Помош при м-р од областа на финансиите

  • Креатор на темата Креатор на темата Bavarec
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Не бев сигурен дали да ја отворам темава тука или во образование ама сепак мислам дека тука ќе може да добијам повеќе фидбек (сепак малку поконкретни и специфични ми се прашањата за кои ми треба помош).

Значи изработувам м-р труд од областа на финансиски менаџмент со фокус на изворите на финансирање и само што завршив со полесниот теоретски дел. Е сега следува истражувањето кое ќе е малку потрудно по се изгледа бидејќи кај нас ретко кој се „замара“ со работи кои на запад се „добро утро“ па за да дојдам до потребните инфо ќе ми треба малку повеќе интелектуален... и копачки... напор... Задачата ми е да пресметам WACC на компании кои котираат на нашата берза и да ги анализирам резултатите во обид да најдам корелација помеѓу WACC -от и некои други финансиски показатели.

Прашањата ми се однесуваат токму на пресметката поединечните елементи WACC -от:

1) Долг

1.а) Цена на долгот - корпоративни обрзници кај нас аш па само банкарски кредите и нивните каматни стапки ми остануваат. Е сега - правилно би било да се земат во предвид сегашните, актуелни, пазарни, каматни стапки и тоа и ќе го направам (бар тоа не е проблем).

Затоа што ме интересира цената на долгот после оданочување и бидејќи имаме рамен данок на добивка од 10% и да се одбие оваа ставка е лесно. И толку од „лесното“.

1.б) Пондер на долгот - што правам сега? Која е пазарната вредност на еден банкарски кредит? Најдов дека обично едноставно се зема сметководствената вредност на овој вид долг во праска ама никако не ми држи вода со сегашните каматни стапки. Кредитен рејтинг кај нас исто аш па од каде да знам дали компанијата е исто ризична денес како и кога го земала кредитот? Идеи?

2) Сопствен капитал

2.а) Цена на СК - САРМ е убедливо најприменуван модел за вреднување на СК па планирам да го употребам и јас. Арно ама најдов модифицирани верзии кои на овој модел додаваат и "Country Riski" и "Sector Risk". Да ја модификувам со овие две или сепак не основната формула? Мислам дека ризикот на земјата веќе е инкорпориран во безризичната стапка на принос па не знам дали е неопходен како посебен елемент а вториов ризик ми е некако паушален не знам како би го проценил.

Освен тоа:

2.а.1) Безризична стапка на принос - ова е обично стапката на принос до достасување на државните обврзници. Бидејќи анализата ќе ја правам наназад 3 години ми треба од прилика државна обврзница со ист рок на достасување. Е сега проблемот е што нашиот пазар е толку ликвиден колку што е па не знам колку она што ќе го пресметам ќе биде реално... Идеи?

2.а.2) бета коефициент - тука почнува журката. Знае ли некој некаде ова да се пресметува кај нас? Ако не тогаш топ, ќе морам јас за што ќе ми требаат инфо за движењето на цените на акциите во последните 3 години

2.а.3) пазарната стапка на принос - ај сеа... МБИ10 или МБИД? Да напоменам - банки нема да анализирам а во МБИ10 се содржани мислам 3 банки...

2.б) Пондер на СК - едноставно бројот на акции во оптек помножен со пазарната цена на акцијата на тој ден. И ова е лесно.

Благодарен би бил за секаква помош (идеи, извори, ватевер...).

П.С: Сакав сам да си пишувам м-р: епа ете ми :D
 
1. Сакаш некој да ти изработи труд, и утре ти со тој труд да бидеш м-р...?
2. Насловот на темата на трудот не ти е напишана.
3. МБИ10 и јавен долг во иста тема не иде. :D
2.а.3) пазарната стапка на принос - ај сеа... МБИ10 или МБИД? Да напоменам - банки нема да анализирам а во МБИ10 се содржани мислам 3 банки...
Сакав сам да си пишувам м-р: епа ете ми :D
Прво заслужи, па после биди.

п.с. Извини, ништо лично.
 
1. Сакаш некој да ти изработи труд, и утре ти со тој труд да бидеш м-р...?
2. Насловот на темата на трудот не ти е напишана.
3. МБИ10 и јавен долг во иста тема не иде. :D

Прво заслужи, па после биди.

п.с. Извини, ништо лично.

1) не, мислам ми ја утна поентата.

2) не е релевантно - помош и мислења при пресметка на вакот ми се потребни

3) кај виде јавен долг?

4) апсолутно точно, така е и нема ништо лично тука :)
 
1) не, мислам ми ја утна поентата.

2) не е релевантно - помош и мислења при пресметка на вакот ми се потребни

3) кај виде јавен долг?

4) апсолутно точно, така е и нема ништо лично тука :)
Грешка у читање, извини. Помислив дека ги имаш во темата и јавните долгови.
Со лесно нека е.
 
Се надевам оние кој често трубат за економската политика во земјава, инвестициите и прогресот на земјава ќе може да ти помогнат. Мое е само да ти ги споменам, а ти обрати им се: Цитро, Избраниот, Македонцки, Џонсон, Out Of Reality, Kultuzin, arheolog, ЧентоМак.
Се надевам ти бев од помош :)
 
Сите до еден ВМРОВЦИ, коинциденција ?

он:
Ќе станеш магистер, а бараш помош на форум браво друже на Македонија и требаат вакви кадри ко тебе.
 
Се надевам оние кој често трубат за економската политика во земјава, инвестициите и прогресот на земјава ќе може да ти помогнат. Мое е само да ти ги споменам, а ти обрати им се: Цитро, Избраниот, Македонцки, Џонсон, Out Of Reality, Kultuzin, arheolog, ЧентоМак.
Се надевам ти бев од помош :)

Па ти џабе ли го имаш завршено тоа факултетот ,или за украс ти стои
 
он:
Ќе станеш магистер, а бараш помош на форум браво друже на Македонија и требаат вакви кадри ко тебе.

Your point being дека на форумов се е рекла-казала и чаршиски муабет?

Не знам што сакаше да кажеш, јас барам ако има некој идеја да развие дискусија па да видиме кон што ќе се движи или пак да ме упати кон некои ресурси кои ги немам откриено. Да пресметувам сам се не е „забавно“ па жива глупост би било да го правам тоа ако веќе некој го има правено. Ако го нема - јбг ќе засукам ракави и се фаќам на копачка работа (буљање биланси, правење табели со формули, префрлање податоци во ексел и сл.)

А ако е толку страшно што прашав се извинувам. А ако немаш што да придонесеш со корисен одговор можеш и да си поминеш покрај темата без да коментираш. И не гледам некаде некој да вмеша партии (колку и да е тешко ова кај на)
 
Хахаха, абе ти сериозен си бил. Не ти е срам што пишуваш.
Утре ќе станеш магистер и божепази може и професор и ти ќе му предаваш на детето мое, а научна фантастика ти е магистерска да спремиш.

Разбирам дете од средно да бара помош за писмена, не разбирам некој да бара помош за дипломска, ама за магистерска да бара помош и тоа на форум треба да се засрами.
--- надополнето: Nov 3, 2011 1:10 AM ---
Па ти џабе ли го имаш завршено тоа факултетот ,или за украс ти стои

Па сигурно не и е за да пишува магистерски по форуми :tapp:
 
Момакот не побара да му ја напише некој. Побара идеи, се консултира.
Најголемите трудови можат да излезат од обичен, врзан или неврзан муабет која има малку допирни точки со нешто кое сакаш да го обработиш. Едноставно, се нафатил да пишува и чувствува притисок.
Не гледам ништо лошо во тоа да побара помош. Можеби некој има некаква литература која може да му ја понуди.
Дури и да гледам нешто лошо тука, не е мое да му солам памет.
 
Па помогни му, дај му идеја пошто го разбираш.

Јас само му кажувам да не губи време и да почне со пишување зошто овде не верувам дека некој ќе му помогне.
Ако некој што е магистер не знае кај да најде литература не знам како ние би му помогнале.
 
Па ти џабе ли го имаш завршено тоа факултетот ,или за украс ти стои

Не бе кај се разбирам јас од економија. Кога ќе ве прашаат конкретни прашања сите прц и во бестрага, ако еден од погоре споменатите кој цел ден кажуваат економски вести знае еден податокот што го интересира момакот јас ќе си пукнам во колено.
Патем дечкото бара идеи за истражување и вид на анализа која може да му биде од помош. Па и така цел ден гњавите како сме економски најјаки во цел Балкан, па повелете помогнете му.
 
Не бев сигурен дали да ја отворам темава ...

Јас од друга страна пак не бев сигурен дали да ти реплицирам. Не, неможам никако да ти помогнам, едноставно за разлика од неколку претходни коментари сакам да ти дадам поддршка за пристапот.
Претпочитам дискусија, размена на идеи и искуства и сл. за разлика од едноставно преведување или препишување на нечив труд. Форумот некои го доживуваат како алатка за ширење на сеири, некои како алатка за ширење на знаење. Се надевам дека ќе бидеш во вториве иако од лично искуство знам дека македонците се многу стиснати кога треба да го споделат своето знаење.
... со среќа, па да видиме затворена тема потпишана со м-р ххх ххх
 
Хахаха, абе ти сериозен си бил. Не ти е срам што пишуваш.
Утре ќе станеш магистер и божепази може и професор и ти ќе му предаваш на детето мое, а научна фантастика ти е магистерска да спремиш.

Разбирам дете од средно да бара помош за писмена, не разбирам некој да бара помош за дипломска, ама за магистерска да бара помош и тоа на форум треба да се засрами.
--- надополнето: Nov 3, 2011 1:10 AM ---

Па сигурно не и е за да пишува магистерски по форуми :tapp:

:tapp:

Кај прочита тоа бе златна? Идејата беше дебата да се развие за една академска и научна тема (за промена) од која се надевав дека ќе излезе нешто паметно. Ми треба насока на размислување (по можност различна од мојата), нешто што сум пропуштил, размена на идеи... Ако тоа е срамота и ако мислиш дека секој професор „се знае“ и нема потреба се да се стави под прашање ништо што ќе каже и ако мислиш така и детето да си го учиш девојко тогаш тешко него.

Мојата м-р е 70% готова, барав помош, мислења и упатување во изработка на истражувањето не заради тоа што немам туку заради тоа што имам премногу различни мислења до сега прочитано без ниедно да преовлада.

Арно ама очигледно ако не е муабетот „леле овие вмро-овциве колку пари фрлија на споменици“ или „кај се парите од знамето бане“ тогаш нема муабет и срамота е да се праша.
--- надополнето: Nov 3, 2011 7:54 AM ---
Јас од друга страна пак не бев сигурен дали да ти реплицирам. Не, неможам никако да ти помогнам, едноставно за разлика од неколку претходни коментари сакам да ти дадам поддршка за пристапот.
Претпочитам дискусија, размена на идеи и искуства и сл. за разлика од едноставно преведување или препишување на нечив труд. Форумот некои го доживуваат како алатка за ширење на сеири, некои како алатка за ширење на знаење. Се надевам дека ќе бидеш во вториве иако од лично искуство знам дека македонците се многу стиснати кога треба да го споделат своето знаење.
... со среќа, па да видиме затворена тема потпишана со м-р ххх ххх

Благодарам. Здравје пред пролет се надевам :)
 
1. Не ти се само корпоративните обврзници и кредитите долг, можеш да ги земеш и благајничките и државните записи во анализата, освен ако не си ограничен на приватниот сектор како издавачи на должнички инструменти.
1b. Кредитните рејтинзи се булшит, иако се земаат здраво за готово, но не е тоа поентата.. Банките го оценуваат „рејтингот“ на фирмата врз основа на билансите на компаниите, па така им издаваат кредити/гаранции/јунејмит врз основа на нивна лична анализа а не врз основа на кредитните рејтинзи.

За толку имам време да ти помогнам, а и не сум до толку упатен во оваа материја, ако имаш потреба од некоја странска стручна литература пиши ми, може ќе се најде нешто корисно.
Иначе океј е ова што го правиш, иако многумина се утепаа од зборење, барем се трудиш да постигнеш нешто и тоа што не ти е јасно да прашаш, а не да се правиш сезнајко или да купуваш дипломски и магистерски.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom