- Член од
- 23 мај 2019
- Мислења
- 4.453
- Поени од реакции
- 5.171
Има и дополнување, а тоа е:Океј да бидеме реални а не лоботоми, тука Даскалот не вели дека нема да коалицира со Левица туку нема да коалицира доколку Левица постави услов излегување од НАТО и/или одпризнавање на Косово.
-дека промената на името е завршена работа, северџганистан со нив нема шанси да го испратиме во историја;
-дека Косово му е толку прираснато на срце што е спремен и да ги радикализира одоносите со Србија;
-својот демократско-атлантистички светоглед нема намера да го менва ни по цена на македонската држава!
Автоматски споено мислење:
Точна забелешка, само не очекувај некој да разбере.Ова со Вања ќе има голем ефект врз изборите.
На максимум е наративот дека тие што се против францускиот предлог и патот по кој не води владата, во најмала рака се изманипулирани од убијци, кои се дел од странски служби и ако сакаат да го тргнат тој срам од себе, треба да се покајат и да го подржат предлогот, Ковачевски и Оливер.
Се користи истиот модел за манипулирање, кога нација е соочена со страв и тоа да се искористи во политички капитал, како со корона, кога останаа на власт.
Сега не е Венко, туку е Оливер. Иако изборите се за неколку месеци, ретко кога нацијата била вака потресена, ќе има ова влијание на нив. Затоа и постојано гледаме партиски препукувања.
Кој победува? Уште е рано, но засега ми делува дека власта подобро го "користи" овој случај, од опозицијата.
А и немаат друг адут во рака за на избори, така да ќе се користи ова до 8 мај.
До изборите Турците ќе го спакуваат Палчо, а очекувам тој да се расфрла со политички коментари, кои ќе бидат дел од предизборниот период, неговото политичко делување, средби, кои што ќе бидат презентирани од обвинителството, на начин кој ќе им одговара, а може да дојдат и некои изјави, како последица на одредени привилегии во однос на служењето на казната, во однос на висината, сигурно нема да има никакви договори и ќе добие максимална.
ДПМНЕ пробува преку нивните медиуми и со пресови, гостувања, да наметнат наратив дека има пропусти во истрагата и дека Палчо последните години со Инфомакс и Стевчо се играчи на власта за рушење на опозицијата, правење раздор, радикализирање и слично. Но, власта е поуспешна.
Доколку не најдат друг начин да ја продадат нивната приказна, власта ќе профитира и тоа ќе се одрази на изборите.