Внимавај реланиот свет да не те измени толку што на крајот нема да се препознаеш.
И не спорам дека реалноста е таа туку дека таа треба да се измени затоа што не ја одразува македонштината туку одразува квислинштво/врховизам.
Тебе колку што гледам реалноста сосема ти одговара и не би ја менувал или само мене така ми личи?
“Менување реалност” е несоодветен израз, оксиморон. Тоа што веројатно сакаш да кажеш е да се создава иднината во поинаков правец од сегашниот, што е сосема на место. За да се направи тоа, основно е да се осознае и дефинира моменталната состојба па потоа да се почне со делување.
Еве конкретно за политичката реалност да не биде само филозофско-теоретски:
Темелите на една држава би биле безбедност, образование, здравство, правен систем. Колкав е моменталниот капитал, интерес, капацитет и потенцијал за иднина на Македонците за утврдување на овие 4 суштински темели? Економски се подобривме со излегувањето од ексју матрицата кај младите преку “ворк & травел” програмите и ИТ светот пред се, ама треба континуитет.
Зошто Албанците уживаат поддршка моментално? Се множат повеќе од останатите, борбени, послушни, работливи, бизнис ориентирани, шверцери на што сакаш, имаат пописмени единки кои можат роварат низ остантите ексјугословенски заедници знаејќи ги јазиците и обичаите. Ти разбираш албански јазик, нивните обичаи и Куранот? Ако одговорот е не, ти си помалку вреден од твој албански пандан на човек од Тетово или Чаир кој разбира македонски и српски јазик. Да те потсетам со еден пример на високо ниво, пред сегашниот министер за финансии Албанец имаше една министерка Македонка, промената настана откако таа се бламираше на позицијата.
Според мене доцна е за било каков спас на македонштината како националност и државност а можеби и како народ, ама тоа што би можело да се направи според мене е следното:
1. Внатрешна политика:
- Множење. Дали тоа ќе биде МПЦ, државни приватни субвенции дотации, пропаганда за секс и семејни вредности, поттикнување екскурзии за млади да се сексаат повеќе таму пошто нели “повеќе печати во пасошот” и сликање за социјални мрежи е во мода сега…. сеедно како, без квантитет ништо.
- Всадување на индивидуална и колективна свест, претходно споменатите општествени темели и политичка писменост во свеста на секој поединец уште од деца, континуитет на истите. Алатките се неважни (спорт, музика, социјални мрежи, религија, сеедно…).
- Образованието од темелите со посебен акцент. Технички и социјални вештини и знаења во прв план. Да се поттикнуваат Македонците покрај светските јазици, да знаат и Албански, Грчки и Турски барем на основни нивоа да разбираат што им се случува пред нос и зад грб.
- Економијата. Финансиска писменост и развој на максимално можно чувство за преприемаштво кај сите, правење од едно од ништо, три од едно, десет од три… и така натаму.
2. Надворешна политика:
- Фокус на дијаспората. Никој странец нема да се интересира толку за овие краишта колку некој што има врска со истите.
- Максимално можно користење и одржување на секоја можна позиција во меѓународни организации и билатерални оддноси. Ова да се поврзува во континуитет со дијаспората.
- Големите сили: Тие не бираат нас, не ние нив. Играме со тоа што можеме. Останатото зависи од претходните 2 потточки.
- Соседи: Максимално можно поврзување и одржување добри односи со Грците. Ова изгледа чудно, ама еве зошто: јужно од Австрија и Унгарија, Грција и Турција се единствените ентитети со суштински карактеристики на државност и поддршка од САД, НАТО и ЕУ како покровители на цел овој регион. Ваква територија и народ како ние не мислам дека може без “поголем брат” од соседството и од цела наша околина најнормално нешто е Грција, се друго е жалосна боранија од држави и општества. И нивниот аспект не е целосно неразумен, дури и нивната позиција за “славомакедонци” е пореална отколку воулгарската шизофренија дека “всичко е блгарско”. И да не заборавиме, има уште наши луѓе таму. Пред неколку месеци во Костур/Касториа гирото на почетокот на шеталиштето на езерото, човекот веројатно не слушна откако седнавме и цело време ни зборуваше на македонски, на група моторџии од Србија до нас им зборувше на англиски (не верувам дека не ги разбираше и нив што зборуваа на српски). Линијата Србија-Македонија-Грција е важна за нас, сеедно дали преку економија, музика, православие, туризам, Византијаство како што лупа оној “мариовскиот банкар од швајцарските езера” по форумов…. сеедно како. Ако веќе сакаш и историски поглед, најголемата слава на македонизмот е во времето кога Александар III Македонски ги освојува старогрчките градови-држави и ги здружува тогашните Македонци (неговото царство) со Елините/Грците (нивните градови-држави), барем за тој дел од историјата се согласуваме сите.