Помош: Барам еден филм!

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Не е ни овој. Филмов е постар, 6-7 души се главни ликови. Знам еден од нив беше така висок и покрупничок :pipi: ама ни тој неможам да го најдам како се вика. Се откажувам!

Можеби овој ? :coffee:
 
Дали постои некој филм со Петре Прличко каде што има ваква сцена.
Двајца, тројца другари одат во Куршумли Ан. По нив доаѓа Прличко, и ги прашува каде одат, а тие му одговараат на Македокс чичко на филмови. Anyone? :)
 
го барам филмот, на Сител го даваа пред месец-два, со јака пушка е и ке ја пренесе со брод и ке сака да го убие претседателот мислам што ке држат говор на отворено, а пушката ке биде во комбе скриена и може бежично да се употребува
 
Да не е The Jackal со Брус Вилис и Ричард Гир?

Еве и трејлер па види дали е тој

Се работи за еден акционен филм, дејството се одвива во САД, прикажана е работата на една група приватни обезбедувачи (се мислам дека името на фирмата го содржеше зборот "eagle" ) во која се приклучува нов член којшто треба да работи со нив. Во времето кога тој им се приклучува се дознава дека наредната недела ќе се врши голем трансфер на пари (до народна банка или така нешто) и се работи за сума околу 50 милиони долари. Членовите на групата за да дознаат дали можат да му веруваат на новодојдениот му поставуваат замка т.е. прават сценарио во кое возилата се нападнати и неможат да се движат (ставиле шеќер во моторот, така некако беше) а на задниот прозор им е поставен ц4. Откако успешно го поминува тестот, на новодојдениот му го откриваат планот за грабеж и тој до последен момент се мисли дали да се приклучи или не. Сепак ќе се полакоми по парите и ќе се согласи на грабеж, потоа додека ги земаат парите ќе се искомплицира ситуацијата, во стовариштето каде треба да се истоварат парите ќе се појави полицаец кој ќе биде застрелан итн итн
Еднаш го гледав и го заборавив името, а доста добар филм е, па би му бил благодарен на оној што ќе ми помогне да го пронајдам :)
 
Повели ;) Верувам дека не го згрешив?!
 
Филмов го зачекав скоро на пола,па ме интересира како се вика...
Значи во филмов црнецов пред да направи сообраќајка ја здогледува својата љубов... :D
И го удира камион,после тоа горе на небото му нудат дали да остане во рајот или да си бара тело на земјата.
Потоа тој се претвора во еден богаташ, кој што им ја приватизирал болницата на црнците....
По некое време и него ќе го убијат па на крајот ќе се претвори во еден сиромашен црнец....
 
http://www.imdb.com/title/tt0231775/
 
барам еден филм на канал 5 мислам го даваа или на телма со еден човек и керкичка типов ке сакат да ојт на еден остров незнам точно не се секавам знам дека ке каснит неколку дена па едвај ке го најдет иначе ке имат доста животни што ќе се со нив
 
Барам филм со Морган Фриман знам дека ќе чува една девојка врзана со синџири и ќе ја одвикнуваше од алхохол или така нешто.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom