Полуфинале: Србија - Хрватска [27.01.2012 - 20:15 ч.]

  • Креатор на темата Креатор на темата Милојко
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Медиумите и глупите националисти и навивачи создаваат невиден притисок околу овој меч.Се мешаат политики и слични срања.
Но сигурен сум дека играчите ќе играат пред се ракомет и дека ќе се однесуваат фер,спортски и коректно и ќе изиграат еден фантастичен меч.
Спорт си е спорт,тоа што се дешавало во минатото на политички план е сосема друга работа.
Ама има имбецили од луѓе кои едвај чекаат да се дојде до вакво нешто,за да си ги искршат главите и за забодат нож некому и да го носат на душа.

Ќе биде многу интересна утакмица.Настрана другото,овие две земји имаат и големо спортско ривалство.
Србија е домаќин и има голема шанса да го освои шампионатов пред домашна односно македонска публика :D
Играта им е добра.На голот го имаат фантастичниот Станиќ.Илиќ и Вујин се одлични играчи,а имаат и уште неколкумина добри.И тие се слични како нас,играат колективно,играат тимски,уствари немаат ни таква ѕвезда како Кире србиве.
Хрвативе па имаат искусни играчи како Балиќ и Вори.Не се во форма двајцата на ова првенство,факт.Годините си го прават своето,а и некои други како Дувњак,Копљар и одличниот Лацковиќ ги засенуваат.
Играат исто така многу добар ракомет,јаки и експлозивни се на контри и го имаат феноменалниот Алиловиќ на голот.Да не ја тупам сега толку експертски...
Главната борба пред се ќе биде на головите.Да не знаеш кој е подобар голман.Едвај чекам да видам кој ќе има повеќе одбрани.
И Алиловиќ и Станиќ се во топ 3 голмани на првенството.
Хрватска има глуп тренер до некаде,ама мислам дека се малку подобри.Поискусни,имаат подобри играчи и индивидуалци кои можат да решат утакмица.
На пример Балиќ може као гомно да се влече цела утакмица,ама да влезе и да даде еден ''болен''пас кој ќе ја однесе Хрватска во финале.Е србиве немаат играч од таков калибар,ама имаат колектив,ќе повторам.

И така.Предност им давам на хрвативе,но не ја исклучувам можноста србиве да влезат во финале и да го освојат истото.Нијанси ќе одлучуваат.
Без оглед на се,која и да влезе од овие две репрезентации во финале,сакам да го освои пехарот.
Комшии,вакви-такви,земји од балкан,ама сепак подобро тие,отколку оплакнатите данци или пак циганштурите шпански.
А и после Македонија,секако дека ги симпатизирав Хрватска,па и Србија.
Се надевам само дека нема да има глупости на трибини во текот на мечот и после него и дека се ќе помине во спортскиот дух.
 
Сега кога Македонија не е во комбинација, ќе навивам за Хрватска како и секогаш.

Хрватска ми е број два, ги пратам секое првенство и увек, увек навивам за нив. Ќе ги терам навивачки и во кладилница до крај на првенство, се надевам дека ќе го освојат. За разлика од Србија, Хрватите се класа во светскиот ракомет, имаат далеку подобар тим, одлична клупа, прејаки индивидуалци...

Србија е домаќин и би требало да има огромна поддршка во Македонската арена :icon_lol: , ова би требало да им е ветар во грб, како и мотивацијата ради огромното ривалство што го имаат со Хрватска.

Очекувам да експлодира Ивано Балиќ, Вори малку да се консолидира, а ако Копљар и Чупиќ играат како против Франција, ондак не им бега дебел пораз на Србите. Биче војна, едвај чекам да почне утакмицава, кој има ХРТ 2 му препорачувам таму да ја гледа, коментаторот Драго влегува во шема.
 
Навивам дефинитивно за Хрватска, затоа што се подобри и последните 10 години покажуваат далеку поголемо почитување кон Македонците од Србите со што ги освоија моите симпатии.Од сите хрватски спортски портали, форуми што сум ги читал покажуваат невиден респект спрема Македонија за разлика од Србите коишто најголем дел омаловажуваат.
 
Србија!......да победи + 20....Да ги растури!
 
Тежок меч, хрватите се поквалитетни али домашниот терен може да има големо влијание, ова сепак ке биде повеке од обична утакмица за жал и голем притисок ке има врз играчите, јас лично не се оптоварувам со тоа кој ке тепа,нека победи посрекниот.
 
Со цело срце за Србија! Се надевам на злато, иако и да се поминат Хрватска, Шпанците се многу јаки.


Аман Шпанците има ли спорт кај што не се ноќна мора, човече не ми се верува ако и тука злато земат ќе станат спортска веле сила во светот, немам коментар.
А за Србија Хрватска, незнам Србија ми е драга ради Станиќ, а Хрватска е подобора, ајде ќе видиме, не се одлучувам за ниту една.
 
Не сме ние меѓу најдобрите 4 па затоа Хрватска да го освој :D .
Мислам дека поквалитетна селекција се хрватите, ама Станиќ ќе им направи многу проблеми.
 
Се навива за Хрватска !!! Верувам дека Балич, Чупич, Дувњак и фантастичниот Алилович на гол ќе ги декласираат Србите дома. Фантастичен ракомет играат Хрватите имаат големи успеси. Не заборавајте дека на ЛОИ двапати имаат прво место, на светско еднаш беа први, време е да бидат и на европско. Ги сакам имам другари во Загреб и со цело срце ќе навивам за нив.

 
Хрватска ќе ги посрамоти Србите сред Белград. Реално Србија нема квалитет за медал - од друга страна Хрватска единствено нема злато од Европско првенство. Факт е дека ќе биде жестока утакмица со многу инциденти и на терен и вон терен, но на крај очекувам да победи подобриот - Хрватска. Хрватска треба само да ги сопре Вујин и Шешум а познавајќи ги Хрватите како екипа која знае да игра и 3-2-1 и 5-1 и 6-0 подеднакво добро тоа не би требало да биде проблем.

Не знам само како ќе биде распоредот на навивачите на трибините, Србиве до сега нигде ги немаше али сега нешто најавуваат огромна бројка. Не знам дали и овој пат ќе бидат блок карти за цел ден. Ако се картите за цел ден ќе биде весело, колку ќе не има нас против Словенија, па Словенци, Данци, Хрвати и Срби...да не ечи само Хрватска во Арена како што ечеше вчера Македонија. :D
 
Кога ни станаа Хрватите браќа? :rolleyes:

Се разбира дека за Србија ќе навивам.

A кога ни станаа србите браќа ? Се разбира дека ќе навивам за Хрватска ;)
 
Нема да навивам за никој. Кога игра Македонија во некое првенство, срце не ми дава да навивам за друг (исклучок Полска:D). Што би рекол Игорче:
Никогаш не сум навивал за друга репрезентација освен македонската...Замислете да навивате за Исланд, да ќе разберам, ако дедото е еским !!! :icon_lol:
Нека победи подобриот, нека се гледа добар ракомет, да даде Господ да нема инциденти, да се види дека и на Балканот може да има добро организирани првенства и дека не е Балканот дивљачки, ко што секогаш е тоа сугерирано од “цивилизираните“ Европјани. Можам само да кажам дека ми е исклучително драго што во топ 6 има 4 екипи од Балканот, преку глава ми е од снобизмот на Европа, не покажаа ништо на првенството, голем дел од нив се шлепаа само на името и величината што ја имале во минатото. Би било убаво да се гледа убав натпревар, фер-плеј и кој победи, нека му е на здравје. :)

Малце оф-топик од женски аспект: Ивано Балиќ.:love:
 
Хрватите мора да го освојат ова првенство,инаку ќе биде тоа голем неуспех за нив..оваа генерација веќе е на залез,така да може ова им е последна шанса..немаа среќа изминативе години,препрека секогаш им беше Франција,ама сега имаат идеална шанса....хајмо Хрвати!
 
Кога ни станаа Хрватите браќа? :rolleyes:

Се разбира дека за Србија ќе навивам.

Од секогаш Хрватите се наши браќа, буквално секогаш.
Вака значи, Хрватска како држава нема направено ништо лошо кон Македонија.
Хрватска ја призна Македонија под уставното име и тоа веднаш по осамостојувањето, беше меѓу првите држави кои го направија тоа. Хрватска целосно ги признава нашите државности, идентитет, јазик, име. Јас немам причина да имам непријателски односи кон оваа земја, која ја сака и почитува мојата. За разлика од Србија, која како прво со години веќе не ја признава нашата црква, второ нивните навивачи на двата најголеми клуба се збратимени со Грчки навивачки групи, истакнуваат Грчки знамиња многу често. Трето, целата младина на Србија е повеќе наклонета кон Грција во спорот со името.

Размислете со своја глава. Доста е веќе од тие испрани мозоци и СРБОМАНИ кои сеуште мислат дека Србите се на наша страна.
Што било било, сега младината од Србија повеќе Грција ја смета за братска земја. Можеби во минатото Србите биле пријателски настроени кон нас, но сега, помладите генерации, немаат симпатии према нас и тоа е факт.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom