Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?

  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Дај друже кој очекувал од новинар дека ќе стане убиец.Сеа и другите телевизии се криви што го викале по дебати и емисии монструмот.

Дај да видам вакви слики од телевизиите со него и плус уште еден соучесник ( Манев на едната слика).
 
Дај да видам вакви слики од телевизиите со него и плус уште еден соучесник ( Манев на едната слика).
Доста е?

palco-na-alfa-768x576.jpg
 
Не не не. Најди некоја со новинар и со кафе куварицата негова. Неспоредливо, спиеше кај овие секоја втора емисија, куќни пријатели може и му подзачистуеле по канцеларија небричениве.
 
Доста е?

Прегледај го приврзокот 446602

Ми прати интервјуа... не го демантирам тоа дека сегде гостувал. А последнава слика благе везе нема со сликине што се штракале со штитот и рацете вардар пирин егеј. И плус со Манев некој од овие да се сликал , никад нема да најдеш.
 
И плус со Манев некој од овие да се сликал , никад нема да најдеш.
еми внуци и правнуци да најдеме како гостувале. Факт е дека секој гостувал секаде, зависно од интересот на медиумите согласно нивните донори, партиите.
Зајко се сликал со Коза Ностра, овие со Палчо, тоа е.
 
Нема ништо од ова.

Па да, но може дпмне со глупости да направи поголема криза.

Инаку, се е различно, протести и нови движења можат да направат поголеми турбуленции во опозиција, нови движења и слично, отколку кај ДПМНЕ.

А и за брзо доаѓаат избори, а секоја криза најдобро се решава на избори, а моментално има некоја минимална доверба во изборите, имаат легитимитет.
 
За Хрватите и Македонците не сум изненаден. Хрватите исто кукаат како нас Македонците. Ништо не е добро, криви се овие, криви се оние, нема спас, се е отидено во мајчина...

Чудно ми е ова за Словенците, доста сум повржан, имам поминато и некое време во Словенија, во различни градови, никогаш не ми делувале нешто како среќен народ.

Но, кој ги знае што навистина чувствуваат и тоа е одраз на нивниот менталитет.

Чуден менталитет се, некоја мешавина не само од средно европска и словенска култура, но секогаш ми делувало, дека има нешто протестантско, скандинавско во нив (а можеби и тие карактеристики им се "оставени" од Германите).

Од една страна средноевропски расизам, наследен од австроунгарија, од друга некоја протестантска отуѓеност, дури и меѓу најблиските, воздржаност, од трета, иако длабоко сокриена, знае да се појави словенска сетност.
 
Ако не грешам, историски Словенците имале забележливо протестанско малцинство, но поради прогони, дискриминација итн. денес е речиси непостоечко. Кучан ми се чини беше од протестантско семејство...
 
Но зошто имаме потреба да правиме херои од политичари и новинари?!

Новинарите во Македонија, не се ништо подобри од нашите политичари.

Тоа што поради х причини некогаш се против некоја власт, воопшто не ги прави чесни, вистинољубиви, правдољубиви.

А на страна моралните особини, многу е тешко да најдеш талентиран новинар, кој барем навистина разбира што се случува и знае тоа да го преточи во текст, емисија. На една рака да ги наброиш.

Овие "храбри" сензационалисти, на кои се одушевува народот се најповоршни и најзависни, често го менуваат стопанот.
 
- Зорица, додај уште двајца на список за следната журка во Дубаи. За Мечка и госпоѓата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom