Помош, проблеми, прашања, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Баш чувањето во струја го скратува животниот век на батеријата.
Треба редовно да ја празниш до крај (додека не ти светне да побара да го вклучиш компјутерот во струја) и да ја оставиш да се наполни целосно.
Ако го користиш цело време вклучен во струја, треба да ја извадиш батеријата (ако и онака не го вадиш кабелот) и на секои месец-два да ја ставиш батеријата да се испразни/наполни.
Земи си нова батерија и внимавај како ја користиш и внимавај на циклусот, за оваа нема врска што е само година дена, кога не се запазува циклусот на празнење/полнење се скратува траењето на батеријата и добро е и што ти држи 40 минути, знае да падне и до неколку минути да држи само.
Проблемот во почетокот беше што не знаев што е исправно, да ја празнам па да ја полнам или да ми стои во струја додека работам на него.
Не го користам нонстоп на струја, ја користам и батеријата па не можам да ја вадам и ставам нонстоп, тоа е проблемот.
Океј, фала многу, сеа ќе треба да си барам батерија и ќе ја пазам, зашто ова 40 минути е претерано малку, дури и се гасне скроз без хибернејт тоа е најиритирачки.
 
дечки случајно нешто чепкав на еверест па налетав на нешто ама не знам дали треба така да биде или претставува проблем..
napon.jpg

еве за што се работи, сликава е од делот кај напоните од лево што ги пишува се тие напони што треба да бидат а од десно другите кои јас ги добивам на компјутеров... е сеа кај напоните под cpu јадротото глеам тој пишува +3,31 си е ок и вредноста му е таа а кај другиот што треба +2,5 V има пад на 1,84 V... тоа така треба да биде или има некој проблем компјутеров со напојувањето...?
 
Ако не го клокаш не вреди, ако го вреди и тоа како од поглед на перформанси, е сега колку разлика ќе ти прави у игри тоа зависи од сетингот на сама игра и од тоа која игра е. Некои не барат јак процесор, некои имаат големо побарување од тој поглед итн. Кои игри ги играш?

П.С. Не би инвестирал во LGA775 платформа, на изумирање е тој чиспет.
 
Ве молам за совет,знам дека од АМЦ не се зема ништо,ама дали тоа важи и за лаптопи?
Нели DELL е DELL , или сум стар и наивен?
 
дали може да го поврзам лап топот со телевизорот, без никаква дополнителна оперма?..мислам само со кабел, од лаптопот излегува VGA, а за влез во телевизорот е S
 
Сакам да земам нов Лап Топ , па ако може некој совет да дадете од каде да земам , што марка и т.н :) ( цена 600-700 Е ) ..
 
Сакам да земам нов Лап Топ , па ако може некој совет да дадете од каде да земам , што марка и т.н :) ( цена 600-700 Е ) ..

јас би ти предложил да го видеш ASUS K50I, го имам овој лап топ и сум препрезадоволен, за разлика од 90% од другите лаптопи загрева дупло помалку, цената моментално мислам едка е 32000 до 33000 ден. во АМЦ
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom