placeb
place_b
- Член од
- 21 јуни 2016
- Мислења
- 3.860
- Поени од реакции
- 3.833
Пребарував и ова како најверодостојно ми изгледа...Во мемоарскиот запис на претседателот на Президиумот Методија Андонов Ченто, покрај другото, ќе забележи:
Од цитираниот фрагмент на мемоарскиот запис, а кој се однесува за крајот од 1944 година несомнено се потврдуваат две работи. Првата работа е дека границата помеѓу Македонија и Србија била кај градот Ристовац. Втората работа е тоа дека настанал сериозен и непремослив судир помеѓу Ченто и секретарот на комунистичката партија Лазар Колишевски. Освен за ова за грев му се земало на Ченто што го поставил прашањето за обединување на Македонија. Ченто поради таквото однесување и барање ќе биде осуден на 11 години робја во монтиран судски процес во 1946 година.
Според мислењето на многи еминентни македонски историчари, Манастирот "Свети Прохор Пчињски" по Втората светска војна премолчено и го отстапиле на Србија тогашните македонски власти.
Се претпоставува дека манастирот "Свети Прохор Пчињски" и припаднал на Србија откако била донесена одлука со него да управуваат владиците на Српската православна црква. СПЦ, по се изгледа, извршила силен притисок нејзе да и припадне манастирот и тогаш се случила и промената на границата помеѓу Македонија и Србија.
Преовладува тврдењето дека македонската влада на чело со Лазар Колишевски дефинитивно се откажала од манастирот кога е донесен законот за територијална поделба на федерална Македонија на окрузи.
Во 1945 година, македонскиот Президиум, на чие чело бил Методија Андонов Ченто, го донесол Законот за територијална поделба на федерална Македонија на окрузи. За жал, со законот и се дава овластување токму на владата, на чие чело бил Лазар Колишевски да донесе уредба за бројот и за територијалните подрачја на околиите. Владата, со задскриена намера, го донесла тој државен подзаконски акт на 21 ноември 1945 година. Скопскиот округ, според член 4 од Уредбата, се состоел од: Кривопаланечка, Козјачка, Кумановска, Маџарска, Ѓорчепетровска, Драчевска, Теаречка, Тетовска, Гостиварска и Дебарска околија. Погубниот дел за Македонија е роа што со Уредбата се испуштени цели околии - Качаничката и Прешевската, Бујановачката, Трговишката, како и дел од Козјачката околија, селото Старац, каде што се наоѓа манастирот "Св. Отец Прохор Пчињски".
Во 1945 година, на сојузно федерално југословенско ниво, како и во секоја република биле донесени закони за аграрна реформа и колонизација, со што по револуционерен пат приватната сопственост преминала во државна сопственост. Под удар паѓаат и манастирите и нивните имоти. Таква судбина има и манастирот "Св. Отец Прохор Пчињски" при што српската, а не македонската влада, донесла одлука со која и манастирот бил предмет на аграрната реформа во 1946 година. На манастирот тогаш му биле оставени максимум 24 хектари обработливо земјиште и 30 хектари шума.
Постојат многу документи во повоениот период од кои се гледа дека манастирот е на македонска територија. Постојат дури и географски карти.

Еу демек не е дел од западот