Обично сум согласен со вас но овој пат не.
Тоа се глупости, тука станува збор за тотален крах на еден систем, не важи тоа облигации, обврзници, акции. Како што имало девалвации во Југославија, тргаш три нули тоа е 1000% десет пати губиш на вредност. Исто и во Македонија тргавме некакви нули. Тоа што следува ќе е многу поголемо од големата депресија, банкроти, приватизација, оние со управувачки акции ќе ги изиграат обичните акционери. Прошлата недела ми дадоа некаков бонус и баш на пикот купив една тројна унца злато. За 2-3 дена загуби 2%, после се нормализира и тргна нагоре веќе имам 1% ќар.
Инвестиција освен физичко злато, за обичен човек, незнам бакар, цигли, калај или инвестираш во крава, овци, земја со трактор, ако не живееш на село е проблем. Евентуално мајка, татко им купиш 2-3 крави.
Главно е ако имаш кредити, хипотеки, да вратиш и ликвидираш сето тоа, ако остане нешто инвестиција, нешто за твој личен имот, иначе за бизнис, кираџии не. Од прошлата криза 1930 цели градови мигрират кон провинцијата, работиш не за плата, а за храна, и да имаш 3-5 стана не вршат никаква работа.
Ќе видиме времето ќе покаже дали сум прав, стварите се развивааат многу брзо.