Помош: Општи прашања, совети, трикови..

Дрн дрн му помогнавте многу, абе што да кажам :)

Никола,

Visual Basic (VB) е event driven програмски јазик производ на Microsoft како дел од COM програмски модел. VB подоцна се заменува со Visual Basic NET. Постарите верзии на VB се деривации на BASIC.
Програмерот ја составува апликацијата користејќи се со компоненти кои доаѓаат со самиот Visual Basic. Програмите напишани во Visual Basic исто така можат да се користат со Windows API, но за тоа потребно е да се декларираат соодветни екстерни функции.

Е сега не ми е јасно, од што сакаш ти да почнеш? Дообјасни за да можеме да те посоветуваме и да ти помогнеме :wink:
 
Какво прашање :D
Не постои определено време за учење на програмски јазик. Секој различно. Но да речеме една недела. Но и овде зависи што учиш.
Плус, програмирањето се учи цел живот :) Ако постои желба кај тебе, за програмерство-многу лесно ќе ти оди. Ако не постои желба-ич не започнувај :wink:
 
Синтаксата на повеќето програмски јазици се учи релативно брзо. Алгоритмот е она што треба да го имаш во главата.
 
jas matematika sum tapa pa super mi odi :) rabotam vb.net
 
Еве јас од мое искуство нешо...
Кога се запишав на електро, значи појма немав воопшто како се програмира, како изгледа еден source код, врска немав што треба да се направи за да имам некаква си програма...
Според мене, ако воопшто не знаеш ништо од програмирање, а те интересира тоа, не очекувај дека на факултет ќе научиш доволно...
на факс те спремаат само колку да положиш (некогаш ни тоа не е доволно), пошо има малку време убаво да ти го објаснат тоа, а и не се замараат многу професорите и асистентите...
треба некој убаво да ти го објасни тоа
ја една недела пред колоквиум воопшто не знаев зошто служи тоа #include ..... (очајно нели), ама отидов кај еден човек да ми објасни, и типот за 3 саата ми објасни (и шо е најбитно, сконтав) нешто што асистентиве 3 недели пробуваа да ми објаснат...
сега можам да кажам дека знам нешто од C/C++.. не е којзнае што, ама ете се трудам...
и исто така ќе се надоврзам на погорните постови:
Ти можеби ќе ја научиш синтаксата, но тоа не значи дека ќе бидеш способен да го решиш проблемот.
 
Програмирањето не е само синтакса. Тоа е начин на размислување. Да не се залажуваме, само затоа што сакаш да научиш програмирање, не значи дека можеш. Треба малку интелигенција. И баш дека си на електро, не значи дека знаеш да програмираш. Постојат голем број дипломирани инженери што незнаат ни две линии код да напишат. Трагедијата е што дел од таквите се дури и со прилично висок просек.
Околу искажувањето на членот над мене: другар не верувам дека на факултет не ти кажале што значи #include. Пробај да ги слушаш додека си на предавања, а не да спиеш на часови или да си правиш муабет. Јас дипломирав на електро и знам како стојат работите. Има некој професори што се навистина катастрофа, но тие што предаваат програмирање се океј и поседуваат познавања. Материјалите за Ц и Ц++ не верувам дека се променети од времето кога јас студирав, така да... констатацијата не ти е баш на место.
Повеќето од студентите се трудат да го научат програмирањето како шаблон, значи копи-пејст на код (со мали модификации). Не се трудат да го разберат или да го направат сами.

И уште една работа. Програмирање не се учи одма во код. Затоа има блок дијаграми. За да се научите како да размислувате програмески. Учењето на програмските јазици понатаму е лесно.
 
Немам никаква врска со програмиње а сакам да почнам,арно ама не знам од кај да почнам,што треба најпрвин да научам т.е. не го знам ни првиот чекор...
не е лошо доколку има некој да ме насочи на тоа што го барам....:wink:
 
Јас би ти препорачал да почнеш со C или C++.

Ако го прифатиш мојот предлог, ондак:

C++ Wiki
C++ Get Started
C++ Compiler (Dev C++)

Значи во „Get Started“ имаш вовед во C/C++ и исто така имаш туторијали со детални објаснувања на основите на програмските јазици.

А тука имаш објаснување како да креираш нов проект во Dev C++.

Ако го прифатиш мојот предлог и ако имаш прашања, пуцај. :)
 
Јас почнав со правење веб страни. Првин ги правев во HTML. Потоа сакав да имам различна содржина на секоја страна па научив PHP. Потоа почнаа да ме интересираат други јазици, па научив Python ...

Поентата ми е дека не би ти препорачал да почнеш со книги за прогрмирање веднаш бидејќи многу од нив се напишани за програмери кои знаат веќе да програмираат.

Ако си тотален почетник најбитно е првин да сфатиш дека:

1. Програмираш НЕШТО. Ако седнеш и повторуваш вежби од книги многу од нив ќе ти изгледаат бесцелни и брзо ќе изгубиш мотивација.
2. Се почнува со мали залаци, и (иако многу луѓе не би се согласиле со мене тука) на повисоко ниво. На пример, многу од книгите ке те тераат да работиш со конзола и со текстуален интерфејс. Иако тоа е у принцип сржта на програмот, изгледа тотално неинтересно за почетник. Ако почнеш со технологија која ќе ти овозможи веднаш да направиш графички интерфејс (копчиња, слики, табели) без да ги кодираш рачно, ќе можеш да се фокусираш на тоа да си ја завршиш задачата што побрзо. Верувај ми, потоа ќе се запрашаш како сите тие прозорчиња работат и ќе на влезеш подлабоко во проблематиката и ќе стигнеш и до C јазик.

Јас би ти препорачал да научиш HTML и да направиш веб страна. Потоа научи JavaScript и почни да манипулираш со елементите на страната. Секој пат кога ќе имаш прашање, на Google има повеќе од доволно информации. Јас го научив тоа што го знам поставувајќи си прашања и барајќи ги одговорите.

А, во случај да не знаеш англиски, мислам дека треба прво од таму да почнеш пошто скоро целата документација на светов е на англиски. ЈБГ, и докторите знаат латински :)
 
StartProgramming.jpg


Сликава ја ставив за да посочам дека без основата неможе да се оди напред. Куќата од темел се гради. Започни со основи на алгоритми, научи некоја синтакса за програмски јазик, C, C++, Pascal, па не е лошо дури и Fortran...
Доколку си заинтересиран за веб програмирање, ОБАВЕЗНО И ЗАДОЛЖИТЕЛНО ти е HTML, продолжи со PHP, CSS, ќе те заинтересираат поголеми работи после ќе седнеш на Java и АЈАX и дури да видиш си наполнил 23 години... :)
 
За програмирање ти треба логика. Ако од мал си бил логичар, си бегал од часови по историја, хемија, биологија ќе те биде програмер :) шала...
Седни земи една книга по C, отвори компајлер и помини ги сите задачи во книгата.

Батали веб програмирање на почеток, правење на веб страна и веб програмирање се два различни поими, научи прво да програмираш, па да дизајнираш (Цсс и хтмл) па после ќе ги споиш тие две технологии.

Најважно за еден програмер е да развие математичка логика. Треба алгоритамски да да размислуваш, земи читај книги за дизајнирање на алгоритми, анализирај готови алгоритми, решавај проблеми. Некој мислат ако научат синтакса на некој програмски јазик дека стануваат програмери што е тотално погрешно. Синтаксата само ти овозможува да го напишиш тоа што си го замислил, односно алгоритмот кој произлегва од твојата глава.

Програмирањето е уметност.
 
баш така ..
без алгоритам и логика џабе бубање на синтакса напамет ..
 
Колку е програмирањето уметност, толку е и шаблон. Со време ке добиеш искуство и ке видиш дека некои работи ке ти станат тривијални затоа што веќе 10 пати си ги направил. Реално ако збориме кај нас програмирањето е уште занает, така да што повеќе програмираш, толку подобар ке стануваш. Фати се за работа, прстите треба да ти поцрнат од куцање.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom