Екс – градоначалникот на Сарај и актуелен пратеник од ДУИ – Блерим Беџети и уште седум негови општински соработници, меѓу кои и надзорен инженер од Град Скопје добија кривични пријава.
Според финансова полиција, осуммината се под сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување, како и за несовесно работење во службата и фасификување или уништување на деловни книги. Како што се наведува во нивното соопштение, тие изготвиле извод од ДУП за место каде не постои урбанистички план, со цел наведениот инвеститор „Азра Идриз“ ДОООЕЛ од С. Глумово - Сарај да добие целосна потребна документација за да може да го изгради објектот, по што тој се стекнал со противправна имотна корист од 1,7 милиони евра.
-Постојат основи на сомнение дека пријавените лица, вработени во О. Сарај, иако биле свесни дека за катастарската парцела КП 10405/6 КО Сарајне постои донесен ДУП, со пречекорување на своите службени овластувања изготвиле и одобриле извод од план и одобрение за градба со невистинита содржина, како и пресметки за надоместок за уредување на градежно земјиште, спротивно на законските прописи, а надзорниот инженер извршил технички преглед на објектот и изговил завршен извештај со невистинита содржина. На овој начин, пријавените лица, злоупотребувајќи ја својата службена положа и овластувања, како и несовесно вршејќи ги своите должности, му овозможиле на правниот субјект „Азра Идриз“ ДООЕЛ с. Глумово, Скопје – Сарај, да се стекне со противправна имотна корист во износ од 108.648,840 денари.
Од обвинителството за Канал 5 посочија дека пријавата од финансова полиција е примена и дека веќе се преземаат дејствија на проверки.
„Станува збор за злоупотреба на државни органи за политички прогон“, порача екс-градоначалникот Блерим Беџети за Канал 5 по кривичната пријава. Според него, актуелната власт има заложба да ги прикаже функционерите на ДУИ како лица кои не работеле според закон и дека станува збор за антиалбански став. Тој вели дека ќе остане на страната на правдата, транспарентноста и граѓаните.
-Уште еднаш повикувам до Мицкоски и Меџити да се отргнат од злоупотреба на државни органи, јас и порано во претходни Влади сум имал вакви случаеви каде што иницирале, но никогаш не се покренале вакви постапки бидејќи повеќе од очигледно е дека се работи под политички диктат,- – Блерим Беџети – Екс-градоначалник на О. Сарај.
Премиерот Мицкоски пак посочи, секаде каде што постои основано сомнение, по истото ќе се постапува и дека борбата со криминалот останува приоритет на Владата, останатото вели е на обвинителството и судот.
-Од самиот почеток рековме, секаде каде што постои основано сомневање, кое што е поткрепено со докази, ние како Влада ќе делуваме, нема да правиме од тоа естрада, нема да упаѓаме дома со специјални единици, едноставно правдата мора да биде наш императив и така ќе се однесуваме и така се однесуваме без разлика дали тој што сторил неправда е поранешен функционер, сегашен функционер итн,- -Христијан Мицкоски – Претседател на Влада.
Актуелниот градоначалник на Сарај пак, Мухамед Елмази, за Канал 5 посочи дека Државниот завод за ревизија ја „чешлал“ работата на општината пред тој да стапи на својата функција. Тој посочи дека и неговиот кабинет сега прави ревизија и дека ако нешто се отркие истото ќе се пријави до надлежните органи.