Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Моделот на разделување е добар во преспанскиот договор, во случајот со бугарија договорот зближува и тоа е проблемот.
Ако Мицко зборува за ова се согласувам.

Никако да разберам зашто договорот со Бугарија е толку напаѓан, а договорот со Грција веќе подзаборавен, кога и двата договори се речиси исто штетни за Македонија и за Македонците....или некој од власта смета дека Бугарија е „слаба„ па неа може и да и‘ се „издере„ а Грција е „јака„ па треба да и‘ се „поќути„?...

А ако „Преспанскиот...„ јасно ја одвојува Македонија од Грција (а штетата пак е македонска...), значи ли тоа дека „Бугарскиот...„ мора да ја потчини Македонија кон Бугарија?...
 
Не зборува за тоа. Има видео од говорот на Мицкоски, каде лично можеш да видиш за што прави муабет, без да мора да се ослонуваш на спинувани наслови и цитати во медиуми или што би рекол @Таксист - преститутки.

Го гледав, но тоа е и поентата, и самиот вика дека сака трајно и мирно решение со бугарија, овој договор за добрососедство не е ни траен ни ќе донесе мир, ќе донесе тепачки низ Македонија.

Бугарија со овој договор сака вечно да држи канџи врз Македонија
Автоматски споено мислење:

Никако да разберам зашто договорот со Бугарија е толку напаѓан, а договорот со Грција веќе подзаборавен, кога и двата договори се речиси исто штетни за Македонија и за Македонците....или некој од власта смета дека Бугарија е „слаба„ па неа може и да и‘ се „издере„ а Грција е „јака„ па треба да и‘ се „поќути„?...

А ако „Преспанскиот...„ јасно ја одвојува Македонија од Грција (а штетата пак е македонска...), значи ли тоа дека „Бугарскиот...„ мора да ја потчини Македонија кон Бугарија?...
Абе се разбира дека се штетни и антимакедонски, но грчкиот за мене е помалку штетен, овој бугарскиот чепка во нашиот бит.
 
Абе се разбира дека се штетни и антимакедонски, но грчкиот за мене е помалку штетен, овој бугарскиот чепка во нашиот бит.

Ако треба да расудувам „според мене„, тогаш според мене и двата се подеднакво штетни, како што е штетно се‘ што на Македонците и македонскава земја и‘ се случува веќе цел век...

Разликите во тие два договори е прашање на нијанси, а штетата е македонска...

Како што Грците „радо„ посакуваат да не постоиме на Земјава, по „обратна„ логика, Бугарите би сакале да бидеме дел од нив...
 
Ако треба да расудувам „според мене„, тогаш според мене и двата се подеднакво штетни, како што е штетно се‘ што на Македонците и македонскава земја и‘ се случува веќе цел век...

Разликите во тие два договори е прашање на нијанси, а штетата е македонска...

Како што Грците „радо„ посакуваат да не постоиме на Земјава, по „обратна„ логика, Бугарите би сакале да бидеме дел од нив...
Проблемот е што едниот знае дека сме различни, но другиот си зема за право да кажува кои се нашите корени, додека ние си ги знаеме претците и имаме одлично историско познавање за нашата земја и македонското прашање, па нивното упикување не пали, првично им се смееме на бугарите сега би им плукнал во лице.
 
Го гледав, но тоа е и поентата, и самиот вика дека сака трајно и мирно решение со бугарија, овој договор за добрососедство не е ни траен ни ќе донесе мир, ќе донесе тепачки низ Македонија.

Бугарија со овој договор сака вечно да држи канџи врз Македонија
Токму болдираното е поентата на говорот, како тоа да се избегне и да не останеме вечно во канџите на Бугарија на патот кон ЕУ.

Со дипломатски речник им кажува дека Европа 30 години нè лажат и си играат курот со нас, дека милион услови, промени на Устав и понижувања сме прифатиле, а секогаш сме извисени. Секогаш ни викаат "само уште ова и влегувате во ЕУ", и секогаш добиваме кур по чело. Дека сме единствена земја во Европа на која ѝ се поставуваат билатерални прашања како услов за влез во ЕУ. Дека народот се чувствува предаден и излажан заради таквата европска политика кон нас.

Мицкоски вели не е проблем, може да ги внесеме бугарите во Уставот, ама која е гаранцијата дека после нема да има други услови, нови уцени. Кој гарантира дека после некое време Бугарија нема да побара да потпишеме дека постоиме од 1947, дека сме бугари, дека јазикот ни е бугарски дијалект итн., како нов услов за влез во ЕУ!? Им вели зошто мора да го промениме нашиот устав, а на македонците во Бугарија не им се почитуваат човековите права.

На крај користи нивен јазик, односно ако за Меѓународната заедница Преспанскиот договор беше "ремек дело" и "брилијантен", тогаш ајде да го повториме ова "ремек дело" и на истиот начин да го решиме овој вештачки спор со Бугарија. Затоа им предлага внесување на бугарите во Уставот, ама откако ќе влеземе во ЕУ, со одложено дејство (како што има делови во Преспанскиот договор), како гаранција дека бугарите во Устав ќе бидат последниот услов кој треба да го исполниме на патот кон ЕУ.
 
Јас не знам зошто воопшто го спомнувате договорот со Бугарија. Тој самата Бугарија го прекрши, повеќе пати, а не ние. Со самото тоа, кога тие не го почитуваат, зошто ние би го? Бугарија ги прекрши многу од членовите во истиот, но пред се овие два:

Член 1 став 2:

Двете Договорни страни ќе ја развиваат соработката помеѓу себе во областа на европската и евроатлантската интеграција, насочена кон успешна подготовка на Република Македонија за нејзиното пристапување кон Европската Унија и НАТО. Бугарската страна ќе го сподели своето искуство со цел да и помогне на Република Македонија да ги исполни неопходните критериуми за членство во Европската Унија и ќе ја поддржи Република Македонија за добивање на покана за членство во НАТО согласно соодветните одлуки од средбите на врвот на НАТО.
Член 11 ставови 1 и 3:

1.Ниту една од Договорните страни нема да презема, поттикнува и поддржува дејствија, насочени против другата земја, кои имаат непријателски карактер.
3.Двете Договорни страни немаат и нема да пројавуваат територијални претензии една спрема друга.
 
Јас незнам само зошто еу би се потресла ако сеуште во Македонија има партија како сдс која еве цел ден плука по Мицко, во овој сегмент итекако треба да учиме од Бугарите дека обединувањето ја прави силата, но за жал кај нас многу е подобро изгледа да се дограбиш до пари и власт него да мислиш за својот народ и нација, комуњарите се племе што никогаш не треба да се врати на власт.
 
Цела оска од Левица, Стефчо, комуњара, булеварко, данеловци и останати ботови ја споделуваат изјавава на Мицкоски без да сфатат дека е иронично кажана. Доволно е само од контекст да им извадиш нешто и одма можеш да ги изманипулираш, и после се чудиме како еден малоумен психопат од Муртино успеа да ги превесла.
 
Проблемот со договорот од Преспа е тоа што ја отвори Пандорината кутија која нема за брзо да се затвори. Тоа е почетокот на крајот, тоа е причината за договорот со Бугарија. Да не се случеше договорот јас гарантирам Бугарија немаше ништо да помисли ни блокира ни мисли на вакво нешто.

—-

Ианче председателката наша неполна година на власт фати помилува тешки криминалци..

Силјановска-Давкова помилува член на кланот „Барон“, поранешен градоначалник, вмешан во „Шпион“…


Извршувањето на изречената казна им се заменува со условна осуда за време од 3 години, на осудените лица: Акиф Равмановски од с. Арачиново, во траење од 1 година и 3 месеци; Никола Трпчески од Охрид, во траење од 1 година и Шенол Маслани од Арачиново, во траење од 6 месеци.

Акиф Рвамановски е всушност член на наркокланот „Барон“, а Шенол Маслани е брат на познатиот Шенки, кој од глава до пети бил облечен во „версаче“. Шенол Маслани во 2019 година беше уапсен во голема полициска акција кога полицијата заплени пушки, пиштоли, луксузни автомобили, пари и дрога.

 
Водачот на криминалната група „Барон“ познат во јавноста како Јусуф Аќифи се најде на списокот на помилувални лица од страна на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова.

Аќифи е прв на листата на помилувани, но под името Акиф Равманоски, но според информациите на “Фокус” тој е Јусуф Аќифи кој е водач на групата „Барон“ за која во неколку продолженија пишуваше неделникот „Фокус“.

Аќифи учествуваше во пукањето што се случи неодамна во Чаир кога тој и уште еден затвореник кои биле на работен ангажман ранија едно лице, припадник на групата Грчец.

Според одлуката, на Аќифи изречената казна му се заменува со условна осуда за време од три години.

:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 

ДКСК на чело со претседателката која бараше дипломатски пасош и службено возило отвара предмет за Бојан Христовски, новиот директор на АНБ.

Јас му посакувам среќа во работата, прво да ги посере тие што го бркаа а второ да ги очисти комуњаро-учкарските метузалеми во безбедносните служби.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom