Помош: Општи прашања, совети, трикови..

Ако си почетник не ти препорачувам Ц++ зашто е еден од најгадните јазици и има конструкти што само малку програмери ги знаат. Ц е најдобар за почетници, и ако научиш солидно Ц после Ц++ и Јава ќе ти премногу лесни. За основната синтакса да ја научиш според мене би ти требало околу 1 месец но тоа не значи дека ќе знаеш да програмираш ко Линус Торвалдс. :) Ќе ти биде доволно за да шкрташ некои обични програми.
 
Здраво сакам да го научам јазикот Ц++ ама не знам многу добро англиски 40% знам и математика не ми иде многу добро и затоа сакам некој да ми каже за колку време можам да го научам
Се зависи од тебе, прво почни со C, основата на сите јазици, кога ќе ја читаш книгата ништо не си постигнал, земи и некоја добра збирка. И да те предупредам дека треба да имаш јаки живци :) и треба да го "загрееш" столчето.
 
А имаш ти книга со јазикот ц на македонски??
 
На македонски имам само во печатена форма, ако сакаш на српски имам во електронска форма
Вака ти дај ми ја мене на српски ако знаеш од каде и кажими од каде можам да ја земам на македоски и како да речам таму и колку чини тоа :)
 
Вака ти дај ми ја мене на српски ако знаеш од каде и кажими од каде можам да ја земам на македоски и како да речам таму и колку чини тоа :)
Дај ми email во ПП, иначе ја имам оваа:
001c9eb1_medium.jpeg

Ако си од ск би требало да ја има во копирницата на ФЕИТ
 
Здраво сакам да го научам јазикот Ц++ ама не знам многу добро англиски 40% знам и математика не ми иде многу добро и затоа сакам некој да ми каже за колку време можам да го научам
Па не знаеш математика и англиски едно 10тина години, ама со цврста волја ке научиш и за побрзо
 
Брат, за англиски е проблемот, математика и не толку многу, не глеам некоја којзнае колку виша математика применета у ц++, ќе треба малку дискретна само да прочита и то је то :) бар според тоа шо го иаме ние у учебникот од факс :)
 
Ц++ мене ми е еден од полесните јазици. И земи англискиот подобри го ко што вика членов над мене, повеќе тој се применува, математиката не баш.
--- надополнето: 15 јануари 2012 во 01:12 ---
Дај ми email во ПП, иначе ја имам оваа:
001c9eb1_medium.jpeg

Ако си од ск би требало да ја има во копирницата на ФЕИТ

Ништо нема да научи од оваа. :) Ова е само книга, без задачи и све е споено, ако е почетник во програмирањето, најдобро да учи со професор, колку да сфати како треба да „размислува“.
 
Здраво сакам да го научам јазикот Ц++ ама не знам многу добро англиски 40% знам и математика не ми иде многу добро и затоа сакам некој да ми каже за колку време можам да го научам

Друже, се зависи од тоа колку навистина сакаш да научиш програмирање. Активна работа, доволно посветеност, многу решавање на задачи и нормално, логиката пред се' и мислам дека за месец-два можеш да научиш да програмираш (се разбира на основно ниво). Јас можам да ти пратам материјали (предавања, вежби, решени примери и слично) од основи на програмирање во C++, бидејќи само од читање на некоја книга без ти да седнеш да ја размислиш (и напишеш) задачата не се станува програмер :)
 
Како што реков треба да набави и некоја добра збирка, не само читање од книга, и математиката многу ќе му треба.
 
Јас одлучив да учам програмирање но една работа ме збуни http://www.semoskoc.com.mk/Default.aspx?mid=39&pid=31&kategorijaId=93&Lan=MK
Вика Основа со програмирање на Visual basic а подоле пишува Основи на програмирањето на C и C++ а ако го знам јазикот C++ дали ке можам да работам во Visual Basic или ке неможам ??
 
Ако сакаш и марули продавај на пазар, пак ќе можеш да го работиш Visual Basic. Сите можат, ама ретко кој знаат. :D
 
Во принцип синтаксата им е различна, така да само со знаење на C++ нема да можеш да работиш и со visual basic, но сепак Visual Basic веќе станува во "постарите", односно се помалце се бара овој програмски јазик. Одлучи се да учиш C/C++, Java или C#.
 
На факултет прво што се учи е C++ , така да најдобро е со тоа да се почне па после ќе мислиш натака.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom