Полнење на лаптоп

  • Креатор на темата Креатор на темата nikac17
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.320
Поени од реакции
1.277
Возраст
28
Здраво дечки,
Сум читал многу митови во врска со полнењето на лаптопот, и не знам на кое да верувам.
Сакам да ве прашам дали му штети на лаптопот да биде нонстоп на полначот (без батерија) и дали е подобро така лаптопот да се снабдува со струја или пак да ја ставам батеријата и да терам со неа?
 
Јас го работам без батерија, батеријата ја користам само ко ќе патувам негде. Иначе иам слушано муабети дека ако го работиш со батерија му го кратиш работниот век на батеријата. До негде точно пошто секоја батерија си има рок на траење и одреден пати на полнење.
 
И мене ме интересират ова , па некој шо се разбират појќе нека кажит. Иам слушано секакви комбинации...
Јас го фурам нон-стоп на полнач дури сум дома.
 
Здраво дечки,
Сум читал многу митови во врска со полнењето на лаптопот, и не знам на кое да верувам.
Сакам да ве прашам дали му штети на лаптопот да биде нонстоп на полначот (без батерија) и дали е подобро така лаптопот да се снабдува со струја или пак да ја ставам батеријата и да терам со неа?
Полначот и осигурувачот се доволна заштита дека лаптопот ќе прима соодветна волтажа и ампеража така што лаптопот ќе си работи одлично.

Тоа што штети е постојано вклучен на полнач со батерија. За брзо време батеријата ќе изгуби способност да држи електричество. Извадената батерија да се складира на 70% и периодично вклучува.
 
Првиот лаптоп го користев со батерија и со неа играв и ми се зезна за нецели 6 месеци па ја сменав додека беше под гаранција. Тоа зборувам пред 4-5 години.

Сега имам леново, и истото по цел ден сум уклучен на лаптоп цело време играм на него батерија не вадам ме мрзи.

И очигледно работите се подобриле, си држи 2+ часа, иако веќе го користам на батерија скоро 2 години.
 
Здраво дечки,
Сум читал многу митови во врска со полнењето на лаптопот, и не знам на кое да верувам.
Сакам да ве прашам дали му штети на лаптопот да биде нонстоп на полначот (без батерија) и дали е подобро така лаптопот да се снабдува со струја или пак да ја ставам батеријата и да терам со неа?

Батеријата користи ја само во случај кога немаш извор на електрична енергија како што кажа @DéJà Vu што помалку ја користиш кога не ти е потребна толку повеќе ќе трае инаку и јас кога сум дома го користам лаптопот без батерија скоро година и пол и до сега немам никаков проблем. Сум читал дека најштетно е кога лаптопот работи со батерија е во него и плус уклучен во струја.
 
А мојот полнач што ако само малку мрднеш паѓа од лаптопот, како да го работам без батерија?
I'm screwed.
 
што се замарате до толку за тоа се правени батериите да се користат и онака за неколку години ослабуваат како сакаш користи ја ич да не ти чуе
 
Јас кога сум дома го користам со батерија и вклучен на струја. Иначе батеријата веќе цела година ми држи по 3 саати.
 
Зависи од многу работи.

1. Колку планира одреден корисник да го користи тој лаптоп?

2. Каква класа на лаптоп е и колку е квалитетна батеријата?

3. Дали и колку е добар полначот?

4. Во какви услови се користи (топлина - влага) и колку се празни/полни, и како.

Моја препорака е, да не ги празните батериите под 10%, и да не ги полните над 90%, дали некој ќе послуша или не е ваше право, li-ion батериите, кога се 90% наполнети, имаат скоро целосно наполнет капацитет, само некој процент ви бега, а го продолжувате векот за најмалце 2 пати.

Нормално постојат вариации, и можно е идеално чувана батерија да се расипе исто брзо па дури и побрзо него лошо користена, но наше е да направиме све што можеме за да го спречиме тоа, ако нормално осеќате потреба, и имате воља домаќински да го чувате лаптопот. И да, ако немате добри полначи на вашите лаптопи, препорачливо е да не го оставате цела вечер на полнач.
 
1. Па минимум 4 години.
2. i7 процесор, 8GB RAM, 1TB HD, мислам дека е еден од подобрите.
3. Оригинал DELL полнач што си оди со лаптопот.
4. Собна температура околу 20 степени, го полнам до 100% а го ставам да се полни кога е околу 10%-20%, никогаш не го празнам до крај.
...
 
Не го полни до крај, (до 90%) не давај лаптопот да се загрее премногу, и на сонце (ако е топло не во овој период од годината) или во скут користење никако.
 
Не го полни до крај, (до 90%) не давај лаптопот да се загрее премногу, и на сонце (ако е топло не во овој период од годината) или во скут користење никако.
Зошто да не го полнам до крај? Разбирам да не го празнам до крај ама ова не го сфаќам. Ретко заграва, а исто така и во скут многу ретко го ставам.
 
Објаснив горе, кога било која батерија се полни се оштетува со тек на време, тој процес на оштетување е значително поголем кога се полни целосно, него кога се полни до 90% и кога не се празни под 10%

Колку помалце се полни толку подобро, секоја батерија има теоретски број на циклуси на полнење и празнење, кога ја полниш помалце тие циклуси се зголемуваат, оштетувањето со тек на време се намалува, а разлика во користење ќе ти биде некои 5% (толку повеќе капацитет ќе добиеш ако ја полниш до крај - толку повеќе ќе држи батеријата при користење на лаптопот.

Самата батерија ќе ти трае многу повеќе во голем дел од случаите ако се држиш до она што го наведов (ќе држи повеќе капацитет после долга употреба) освем ако не си малер да ти цркне пред време од x причини. На пример нова батерија ќе ти овозможи 5 саата активно користење, стара ќе овозможи 4, или 3 во зависност од тоа колку се запазени парамeтрите - начинот на користење, кои ги наведов во првиот пост.

Истово важи и за телефони, и за било кои Li-ion батерии. На кратко, ќе добиеш околу 15% помалце работни часови, но батеријата ќе трае далеку повеќе, и тие 15% после една година ќе станат 0, т.е. ќе трае исто како полнета до 100% после една година (пример) а може и да трае (да го држи полнењето - капацитетот) и повеќе после неколку години најверојатно, win win.
А види иронија, зборот lap уствари значи скут :icon_lol:

За сурфање и слично, во зима не е проблем, но ако работиш, или играш и тек како се намалува векот на батеријата, и на самиот лаптоп.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom