Некаде на форумов прочитав еден коментар дека диск од 320ГБ бил навистина многу мал, па ме интересира со колкави дискови работат во НАСА за еден циклус за лансирање на едно летало и враќање на Шатл на земјата?(сигурно и помалку од 1/3 за сите пресметки на патеките на леталата)
За што се употребуваат овие мали дискови за домашна употреба па се така мали?
Ако се снимаат филмови со ХД резолуција на камкордери на диск од 60ГБ останува запис од околу 20 часа па и повеќе, тогаш колку простор на овие многу мали дискови треба за игри, филмови, музика и фотографии, па треба да се земаат дискови од 1 ТБ, па дури и да се стават 2 такви во еден ПЦ.
Поздрав на младите компјутерџии кои не знаат што бил диск од 40 МБ (мега) на кој што имало оперативен систем, графички програми, игри и простор за складирање на податоци.