Убаво говорела даскалката, гледано од денешна гледна точка, и јас се согласувам со нејзе.
Пвеводбениците навистина се изнапумпаа митови за нивните маченици во Шевенинген, додека истовремено не направија апсолутно ништо за мачениците во Македонија.
Подоцна истите тие митови не се издуваа, туку буквално пукнаа, ене ја сестра Бубе си го сонча во Австралија, а пвеводбеничкиот аркановец неславно си ја заврши својата политичка кариера во 2017 година уште пред истата да започне.
Попаметно прашање за даскалката како идна кандидатка за претседателка на Македонија би гласело:
Дали како претседател на државата би отворила фонд за потребите на бранителите и нивните семејства ?
Единствената разлика помеѓу пвеводбеничкиот аркановец и анти-достоинствениот кршач на ќерамиди од глава, е во тоа што овој првиот си истера платен одмор во Шевенинген во значително пристојни и достоинствени услови во споредба со македонските затвори, а овој вториот сега си ги собира трошките кои ќе му ги фрлат плавите жолтици и рамковнистите во замена за неговата продажба на достоинството на бранителите.