[
Мижи Асан да ти бајам

По споредба на пописите пред депресијата и после депресијата, наталитет, морталитет им се губат 50 милиона американци. Кој умрени од глад, кој неродени.
Кога нема пари за леб никој не купува облека, иди во кафана, бербер... Целиот тој синџир на услуги производства се распаѓа.
Црни ти што ќе работат во градот.
Прегледај го приврзокот 449139
Прегледај го приврзокот 449140
Наталитетот е во постојан пад во речиси сите развиени и богати држави, тоа е и една од главните причини зошто нивните власти единствена опција за амортизирање на стареењето на населението - не совладување, туку само амортизирање, во превод: да ги истрпат последиците без посериозни штети - гледаат во увозот на имигранти.
Другата опција е да се направи реконструкција на економијата, односно на трошоците, во превод: ако во некоја општина бројот на новородени е опаднат за икс проценти, тогаш и бројот на ученици во училиштата треба да се намали за икс проценти, а не да се увезуваат ученици од други општини за да се пополни вакуумот.
Со тек на време ќе треба и училишта да се затвораат, па амбуланти, клиники, пожарникарски станици, цели населби ќе ги снемува од демографската мапа бидејќи едноставно никој не живее во нив.
Жалосно е, но тоа е реалноста, како што селата кај нас се од поодамна загрозени, а некаде се веќе заборавени и поранешни населени места, таква е реалноста во речиси сите развиени и богати држави.
Ние во Македонија се збогативме со развиени криминал и корупција, кои секојдневно ја бркаат младината од родната татковина, остатокот од младите кои сеуште не заминале не планираат да формираат сопствени семејства во ваква држава, а некои за жал прерано го напуштаат овој свет во шупи со натписи Клуб или Дискотека над влезовите - повторно по заслуга на развиените криминал и корупција кои ги имаме во изобилие.
Тоа ќе значи и намалување на економијата, но на крајот на краиштата економијата треба да биде во функција на нацијата подеднакво колку што е и нацијата во функција на економијата, бидејќи сепак се двонасочни улици кои се вкрстуваат.
А ова со умирање од глад не е баш издржан аргумент, точно е тоа дека стапката на наталитет во САД историски го има достигнато минимумот во 1932 година за време на Големата депресија, но нема баш некои сериозни аргументи за изгладнување на населението во САД во овој период.
Овие од долната слика се американски воени ветерани од Првата Светска Војна кои протестирале истата таа 1932 година барајќи од федералната влада на САД да им ги исплати веднаш воените обврзници кои им следувале со закон, а кои не можеле да им бидат исплатени пред 1945 година. Нормално федералната влада на САД на чело со Херберт Хувер ги одбила, што секако дополнително придонело за изборниот пораз кој Хувер го претрпел од Франклин Делано Рузвелт на редовните претседателски избори одржани во САД истата таа 1932 година.