Политички случувања во САД: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Земи го Куранот, не пишува "дисциплина", туку "удрете ги". Превод од Хасан Џило.

Сура 9:5 исто пример.

Неговото е политички коректното ревидирано издание, наменето за неверници и за цитирање по форуми.
Има некои така, „ситни“ разлики ете како тоа со тепањето (пардон, нежното дисциплинирање). На пример сигурно нема ништо за апостасија. Претпоставувам ги нема и деловите каде кажуваат дека не е грев да се лажат кафирите (или дека е праведно да им се одзима имотот, итн).
 
Земи го Куранот, не пишува "дисциплина", туку "удрете ги". Превод од Хасан Џило.

Сура 9:5 исто пример.
Јазикот е многу зезната ствар, друже.
Читај таму долу, ама целосно, и одлучи на кој од сите тие луѓе ќе им веруваш :)
 
Анон, ти се преобрати ко што гледам.
Не сум „преобратен“.
Исламот и Христијанството се една иста работа. Како и многу други работи, и религијата е еден расипан телефон.
Ама кој да им каже.
 
Јазикот е многу зезната ствар, друже.
Читај таму долу, ама целосно, и одлучи на кој од сите тие луѓе ќе им веруваш :)
Напишано е "удрете ги", ти можеш со јазичното толкување да го смениш значењето (ја виде сликата?), но простата маса го сфаќа Куранот во буквална смисла. Зошто ИВЗ, која исто стои зад ова издание, не излегла со ваков коментар!? Имаме дебатирано за ова на форумов и муслиманите наоѓаат секакви оправдувања. И притоа, ако тоа е јазикот на Бог, зошто да се толкува? Секое толкување води кон една или друга насока и некогаш се губи тотално значењето на текстот. Ако е патот кон девиците, треба да се следат сите правила на игра, нели? :)

Многу сме надвор од темата. Толку многу што ги мрази муслиманите, па и тие него, седнаа на иста маса и со Израел. :)
 
Идам да спијам, ќе ти одговорам утре, ти у меѓувреме дај линк од другата тема за да се префрлиме таму.
 
Републиканциве станаа работничка партија. Иронија на владеењето на Трамп.
Togas dali se demokratite bezdomnicka partija?
Prasuvam za California i NY.
 
Најточно кажано Националсоцијалистичка работничка партија станаа.

Интересно, уште една иронија на владеењето на Трамп, националсоцијалистичка партија за која гласаат, црнци, хиспано и жени.

Белците гласаа за Бајден.
 
Па тоа и беше една од главнате цели (покрај доаѓањето на власт, што нели само по себе е цел), да не се дозволи Трамп или било кој друг евентуално во иднина да направи трета опција и да се наруши дуополот на двопартискиот систем.

простата маса го сфаќа Куранот во буквална смисла. Зошто ИВЗ, која исто стои зад ова издание, не излегла со ваков коментар!?
Затоа што... Демагогија.
Има луѓе што буквално заработуваат од тоа.

Куранот буквално е напишан, и простата маса добро го разбира баш како што мислел авторот.
Друга работа е тоа што денес има дежурни апологети (и професионалци, и секакви идеолошки или религиски мотивирани ликови), кои изиграваат „дрвени адвокати“ на Исламот па ги релативизираат фактите. Факт е дека најголемиот дел муслимани (статистички гледано) буквално го применуваат тоа што го пишува во Куранот. Сопругите ги сокршуваат од ќотек наместо да го слушаат анон па нежно да ги дисциплинираат. А тепањето непослушни сопруги веројатно е најмалата работа од сето тоа што се случува во тој свет. Каде е убивање за апостасија и банални религиозни навреди? Сечење глави на учители за покажување карикатури од сатиричен неделник?

Ама без грижа, сега со Камала Харис идниот Потпретседател (иден Претседател?) на официјална функција, сигурно сите тие непријатни работи ќе станат минато.
 
И покрај поразот ова е реално добар резултат на Трамп со освоени 70 милиони гласови и Републиканската партија која што имаше одлични резултати во сенатот и конгресот. Добрите резултати во конгресот и сенатот се резултат на политиките на Трамп. Тоа значи дека неговите политики се добри и уживаат голема популарност, главниот проблем е неговата контроверзна личност и поради тоа нема да добие уште еден мандат. Многу луѓе гласаа за Бајден само ради Трамп да не биде повеќе претседател. Може да се каже дека овој резултат е личен пораз на Трамп, а во исто време победа на неговите политики.

Демократите нема за што да слават реално, добија сенилен претседател кој победи само поради тоа што луѓето гласаа да го тргнат Трамп од Белата куќа. Сенатот најверојатно ќе го изгубат, а во конгресот изгубија седишта. Тоа значи дека нивните политики не се на права траекторија. Сума сумарот на овие избори не победи Џо Бајден, туку Доналд Трамп изгуби.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom