Помош, проблеми, прашања, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Провери го хард дискот со hdtune во каква состојба е, дали има бед сектори и слично...

барај пак на гугл како да исклучиш автоматски рестарт при грешка и така ќе можеш да прочиташ и сликаш и да пуштиш една слика да видиме до што е.

најдов нешто ама треба да идам во контрол панел ама неможе да се подигне виндосот за да дојдам до таму
 
на пцто излдена blue screen of death има како што разбрав на гугл барав, ке почне да се бутира виндосвот (хп) и се појавува плавата слика нешто пишува и одма почнува да се рестартира нема време да се прочита што пишува и после ми дава вотриот пат да бирам со сејф мод или нормално дали да се упали аа нејке ни со сејф мод.... може нешто да се направи или реинстал на виндоссто
Може да видиш барем кој BSOD код ти го дава? Види ако успееш да го прочиташ ќе знаеш одприлика што ти е фрката.
 
Пред неколку месеци купив лаптоп од АМЦ, во каталогот пишуваше дека има и блутут но јас никако не можам да најдам каде се уклучува и дали воопшто постои. Како да проверам дали воопшто има и дали можам да се жалам ако нема?
 
Земав графичка ATI RADEON HD 5750,температурата на графичката кога не гејмам е 36С а кога гејмам е од 52 до 55 и многу бучи кулерот што ме нервира,е сеа прашувам дали е оваа температура нормална или треба да бидам загрижен,фала однапред :)
 
Температурите се во ред, а бучењето е релативно. Пробај да ги намалиш обртаите, ама види како се одразува на температурите.
 
Обртаите да ги намалам со msi afterburner на fan control ?
Ако да,сега моментално ми е на 40,на колку е безопасно да намалам и која е најголемата безопасна температура :)
 
Дечки се наога ли IDE хард диск од 80 гб па нагоре за лаптоп и ако се наога што цена се движат?И уште едно прашање имам на поклон HP Compaq Mini мало лаптопче од тие EePc што се и има Win 7 на него и сакам да му ставам ХР ама незнам точно кој модел е бидејки одоздола излижани се сите ливчиња со информации а на интернет има поставено една слика за повеќе (слични најверојатно) модели.Има ли можност да дознаам кој модел е преку интернет нешто?
 
Значи вака: имам процесор амд атлон x2 5400+, матична Foxconn A6VMX, со ддр2 рам. Ми прегоре еден од слотовите за рамот, па сега компјутерот работи само со 2 гб рам, што не ни е доволно. Што би било решението? Нова матична? Или се мислиме за комплетно нови процесор и матична со ддр3 рам (имам 2x4гб ддр3 рам и онака). Дали е изводливо, и ако е, какви процесор и матична треба да барам (половни по можност, севкупно до кај 4-5000 да ме коштаат). Благодарам за помошта
 
Процесор 2400денара
Матична плоча 2400денара Овој модел ти е таа матична јас скоро ја земав.
Рам меморија 1100денара
Моментално ова е најдобро и најевтино што можеш да земеш ем се ти е ново и со гаранција се вкупно 5900денара матичната има излез и за интегрирана графичка така да ако немаш посеба не е проблем.
 
usb disk 30x usb device

неможам ни формат ни бутур да го средам усб има некое чаре или во канта да го фрлам ?
 
Значи вака: имам процесор амд атлон x2 5400+, матична Foxconn A6VMX, со ддр2 рам. Ми прегоре еден од слотовите за рамот, па сега компјутерот работи само со 2 гб рам, што не ни е доволно. Што би било решението? Нова матична? Или се мислиме за комплетно нови процесор и матична со ддр3 рам (имам 2x4гб ддр3 рам и онака). Дали е изводливо, и ако е, какви процесор и матична треба да барам (половни по можност, севкупно до кај 4-5000 да ме коштаат). Благодарам за помошта

Мала исправка не сум прочитал добро дека више имаш 8гб ддр3 рам така да за 4800денара имаш добри процесор и матична на ново.
 
Може некој да ми каже што процесори ми подржува матичнава не се разбирам многу у електроника ...

Abit GD8 Pro Designed for Intel P4-05A LGA775 processors with 800/533 MHz FSB

Сакам да и стаам било каков процесор, само да е поефтин зашто не мислам да лупам пари, туку само да склопам компјутер некаков, инаку имам intel core 2 quad 2.50ghz 4m 1333 mhz fsb, и не ми го прима, го продавам или го менувам за нешто компатибилно..

фала на препоруките, однапред.
 
Ова ти подржува,значи само Celeron D и Pentium 4.
 
Процесор 2400денара
Матична плоча 2400денара Овој модел ти е таа матична јас скоро ја земав.
Рам меморија 1100денара
Моментално ова е најдобро и најевтино што можеш да земеш ем се ти е ново и со гаранција се вкупно 5900денара матичната има излез и за интегрирана графичка така да ако немаш посеба не е проблем.
А мислиш дека процесоров би бил доволно добар за некои не многу побарувачки игри, како Дота 2 и тн. Имам графичка ати 4850, не е лоша за средни игри. И искрено, незнам дали и колку е подобар новиов процесор од стариот атлон, само што е понов.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom