Или избрзуваш со возбудата, или нешто бетер следува, како на пример ескалација на крвопролевањето на блискиот исток или во Украина, или уште побетер - крвопролевачка ескалација на трговската војна со Кина.
А европскиве држави што воопшто не ни планираат да сменат политички правец, на пример да ја откачат нео-нацистичката хунта во Киев и да и` ги вратат на Русија замрзнатите и нелегално одземените имоти и финансиски средства ?
Добро, тоа е малку преамбициозно очекување од државите кои активно ја поддржуваат нео-нацистичката хунта во Киев уште од 2014 година, но ајде кога веќе велиш дека завршила приказната за борба против климатските промени, каде се политичките промени во Европа ?
Кога ќе почнат европските држави да ги депортираат недокументираните имигранти и имигрантите со криминално минато ?
Кога европските држави ќе ја отпишат зелената енергетска агенда и ќе преминат кон поразумна и порационална енергетска стратегија ?
Изгледа си ја заборавил - или можеби воопшто не си ја слушнал/прочитал - познатата изрека на Шарл де Гол:
" САД не се во Европа, а Британија е остров " .
Или со други зборови кажано, ако некаде потфрлил системот - или уште побетер: се` било однапред организирано и договорено уште пред 5 ноември 2024, а Доналд Трамп е само уште еден платен актер исто како и неговите претходници - тоа не значи дека тоа што се случува во САД ќе се прошири и низ остатокот од светот, а најмалку па низ Европа.