Darling
High Value
Ne gledam deka toa gi spreci pratenicite da ne se povtorno korumpirani.Понатака, ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ ОДМА ЗА СИТЕ. Зашо? Пошто од незадоволство од плата се подмитливи луѓево.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ne gledam deka toa gi spreci pratenicite da ne se povtorno korumpirani.Понатака, ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ ОДМА ЗА СИТЕ. Зашо? Пошто од незадоволство од плата се подмитливи луѓево.
Огорчена сум одамна. И на себе сум си лута. Порано си викав е ќе се замарам со политика. Не со политика, ама со политичарите. Пошо они одлучуваат како ќе живееме сите, меѓу кои и јас. Си викав ај пошо не сум за ниедни, ќе си ќутам. Ќе се бунам! Не ми чини, секој за себе си гледа. Јас не сум воспитана така. Моите ми рекле и последните пари да ги поделам за некој да не се осети лошо. Како може да крадеш кога гледаш дека народов за сѐ нешто моли? Ние како Економски сме правеле хуманитани забави, бидејќи државава ич гајле нема за болни дечиња, над 250,000 денари имаме собрано од ДЕЦА, кои купувале билети или донирале во кутии. Деца пази. Со повисока свест.Бидејќи гледам дека си многу огорчена , со право, имам само едно да ти предложам.
Направи едно детално истражување што се дешавало и се дешава во Македонија , пробај да биде од што посигурни извори и гледај самата да го направиш сето тоа. Истражување од години години наназад до сеа и кога ќе ги поврзеш работите ќе блееш ко теле во ѕид и ќе сфатиш зошо е вака.
Реалноста е црна , а посебно кај нас работите се толку комплексни и испреплетени , тешко е да се одвртат.
Ти убаво збориш , ни едни ни други ни трети во моментов не бива , но обединувањето кај нас се дешава само кога ќе умре некој стриктно на социјални мрежи или кога има спортски успех.
Па нели им се доста бе човек??Ne gledam deka toa gi spreci pratenicite da ne se povtorno korumpirani.
левичариве некако со поддршка за Инфомакс иако тимот им се слика со најголемите крадачи во историјата на државава и со убијци на деца![]()
Uste da doznaes biftek kolku cini vo sobranie...Па нели им се доста бе човек??
Немаме стандарди ко Швајцарија. Еве 2,000€ да зимаат, па и со 2,000€ МЕСЕЧНО. Овде си богаташ. Не знам изгледа ја сум мрдната нешто. А зиам 500€ иначе.
Сликава во пеинт правена, измонтирана само за штабските пацови да ја споделуваат по интернетот.
По ништо не се разликуваат од оние кои ги напаѓаат дека бркале поени на туѓа несреќа. Цела недела само се обидуваат да најдат нешто контра луѓето што какви и да се, се' што кажаа беше вистина.
Рашков е бугараш, најодвратни луѓе, ама се' што кажа е таман.
Инфомакс одработува протов Мицко, му извадија слика од пред сто години со Заев прикажувајќи дека е од сега, ама ги сотре. Се што кажува е на место.
За Левица да не коментирам, ги убиваат во поим во секој статус. Луѓе може да не се согласуваат со нивните глупи ставови за Палестина, за што ти ја знам, ама за оние инцестоидни суртуци во собрание од другите партии се измислени.
Ама луѓето си држат до оние кои ги вработиле, знаат дека ако се смени власт, може да јадат метла од државната работа на која не ни одат да ја работат, а земаат плата и мито за да завршат нешто под ракав.
Што ќе гласаш ??Многу е напорна оваа хистерија на ДПМНЕ, секогаш кога ќе се соочат со некој проблем, па по автоматизам играат на картата "седете мирни државата е во прашање".
Па тој народ само пред помалку од една година ви даде 438 000 гласови, речиси 50% од излезените, имаш 58 пратеници, па земи владеј, ти си должен да ја заштитиш државата, така што ќе решаваш големи проблеми, ќе работиш под притисок, а не да кукаш само "леле на народот ќе му подметнат". Со децении ист муабет, ене го оној од Будимпешта, уште периодично исфрлува долгометражни коментари, во кои тој е совршен, а сите погрешиле, дури и народот, кој бил изманипулиран.
Не се трпи ни хистеријата на граџанството, кое само неколку месеци го тргнаа од државна цицка и веднаш увидоа како било неиздржливо во државата, "режимот се вратил", ништо не чинело и треба пак нивната структура (политичка, бизнис, медиумска, невладина) да дојде на власт, да не оправи.
×××××
@Saber Rider Не се сложувам со твоето размислување, дека е важно само тоа што ја напаѓаат власта, а да не гледаме подалеку од тоа. Надвор од политиката е така, но кога се во прашање политички борби и прегрупирања, важна е и биографијата на "борците за вистина, правда". Ние се вртиме во круг, затоа што во зависност од тоа кој е на власт, прифаќаме лесно било која структура да ја води борбата во наше име и се така во круг.
Како што не сум го прифатил Латас како херој или било кој друг од новинарското дувло на другата страна, додека СДСМ беше на власт, нема ни сега овие големи борци за правда и подобро општество во Инфомакс или од граџанството кое пак крена глава, а сега се на иста страна.
А и во недостаток на силна опозиција, се поставуваат и како политички фактор, а не само како новинари.
Левица е друга приказна, може политички да не се сложувам со нив, да ми се сомнителни некои работи, како превземањето на партијата преку вакво судство, до тоа што решија да учествуваат во власта во Скопје или нивната внатрепартиска структура.
Но, сигурно дека не биле во центарот на овој систем, гравитирале повеќе на периферија, ниту го воспоставиле ниту се офајдиле како СДСМ и ДПМНЕ, па не ги ни изедначувам со двете големи партии, за разлика од овие новинарско удбашки дувла што сега се прегрупираат и ни нудат нови херои.
А и има право Левица политички да се бори и да извлече корист (особено сега кога во опозиција е расуло), таа морална паника како сакале политички да профитираат е глупа. Па нормално дека било која партија сака политички да профитира и да ја победи, уништи конкуренцијата.
Дали мене ќе ми се допадне начинот и слично, ќе одлучам со гласање или ќе јадам гомна на форум и ќе ги критикувам.
Доколку нема подобра алтернатива, а не поминат некоја граница и покажат дистинкција од едниот дел на политичко-бизнис-удбашко дувло кое сега нема толку пристап до моќ, финансии, привилегии, може и да ги гласам на следни избори, без разлика што ми се далечни.
Ако ништо друго, треба размрдување во нашиот политички систем, тие можат да бидат оружје за такво нешто.
Уште ве боли газот што ви го изгоре мечка со незгодните прашања пред цела јавност поради кои моравте да притворите и ваши луѓе
Тошкоски рече дека секој што е крив ќе одговара. И така е. Дури и Панчо е обвинет. Пошто очигледно он со групата ги внеле прскалиците.