"Вечер":
Вашингтон настојува своето воено присуство во Европа да го измести од север кон југ, сметаат експерти
"Кондолиза Рајс во Бугарија ќе го сондира теренот за евентуално искористување на бугарската територија како база за префрлање на своите војски во случај на војна во Иран. Освен тоа Бугарија може да се разгледа и како позиционен регион од противракетната одбрана на САД, поадекватен дури и од Полска", изјави за московското издание на "РБК дејли" рускиот политиколог Дмитриј Евстафиев. Според Евстафиев, Вашингтон исто така ја разгледува можноста да ја промени конфигурацијата на своето воено присуство во Европа и да го измести од север кон југ, поблиску до руските слаби места во јужната периферија на федерацијата, дополни "РБК дејли". Поводот за ваквото тврдење е претстојната посета на државниот секретар на САД Кондолиза Рајс на Бугарија, каде треба да го добие високото државно признание за улогата во ослободувањето на бугарските медицински сестри и палестинскиот лекар од либискиот затвор.
Меѓутоа, експертите се убедени дека основната цел на посетата е далеку од хуманизмот и државните награди, пренесува МИА. Според нив, Рајс најверојатно ќе ја изврши и оваа своја мисија. Впрочем, според вчерашната изјава на полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски по разговорите во Вашингтон, таа речиси успеала да ја убеди Полска за распоредување американски пресретнувачки ракети на полска територија. Вчера, пак, Кондолиза Рајс и шефот на чешката дипломатија Карел Шварценберг потпишаа договор изградба на радарска станица во близина на Прага. По Бугарија, Рајс која од понеделникот е на европска турнеја, планира да ја посети и Грузија, а можеби и Полска.
Еве накаде са се насочили САД.Па това не е 100% заштото се учекува новиот президент да е Обама.
Днес Иран показа сила като изтрела 9 балистични ракети со голем обхват,които се учекува да можат да стигат до Израел.