Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
2 работи што би ги искоментирал околу избориве.
- Очекувам ЗНАМ да влезат во влада, а со тоа да привлечат уште старо-нови комуњари-паразити од СДС кои што би се обиделе да се ухлебаат некаде откако веќе нема да можат со нивната моментална партија.
- Стевчо и неговата ГРОМ престанува да биде било каков фактор во државава. Никој не го ни спомна до сега од што не е битен веќе. На претседателски прв круг имаше 8000 гласови, сега неговата партија има дупло помалку - 4500 и нема да има пратеник во Собрание. Се надевам и него ќе го снема од политичката сцена, па здравје наредни локални избори Карпошани да си изберат некој подобар градоначалник.
 
Овој да не тој што стана од инвалидска количка за Велигден?

Ќе пукнат комуњарите по тв од солзи роњене, оној Борјан плаче да немало реваншизам и партизација. Баш тоа што треба да го направи Вмро е реваншизам и партизација, место рамковните од ДУИ кои зимаат плата а не идат на работа да испозапослат македонци. Доколку овие две работи не ги испуни ВМРО кратко ќе им трае власта.
 
Единствен спас за да опстане сдс како партија е:

- да се реформира целосно,
- во собрание да побара да се врати старото име и да бара 2/3 мнозинство,
- да прифати една изборна единица
- да го блокира процесот на бугаризација

Но ова ќе се случи само во паралелен универзум. Всушност е возможно ако се обединат сите македонски партии.
 
Имам прашање, за формирање на влада сега, на ВМРО не му треба ниедна од албанските партии, може да се формира и со поддршка од ЗНАМ или Левица, така? И ако е така, а формира влада со ВЛЕН, нели е тоа закопување на нож во грб на македонците кои го изгласавме уште првиот ден од мандатот.. Видов објава од ВЛЕН, најавуваат преговори со ВМРО уште од утре.

ne.

kazano bese so levica nema pregovori. levica = dui

so znam ako mora ke se pregovara zasto realno so niv se dobiva stabilna mak vlada ali od druga strana gi oficijaliziras kako partija i u idnina kako sdsm 2.0. ako uspee vmro da dojde samostojno do 61 nema potreba od ovie mnogu mnogu.

vlen ke vlezat vo vlada ali so namaleni baranja. do nekade e i bitno ova za da se dotepaat dui.

ke vidime, pocista slika ke ima za 3-4 dena.
 
ЛДП доколку учествуваше самостојно, минус 5000-6000 гласови за сдсм :D
 
Васко Ефтов ќутлив ми е некако :D
го снема како глушец
Не е битен Васко, ќутлив е тој што го спомнав погоре, а ќе се активира за брзо да се упикува во ВМРО и да изиграва медијатор.
 
Според дик се чекаат резултати на избирачки места уште во Аеродром и Струмица. Реални шанси има пак да се врати на 59 пратеника Вмро, а Знам да паднат на 5.
 
На избориве излегоа два победника (или 2+1).

Прво, ВМРО ДПМНЕ, кој два изборни циклуси по ред е опозиција и сега врати со 58-19 (сега гледам 58-18, небитно). И тоа додади каков нехаризматичен лик е Мицковски и плус оној Николовски од 4-ката, па победава нивна е уште поголема. Можам да замислам Рашела да им беше лидер и да се качеше пак на коњ во комитско, сигурно и 65 ќе имаа како од шала. Искрено се надевам дека нема да внесат Бугари во устав, дека некои работи од економски план ќе мрднат од мртва точка и ќе има повторно инвестирање во спортот. +1 е за Силјановска. Браво за неа. Заедно со Ванковска ми беа фаворити за избориве. Женава е способна и се надевам нема да биде тивка и нема да гледа од страна. Гледам во Скопје и во Битола според гласовите, доста и од Левица ја имаат гласано според бројките (така да Левица не ги бојкотирала претседателските). СДСМовциве страшно се изропачиле со нивните сељачки коментари за Силјановска дека е баба или дека била сенилна, а забораваат дека таа им беше во влада во 90-тите.
Втор победник за мене е Левица. Може што сака да се каже за нив, дечките освоија 67000+ гласови без некое медиумско присуство, без финансии како другите партии, без заплашувања, поткупи и слично (и тоа е успех). Во Кисела Вода ги победија СДСМ, во Аеродром се некои 200-300 разлика. Штета што овој изборен модел е таков па ќе имаат само 6 пратеници, ама и за овие избори океј е и тоа. Посебен ќеф што Саше и Хактан влегуваат во собрание.

На СДСМ и тие, едвај, 18-19 пратеници им се многу. Ваков дебакл никогаш не доживеале и треба да се запрашаат зошто е тоа така (ама битно ќе ломотат дебилизми дека народот не ги согледал нивните позиции, а дебили на твитер ќе постираат како сме скршнале од европскиот пат - демек досега беше Македонија на тој пат отидена :pos:). А најубаво нека не се прашуваат, нека се тргнат од политика засекогаш затоа што се една тешка елементарна непогода. Пендаровски испадна попопуларен од самата партија (ако не се лажам тој не ни беше формално дел од СДСМ) и освои едно 100000 гласови повеќе од самата партија.
 
Единствен спас за да опстане сдс како партија е:

- да се реформира целосно,
- во собрание да побара да се врати старото име и да бара 2/3 мнозинство,
- да прифати една изборна единица
- да го блокира процесот на бугаризација

Но ова ќе се случи само во паралелен универзум. Всушност е возможно ако се обединат сите македонски партии.
Ни во паралелен универзум не може тоа да се случи. Партијата која на режимски и нелегален начин го сменила името, сега да бара да се врати старото. Партијата која го почнала процесот на бугаризација и ги дигнала апетитите на бугарите до плафон, сега да бара да се стопира тој процес. Зарем ќе се залагаат за стопирање на интеграцијата кон ЕУ, како што сега ги обвинуваат нивните опоненти? Шизофрен циркуз ќе биде тоа.

Нема што да бараат повеќе, реално. Преголем багаж влече таа партија, ништо не оставија позади себе, а направија непоправлива штета. Ништо живо не ги пере.

Нека му го дадат сега клучот на Амчо и нека гасат светло, тоа е.
 
Ќе го земеме војводата Тачи и ете ти аљбанци може така? :kuracc:
Може и таа снајката од дуи ( заборавив како се викаше)што стенкаше по телефон, интересна дунда беше ..
 
Мендух Тачи ќе испадне албански Павле Трајанов.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom