Паааа не е баш најјасно...
Постоењето и признавањето на државата Македонија (небитно со кој/каков идеолошко-политички префикс...) е признавање на постоење на правен субјект само за „внатрешна употреба„, односно само во рамките на втората Југославија (ДФЈ, ФНРЈ, СФРЈ, ват евар...).
Тоа значи дека за тогашна Србија и не било некој голем проблем, пораз или загуба ако (Србија) ја „признае„ Македонија за држава само за „домашна употреба„, оти надвор од втората Југославија, на меѓународен план и релации, постоеше само втората/Титовата Југославија, а Македонија беше само федерална единица од таквата Југославија...за која никој не чул.
Ништо чудно што и ден-денес поголемиот дел од светот не знае да посочи каде се наоѓа Македонија на атласот...
Тоа што СПЦ ја „призна„ МПЦ-ОА не е некој јак македонски успех, што значи дека аспирациите на „српскиот свет„ не ја одбегнуваат и денешна Македонија....пардон, „републиката нашата земјата„.