Тоа е поради чисто финансиски причини. Дали има неколку десетици новинари во државата кои се бават со професијата. И толку мал број на луѓе едноставно може да генерираат ограничена содржина, па остатокот од времето/просторот мора да се пополни на некој друг начин. И така најфетино е да копираш од блиски држави чии теми се слични на тоа што е актуелно кај тебе. А генерално на сите сопственици на медиуми кои се постари од 45 години далеку им се поблиски медиумите од бивша југославија одколку од други земји.
Ова е најизразено во делот за надворешна политика, зошто ниту еден медиум нема дописници ниту пак новинари кои се занимаваат со тематиката. Целиот сегмент на секој медиум е копија од Ројтерс + од време на време сензационалистички глупости од српските медиуми.