Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Од сам старт агресивно нагазување на копиљациве. Да не е видено срањево пред неполни десет години со Мартин Нешковски, па да глумиме дека некого жалат или некаква правда бараат.
Да им даде државава сами да бираат кој да е осуден и да им ги поапси сите по список , пак нема да се задоволни.
Многу е просто, одење по хировите на нови Влатко Васиљи и рахитични бубуљичари не смее да се дозволи, макар избила граѓанска војна.
Мислиш дека било што се има научено? Баш ќе видиме.
 
Дали на средбава Николовски - Филипче паднало некаков договор..
Од типот позицијата да мирува и глуми опозиција во замена за амнестија модуларни болници ?

2.png
 
Од пред некој период почна постапката за Пуцко Петрол во кој и Стевче Јакимовски има зделки со него, а еден од спонзорите е на ИнфоМакс.

Со отварањето на Модуларната болница и Дурмо турс ќе се удри голем нож на ДУИ и ВЛЕН ќе се етаблира како главен играч кај Албанците и ќе се разбијат разни рекетарски дружини што рекетираа и албански бизнисмени и нормални луѓе.

Лејла Кадриу, бившата обвинителка и адвокатка од Тетово која ја суспендираа за Модуларната болница, пред некој ден објави дека пола бивша влада е инволвирана во несреќата со Модуларна во која семејствата на Албанците не ја добија својата правда, туку кабелот беше крив.

Борјан Јовановски и Сашо Ордановски тогаш беа главни експонентни на власта, а сега главни другари на ИнфоМакс. Кога Мечка е толкав курназ зошто не ги праша за Модуларната, Онкологија, Дурмо турс итд итд???
 
Дали на средбава Николовски - Филипче паднало некаков договор..
Од типот позицијата да мирува и глуми опозиција во замена за амнестија модуларни болници ?

Прегледај го приврзокот 446666
Не, Модуларната болница е повторно отворена пред месец дена. ВЛЕН сака да го земе Тетово на локални, а Модуларната е пенал пред празен гол. Има огромни индикации и докази дека структури на СДСМ и ДУИ го прикривале целиот случај.

Читај го соопштението на Лејла Кадриу.
 
Шареното граџанство оди во кревет со намера дека ќе спијат со некоја нова, унапредена шарена револуција, но како ако одат работите, ќе се разбудат со Апасиев. :icon_lol:
 
Шареното граџанство оди во кревет со намера дека ќе спијат со некоја нова, унапредена шарена револуција, но како ако одат работите, ќе се разбудат со Апасиев. :icon_lol:
Димитар Апасиев беше дел од Шарената револуција и СЈО. Човекот е производ на невладиниот сектор и шареното граџанство.

Го тргнаа видеото на ЈуТјуб каде Апасиев велеше дека вмровците и десничарите се небањати, немиени, шират лажни тези дека ќе се менувало името и идентитетот. Гостуваше кај една водителка на телевизија. Не можам да го најдам.

Денес наводно “плукаат“ по Рамковниот договор (собираат евтини поени), а беа првата двојазична партија во Македонија со двојазична програма. Им ја имам читано целата програма на албански.
 
а што правиме за ова? Ми искочи скоро на твитер што пишувал патриотов...

Gj1tIaMXwAARCIH
 
Димитар Апасиев беше дел од Шарената револуција и СЈО. Човекот е производ на невладиниот сектор и шареното граџанство.

Го тргнаа видеото на ЈуТјуб каде Апасиев велеше дека вмровците и десничарите се небањати, немиени, шират лажни тези дека ќе се менувало името и идентитетот. Гостуваше кај една водителка на телевизија. Не можам да го најдам.
Сега Димче 24/7 се пени дека Мицика ја зацементирал Северна, што е лага, Мицко одма по избори му предложи на МицкоТакис раскин на Преспанскиот, ама овој нејќеше...
 
Апасиев се уфурал дека е Сталин, нема да има многу обзир према ништо, а камоли неговото минато и шарените.

Такви ликови кога ќе намирисаат шанса да спроведат тоа што го планирале, ја користат.

А Димче е заебан микс од прагматизам и идеализам.
 
Мицика нејќе да се ангажира за пуштање на „терористите„ од „славниот„ 27-ми (април) а не пак да се заложи за раскинување на меѓународен договор, со кој Македонија и Македонците се генерациски оштетени по секое прашање...
 
Мицика нејќе да се ангажира за пуштање на „терористите„ од „славниот„ 27-ми (април) а не пак да се заложи за раскинување на меѓународен договор, со кој Македонија и Македонците се генерациски оштетени по секое прашање...
Од денешна перспектива и они биле дел од играта, може не наивните долни ешалони но го факторизираа Заев, странците се плашеа од мирно презимање на власта на Заев со сите албански партии знаејќи дека ќе дојде до дестабилизација на државата и безбедноста.
Плус кого треба да браниме, тие што ги плукаа и ги правеа терористи како Јанаки адвокатот сега по неколку години Ќосето оди кај него во емисија или кај Ландов што за време на шарена трчаше по улиците со Фуркан и провоцираше кај стигне, или пак Лазаров кој е исто шарен куртон сега он нив ќе ги брани.
Никој не заслужува да биде ценет и бранет од овој наш Македонски народ, се е сценарио, тие што ги прават тие луѓе од 27ми херои се глупи, херој е народов кој кажа не за рамковен, не за територијална поделба, не за Заев, не за договор за добрососедство и не за преспански договор.
 
They are all in on it... Од медиуми, судии, обвинители, адвокати, инспектори, градоначлници, образовен кадар, власт, опозиција, бизнис сектор и тн и тн...

Официјалните кривични пријави се пред еден многу битен "филтер" во државата, а тоа е судството. Пријави, кои патем се само површина, scratch...
Иако, мора да се каже дека за ваква трагедија правда никад нема да има. Пошто е вистинска трагедија. Бог да ги прости.

Во Македонија владее еден синџир мафијашки, тоа е бизнис-политика/власт-(право)судство, триаголник кој функционира боље од Пипен-Родман-Џордан. Постојат низа на ниско-профилни и високо-профилни (во поглед на една територија/регион/општина) играчи во овие три сфери. Сите, во текот на овие 34 години сфатиле, дека имаат прилика да го приграбат државното (во рани 90ти), или present- да, соработуваат со државата преку свој бизнис, бидејќи државата како јавно-трговски ентитет, во тој момент е најголем бизнис во државата, веројатно сеуште е.
Fast forward, имаме тотален и целосен апашлук пред очи.

Македонија има оперативен буџет од милијарди... Тоа е и те каков "business opportunity", кај овие убашки ликови што константно ни се случуваат.
Заради тоа е и целата фама околу доаѓање на власт. Едноставно... И бизнисот и политичарите во еден момент сфаќаат дека се правопропорционални, и тука тој брак започнува. И двете имаат заеднички интерес и го придобиваат судството.

Имаш фирмички од завчера, креирани од партиски картелаши, лапаат државни пари и имаат бизнис кој е профитабилен од тие пари. Политиката во Македонија ти носи "олеснување" на твоите проблеми како сопственик на бизнис. Дотолку е отидено што секој таков локален shopowner во Македонијава е партиски обележан и прави ујдурми од секаков карактер, кога има наклонети негови "контролери". И во зависност од тоа колку политичката клима му е наклонета, повеќе работи му се "намигнуваат".

Колкав дел од бизнисите имаат некаков дил со општина/министерство/држава ?
Имаш рецимо локални бурекчилници кои доставуваат доручек до училишта, или не знам, изведувачи на градежни зафати во име на владата да речеме...
Сите тие бизниси, прават пари од државата. Огромен дел од нив.

Мислам дека мора подлабоко, потемелно и посуштинско чистење во државата. Се да се исчешла, и не како за на телевизија, ефтино и ПР. Македонија во моментов треба да има freeze на издавање на секаква форма на лиценци, освен оние кои се од есенцијално значење за економијата/општеството. Секоја, моментална и мината издадена лиценца во секој облик и форма од државата, мора да се ревидира. Ова е до таков скандал.

Угостители и ноќни клубови. Алоооо, тоа е само 5-10-15% од економијата, небитно. Што праиме со останатите ?
Дали останатите ги исполнуваат сите услови што се законски предвидени ? меѓу другото и фамозната "лиценца" ?

Сепак, мораме и ние како економски сочинители на македонијава, да бидеме многу претпазливи со нашата економска егзистенција, трошења и навики. Како граѓанин, не можеш да имаш увид во тоа како функционира секоја ебана фирма во државава.
Можеби затоа сме ќутеле до тој степен? Пошто сме немале/немаме увид. Кој знае што све има по архивите на институциите ?
Но пак мислам дека ни транспарентноста нема да е решение, бидејќи нештата се многу по deep од тоа.

Пази, разоткривање детали во тоа како функционира еден "бизнис" во Македонија, и сите тие сиво-црни зони се подвиг за кои што ти требаат минимум тим од луѓе кои во денот ќе спамаат мејлови за "добивање на информации од јавен карактер". И тие информации ќе пристигнат, после недели.

Друго на пример, прв пат во живот дознавам дека законски, една лиценца за кабаре трае 1 година. Или угостителски објект, што и да е. За да ја видиш корупцијата, мораш да бидеш упатен во начините како уствари функционира корупцијата ... Мораш да ја "хакнеш" корупцијата. Но како да ја разоткриеш кога самата се врши под затворени врати...

Јас немам на располагање доволно информации за однесувањето на "државата", или пак бизнисот, и до истите е тешко да се дојде.

Исто така, мораме повеќе и како потрошувачи, во поглед на тоа што "купуваме"... дали е во гранап, кам, дали е станбено прашање, казина/кладилници, кафе кај пиеме, доручек кај јадеме, рентање, и што уште не... Сакам да знам и тоа да биде лесно достапно за мене - дека, пример, ресторанот каде што јадам исполнува и санитарни услови. Дали колава што е увезена исполнува услови ? Дали XYZ на технички прием е како што треба ?

Целото општество ни е корумпирано и саможивњачко. Ние, едноставно немаме качено левел како колективна свест за да сфатиме дека постои нешто сто се вика community. После толку многу трагедии.

Како ние ќе бидеме подобра држава ? Знае некој ?
Како можам да знам дека утрето ќе ми е подобро ако јавниот дискурс во Македонија и натаму го креираат дегенерици како Сотир Костов, Љупчо Зиков, my fucking god, какви каменковци. Латас излегува по емисии, Филипче изразува сочувство... Петре Шилегов. Темелна реформа нас ни е потребна, radical reset, а не луѓе кои биле у друштво на Јанкуловска/Груевски/Мијалков/Јанакиевски и тн и тн.

Нешто налик Букеле во Ел Салвадор. Темелна чистка, hard reboot... Овие, моменталниве, едноставно немаат капацитет да ја искоренат системската корупција, бидејќи самите се производ на неа.

Искрено не мислам дека Македонија како држава од ова ќе научи лекција од оваа трагедија.
Не гледам како
За жал...
Бог да ги прости децата.
 
Не, Модуларната болница е повторно отворена пред месец дена. ВЛЕН сака да го земе Тетово на локални, а Модуларната е пенал пред празен гол. Има огромни индикации и докази дека структури на СДСМ и ДУИ го прикривале целиот случај.

Читај го соопштението на Лејла Кадриу.

Ајде баш ќе видиме дали ќе настрана некој од Сдс или средбава се завршила со договор, брзо мине времето

а што правиме за ова? Ми искочи скоро на твитер што пишувал патриотов...

Gj1tIaMXwAARCIH

Може Дпмне да почне да ги гони за велепредавство оние 8 пратеници од нивните редови што гласаа за уставните измени
 
Па нели им се доста бе човек??
Немаме стандарди ко Швајцарија. Еве 2,000€ да зимаат, па и со 2,000€ МЕСЕЧНО. Овде си богаташ. Не знам изгледа ја сум мрдната нешто. А зиам 500€ иначе.

Најефтиниот Филип Патек чини 10.000€. Тоа не сака да живее со она што му го овозможуваат 2000€. Тоа сака Сејшели, вила на Водно, Вила во Охрид, вила во Грција, џип од 100к€, скијање два пати во Франција, викенд на Копаоник во Viceroy, хранење во ресторани. Детето да студира во Америка, другото во приватно школо. Стан за детето.

Тоа не живее во иста стратосфера со тебе. Затоа и 2000€ не им стигаат ни до 5-ти во месецот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom