wifi, caps lock, врти вентилаторот.. Го поврзав со друг компјутер преку скарт кабел мислејќи дека е до мониторот но и така не даде слика. Чаре има или да го носам на сервис? Ако е од некоја помош, моделот е hp 635.
Веројатно е Процесор/рам проблемот. Однеси го на сервис нека го проверат, немој да го чепкаш сам ако немаш правено до сега.
 
Здраво,
последниве денови ми се појавуваат црвени или плави точки на екранот при скролање.
Пробав со реинстал на графичката, драјвери нема абер. Кабли сменив, исто.
Решение некое?
 
Смени графичка.
 
Zdravo momci i devojki u plan sum da kupuvam nov laptop pa gledav razlicni i ovaj mi fati oko, nekoj komentar, sovet okolu nego, vredi li, dobar li e?
98ac056528a16c097c14cf62ca8bdad8.jpg
 
Дали тие што имаат додавано РАМ на лаптоп имаат осетено подборување на работата, поголема брзина итн...Имам 4 ГБ ама некако осеќам на моменти спорост. Дали да му бапнам уште 2 гига и дали тоа можам да го направам сам или мора да го носам од кај што е купен пошто уште подлежи на гаранција?
 
Зависи од што ти е “бавен“ лаптопот, можеби е до процесор, хард диск, РАМ.... ако имаш 32 битен виндовс, тој не може да прочита 4 гига РАМ, макар имал и 32 гига во компјутер ќе чита само околу 3,5, толку му е можноста на адресирање, за да гледа 4 и повеќе РАМ, треба да имаш 64 битен виндовс, ако имаш само 4 гига, нема да видиш некоја разлика меѓу 32 и 64 битен виндовс, поентата е што иако 32 битен гледа помалку рам, тој и користи помалку рам, додека 64 битниот при самата работа ќе користи и до 50% повеќе рам од колку 32 битен па на крај ти излегува на исто, значи ако ставаш 64 битен виндовс, гледај да имаш барем 8 гига рам, за да се искористи цела сила н а64 бита, мораш да имаш и 64 битен софтвер, џабе ти е ако имаш 32 битен фотошоп, офис....
Да не должам, прво види кое ти е “тесното“ грло, дали процесор дали рам, а за надоградба најдобро во сервис ако сам не се разбираш и не знаеш колку и дали имаш слободно место во лаптопот за надоградба, за почеток еве напиши што конфигурација имаш и кој оперативен систем па да видиме...
 
Абе јас горе долу се разбирам во овие работи, не сум од вчера ;) Сакав само да видам искуства на другите. Значи имам:

ASUS X 550 VB
CPU: Core i3 3110M
RAM: 4 GB DDR3 1600 Mhz
HDD: standarden, valjda sata2 na 5400 rpm 750 GB

Од секогаш сум користел 64-битен windows 7, а од софтвер најмногу користам Фотошоп и Илустратор, ги имам и 32 и 64-битни верзии, чат-пат ги користам и двете.

Процесорот е тој, нема тука чепкање, она во што можам да интервенирам е рамот. 1200 ден е една плочка од 2 ГБ во Анхоч.
 
Oбично се оди на подеднакво зголемување, на пример 4+4ГБ тоа е ако имаш слободно место во лаптопот можеби има 2 слота и двата се зафатени со по 2 ГБ....
 
Ако не се лажам има 2 гига фиксни фабрички, на плочата и една плочка од 2 гига. Макс. поддржано мислам дека е 8 гига. Треба да проверам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom