Ако на некому не му е јасно, 2025 е клучна година кога се случуваат две работи:
1. Започна да функционира мултиполарниот свет во полна сила, засега само дуопол
2. Заврши приказната за борба против климатските промени
Или избрзуваш со возбудата, или нешто бетер следува, како на пример ескалација на крвопролевањето на блискиот исток или во Украина, или уште побетер - крвопролевачка ескалација на трговската војна со Кина.
А европскиве држави што воопшто не ни планираат да сменат политички правец, на пример да ја откачат нео-нацистичката хунта во Киев и да и` ги вратат на Русија замрзнатите и нелегално одземените имоти и финансиски средства ?
Добро, тоа е малку преамбициозно очекување од државите кои активно ја поддржуваат нео-нацистичката хунта во Киев уште од 2014 година, но ајде кога веќе велиш дека завршила приказната за борба против климатските промени, каде се политичките промени во Европа ?
Кога ќе почнат европските држави да ги депортираат недокументираните имигранти и имигрантите со криминално минато ?
Кога европските држави ќе ја отпишат зелената енергетска агенда и ќе преминат кон поразумна и порационална енергетска стратегија ?
Изгледа си ја заборавил - или можеби воопшто не си ја слушнал/прочитал - познатата изрека на Шарл де Гол:
" САД не се во Европа, а Британија е остров " .
Или со други зборови кажано, ако некаде потфрлил системот - или уште побетер: се` било однапред организирано и договорено уште пред 5 ноември 2024, а Доналд Трамп е само уште еден платен актер исто како и неговите претходници - тоа не значи дека тоа што се случува во САД ќе се прошири и низ остатокот од светот, а најмалку па низ Европа.