Полска против ракетниот штит

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.593
Полска денес ја отврли американската понуда за зајакнување на полското воено воздухооловство во замена за поставување бази за ракетниот штит.

Меѓутоа, ова не е дефинитивно “не’’, туку Полска останува отворена за нови преговори со САД.

Ова од држава која е “најамерикански’’ оријентирана од сите НАТО членки.
 
Полска денес ја отврли американската понуда за зајакнување на полското воено воздухооловство во замена за поставување бази за ракетниот штит.

Меѓутоа, ова не е дефинитивно “не’’, туку Полска останува отворена за нови преговори со САД.

Ова од држава која е “најамерикански’’ оријентирана од сите НАТО членки.
Ако Полска е рекла НЕ се учекува и Чехиja да отбие предложението.Това може да доведе до преговори со Руманиja и други држави на Балкан-исто стратегически партнери на НАТО.Па и истата Руманиja сакаше да биде вклучена во штита со другите натовскидржави от Балкан,което нема да стане ако радарите и ракетите са во Полска и Чехиja.
 
Полска само се пазари. Веќе е договорен штитот.
 
Само прашање е..... од што ќе ги штити тој штит...кога русите им демонстрираа дека тој е безвреден за нивните проектили од последната генерација.
 
Воне... зарем ти веруваш дека ти би биле само за “заштита“??? :tv:

Да не бидеме наивни,се подразбира на што целат американциве,
 
Napad може да се изврши од секаде, па и од Полска.....но ова повеќе ми личи дека САД си играат со ЕУ. Уште една причина плус за несогласување и препирки помеѓу членките на ЕУ.
 
Па не станува збор само за контрола и притисок врз Русија, точно. Во тоа е поентата :)
 
Антиракетниот штит е насочен исклучиво против Русија.
Со тој штит ќе се превенира првиот нуклеарен одговор на Русија после нападот врз нејзината територија.
Такво богатство на ресурси не се остава само на еден народ.
 
Антиракетниот штит е насочен исклучиво против Русија.
Со тој штит ќе се превенира првиот нуклеарен одговор на Русија после нападот врз нејзината територија.
Такво богатство на ресурси не се остава само на еден народ.
Како????????
Системот делува само во завршниот- симнувачкиот дел на траекторијата на проектилот..и тоа само ако таа е фиксна...новите руски проектили и тоа го решиле..имаат контролирано променливо спуштање.
Второ антипроектилот работи чисто на механички удар, без експлозија...односно како со куршум да гаѓаш друг куршум во лет....ова го има постигнато само Док Холидеј кога на тој начин го спасува Вајат Ерп....во романче...де...
 
Антиракетниот штит е насочен исклучиво против Русија.
Со тој штит ќе се превенира првиот нуклеарен одговор на Русија после нападот врз нејзината територија.
Такво богатство на ресурси не се остава само на еден народ.

Славјански, бидејќи си Словен нели и разбираш Полски по дефолт прочитај ги полските критики.
“Антиракетен штит“ мај ес бади, само со преименување ќе стани нешто друго.

И да, моментално е насочен кон Русија. :toe:
 
САД и Чешка го потпишаа договорот за противракетниот штит

Шефот на американската дипломатија Кондолиза Рајс и министерот за надворешни работи на Чешка Карел Шварценберг, денес го потпишаа договорот за изградба на радарска база за американскиот противракетен штит во Чешка.

Шварценберг после потпишувањето на договорот изјавил дека Чешка може да се чувствува безбедна.

- Нашиот надворешно политички приоритет е продлабочување на трансатлантските односи, истакнал Шварценберг во однос на соработката помеѓу Прага и Вашингтон во областа на противракетната одбрана.

- Штитот не е реторика од времето на студената војна. Тоа им го објснивме и на нашите руски колеги. Сите ние сме изложени на закани од држава како што е Иран, која и понатаму ги развива своите војни и нуклеарни програми, изјавила Рајс потенцирајќи дела радарот не е насочен против Русија.

Ниту денешните уверувања на Кондолиза Рајс и на Шварценберг не помогнале во објаснувањето дека приближувањето на американскиот антиракетен штит во Средна Европа ќе им предизвика сериозни проблеми на Русите во нивната стретешка рамнотежа како светска сила.

- И понатаму на штитот гледаме како опасност за нашата безбедност. Меѓутоа ние Русите сме разумни луѓе и поради европската база на штитот никого нема да бомбардираме, рекол денес во Прага рускиот генерал Јевгениј Бужински.

- Иран нема ракети со доволно голем домет. Тие такво оружје посакуваат за напад врз Израел. Никој не може да ме убеди дека Иран би сакал да ја нападне Европа или САД. Иранците не се самоубијци, додал генералот.

Инаку одредена група противници на изградбата на радарската база на американскиот противракетен штит, во Прага пред Министеството за странски работи со домати го нападнеле чешкиот министер додека Американката била навредувана со погрдни зборови.
 
Што да читам бе брату, народот кој го прашува.
Тие станици се исклучиво наменети за Русија, Иран неможе до Израл да стигне па да не збориме Европа.
Повторно Словен против Словен, наместо да бидеме денеска 1 милијарда ние едвај 300 милиони прежиевавме.
Во сите војни првите 5 места на жртви се со словенски народи и нема тука случајност.
Браќава Руси си ги местат на пупење, сакаат на федерални единки да ги распаднат.
А Рус ко Рус додека не му дојде до Москва не се свестува.
Е сега дојден му е .
 
САД и Чешка го потпишаа договорот за противракетниот штит

Шефот на американската дипломатија Кондолиза Рајс и министерот за надворешни работи на Чешка Карел Шварценберг, денес го потпишаа договорот за изградба на радарска база за американскиот противракетен штит во Чешка........

.
Русија размислува за остра реакција на чешко-американскиот договор
Toyako, 09.07.2008.
Русија разгледува разни начини на реагирање и можности да го возврати ударот.

"Поради новата ситуација сме вознемирени", и Москава е принудена а употреби„војно технички методи -рекол Медведев,но не кажал за какви мерки се работи.
"Не не фати хистерија, но сепак размислуваме да го вратиме ударот...
Русија е осетлива на трупањето западна војска во близина на своите граници, а американскиот план за противракетен штит го смета за директна закана.
Путин 2007 предупреди дека Русија би можела да ги насочи своите ракети кон европските земји ако се продолжи да се спроведува планот за противракетен штит.
 
"Вечер":

Вашингтон настојува своето воено присуство во Европа да го измести од север кон југ, сметаат експерти


"Кондолиза Рајс во Бугарија ќе го сондира теренот за евентуално искористување на бугарската територија како база за префрлање на своите војски во случај на војна во Иран. Освен тоа Бугарија може да се разгледа и како позиционен регион од противракетната одбрана на САД, поадекватен дури и од Полска", изјави за московското издание на "РБК дејли" рускиот политиколог Дмитриј Евстафиев. Според Евстафиев, Вашингтон исто така ја разгледува можноста да ја промени конфигурацијата на своето воено присуство во Европа и да го измести од север кон југ, поблиску до руските слаби места во јужната периферија на федерацијата, дополни "РБК дејли". Поводот за ваквото тврдење е претстојната посета на државниот секретар на САД Кондолиза Рајс на Бугарија, каде треба да го добие високото државно признание за улогата во ослободувањето на бугарските медицински сестри и палестинскиот лекар од либискиот затвор.

Меѓутоа, експертите се убедени дека основната цел на посетата е далеку од хуманизмот и државните награди, пренесува МИА. Според нив, Рајс најверојатно ќе ја изврши и оваа своја мисија. Впрочем, според вчерашната изјава на полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски по разговорите во Вашингтон, таа речиси успеала да ја убеди Полска за распоредување американски пресретнувачки ракети на полска територија. Вчера, пак, Кондолиза Рајс и шефот на чешката дипломатија Карел Шварценберг потпишаа договор изградба на радарска станица во близина на Прага. По Бугарија, Рајс која од понеделникот е на европска турнеја, планира да ја посети и Грузија, а можеби и Полска.



Еве накаде са се насочили САД.Па това не е 100% заштото се учекува новиот президент да е Обама.
Днес Иран показа сила като изтрела 9 балистични ракети со голем обхват,които се учекува да можат да стигат до Израел.
 
мириса на студена војна верзија 2.0, баш нешто што и треба на американската економија и општото америкаско живеее и имање цел.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom