Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?

  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
ОК, ете, не се залагал, го обвинувам зашто ВООПШТО ПОМИСЛИЛ И ДАЛ ИЗЈАВА дека катедрите ќе се укинат. Појасно сега?
Ти треба да одговориш дали таа изјава е негово лично залагање катедрите да се укинат. Залагање напиша една страна претходно, ти текнува?
 
Па ти реков де, грешно сум се изразил. Го обвинувам зашто воопшто помислил и дал таква изјава.
Автоматски споено мислење:

И грешка си, Коцарев беше еден од ретките шо јавно ги критикуваа договорите.
Еве го ставот на МАНУ по однос на Договорот со Грција за промена на името. Ако баба лаже, трап не лаже: https://www.slobodnaevropa.mk/a/29483954.html
 
човек што се залага против катедри на македонски јазик не можеш да го гласаш како преседател на македонска држава.
Не сте сфатиле убаво. Не се залага тој за укинување на катедрите, туку предупредува дека некои други, внатре во факултетот, имале некаков план за укинување на катедрите по македонски јазик. Тоа значи дека тој се залага ДА НЕ СЕ УКИНУВААТ катедрите, што е баш обратно од тоа за што го обвинувате.

Ама тоа и беше намерата на провладините медиуми и НГО-а, тенденциозно да го извртат кажаното за во јавноста да се остави впечаток дека Коцарев се залагал за укинување на катедрите по македонски јазик.
 
Па ти реков де, грешно сум се изразил. Го обвинувам зашто воопшто помислил и дал таква изјава.
Автоматски споено мислење:

Еве го ставот на МАНУ по однос на Договорот со Грција за промена на името. Ако баба лаже, трап не лаже: https://www.slobodnaevropa.mk/a/29483954.html
Таман е, тоа е изјавата. Затоа во првите два параграфи имаш:

Со потпишувањето на Договорот со Грција се отвораат европските перспективи кои значат и економски просперитет, изјави претседателот на МАНУ, Таки Фити, на научната конференција на оваа тема во Академијата. Премиерот Заев изјави дека Македонија го потврди и зајакна својот идентитет.

Во Македонската академија на науки и уметности има различни мислења и спротивставувања и несогласувања со дел од решенијата на Договорот со Грција, изјави претседателот на Академијата, Таки Фити, но тој нагласи дека за него и голем број членови на Академијата суштинска придобивка од договорот е што идентитетските прашања како јазикот, националноста и посебноста се дефинитивно решени и зацврстени.

Претседател на МАНУ во тоа време ти е Фити. Знаеме на која страна влече цело време човекот и кој е неговиот придонес за државата.

Инаку гледаш дека несогласувања постоеле. И таму завршува муабетот. МАНУ не го еба шливат 2% за политички прашања или прашања кои се "неудобни", шо е уствари реалноста за најголем дел од академиите во светот.
 
Па ти реков де, грешно сум се изразил. Го обвинувам зашто воопшто помислил и дал таква изјава.
Автоматски споено мислење:

Еве го ставот на МАНУ по однос на Договорот со Грција за промена на името. Ако баба лаже, трап не лаже: https://www.slobodnaevropa.mk/a/29483954.html
Не читај само наслови, и нема потреба да се вадиш со вакви избрзани гуглања надевајќи се дека никој нема да го прочита текстот пошто е долг. Не е ништо страшно ако претходно погрешно си сфатил нешто и си се упецал на тенденциозни наслови дека наводно Коцарев се залагал за укинување на катедрите, на секој му се случува.

Во Македонската академија на науки и уметности има различни мислења и спротивставувања и несогласувања со дел од решенијата на Договорот со Грција, изјави претседателот на Академијата, Таки Фити, но тој нагласи дека за него и голем број членови на Академијата суштинска придобивка од договорот е што идентитетските прашања како јазикот, националноста и посебноста се дефинитивно решени и зацврстени.
 
Инаку гледаш дека несогласувања постоеле. И таму завршува муабетот. МАНУ не го еба шливат 2% за политички прашања или прашања кои се "неудобни", шо е уствари реалноста за најголем дел од академиите во светот.
Несогласувања сигурно дека постоеле. Ќулавкова на пример, секогаш отворено зборуваше против одлуките на Владата, за сите прашања поврзани со договорите со Бугарија и Грција. Можеби грешам, не знам, но јас Коцарев не сум го слушнал во тоа време да зборува против промената на името. А за МАНУ и Академиите 100% си во право, никој не ги ферма за политичките прашања, а реално не би требало ни да се мешаат во политичките прашања освен ако истите не задираат во државноста и идентитетот како во случајов. Во такви моменти МАНУ треба да е во првите борбени редови, само што кај нас МАНУ е геријатрија која служи за сместените во неа да ги полнат своите џебови. Секоја чест на исклучоците како (повторно ќе ја споменам) Ќулавкова.
 
Нека стои ова тука за тие што не познаваат квази патриот.
След разгрома на кралска југославија през 1941 г. застава начело на б'лгарскија акционен комитет в Охрид. По к'сно е избран за кмет на града.[2] Критикува дејността на комунистическите партизани между които е и неговијат бивш стажант – адвокат Петре Пирузе.
 
Не читај само наслови, и нема потреба да се вадиш со вакви избрзани гуглања надевајќи се дека никој нема да го прочита текстот пошто е долг. Не е ништо страшно ако претходно погрешно си сфатил нешто и си се упецал на тенденциозни наслови дека наводно Коцарев се залагал за укинување на катедрите, на секој му се случува.
Друже, јас студирав на Филолошки, меѓу другото и на катедрата за македонски јазик. Дури и дел од дипломата ми е од таа катедра, иако не примарна. Ми значи и денес се што е поврзано и со факултетот и со катедрите за македонски јазик и книжевност. Не сум гуглал за погрешно да сфатам. Ја следев целата ситуација, ги следев реакциите на професорите и на тогашната шефица на катедрата проф. д-р Искра Пановска - Димкова. Ете, реков дека погрешно се изразив со зборот „залага“. Неговата изјава не доликува на изјава ни на Академик, а камо ли пак на претседател на МАНУ. Затоа беа острите реакции и од ФЛФ и од власта.
 
Не сте сфатиле убаво. Не се залага тој за укинување на катедрите, туку предупредува дека некои други, внатре во факултетот, имале некаков план за укинување на катедрите по македонски јазик. Тоа значи дека тој се залага ДА НЕ СЕ УКИНУВААТ катедрите, што е баш обратно од тоа за што го обвинувате.

Ама тоа и беше намерата на провладините медиуми и НГО-а, тенденциозно да го извртат кажаното за во јавноста да се остави впечаток дека Коцарев се залагал за укинување на катедрите по македонски јазик.
А бе да се претставува некој дека следи политика во Македонија и притоа да вели дека Коцарев се залагал за укинување на катедрите по македонски јазик, покажува колку само не следи политика.
 
Друже, јас студирав на Филолошки, меѓу другото и на катедрата за македонски јазик. Дури и дел од дипломата ми е од таа катедра, иако не примарна. Ми значи и денес се што е поврзано и со факултетот и со катедрите за македонски јазик и книжевност. Не сум гуглал за погрешно да сфатам. Ја следев целата ситуација, ги следев реакциите на професорите и на тогашната шефица на катедрата проф. д-р Искра Пановска - Димкова. Ете, реков дека погрешно се изразив со зборот „залага“. Неговата изјава не доликува на изјава ни на Академик, а камо ли пак на претседател на МАНУ. Затоа беа острите реакции и од ФЛФ и од власта.
Неговата изјава е и те како на место.

Не гледам ништо лошо ако човекот предупредил дека постојат некакви планови внатре во факултетот за нова структура на програмата, наместо 11 катедри, меѓу кои и катедрите за македонски јазик, да има нова структура од пет отсеци, во кои нема да има катедра по македонски јазик.

Во време кога бришат "македонски" од називите на институциите во "нашата земја", зарем ти е чудно ако постоеле планови за укинување или преименување на катедрите по македонски јазик? Е човекот баш за тоа предупредувал.
 
Затоа што не постоеле и не може да постојат такви планови. Тие катедри може да се укинат само ако се укине факултетот. Не знам кој беше во тоа време декан на факултетот, но кој и да бил, сигурно немал такви планови. Не е на место претседател на МАНУ да дава непотврдени и непроверени информации за кои подоцна се испоставува дека се рекла-казала муабети.
Автоматски споено мислење:

До душа, ко ќе се присетам, ние имавме еден сличен претседател, па и тоа што викаш - зошто да не и втор.
 
Од каде таква сигурност дека немало такви планови? Секако тие планови никнуваат од погоре, не од самиот факултет.
 
Не сте сфатиле убаво. Не се залага тој за укинување на катедрите, туку предупредува дека некои други, внатре во факултетот, имале некаков план за укинување на катедрите по македонски јазик. Тоа значи дека тој се залага ДА НЕ СЕ УКИНУВААТ катедрите, што е баш обратно од тоа за што го обвинувате.

Ама тоа и беше намерата на провладините медиуми и НГО-а, тенденциозно да го извртат кажаното за во јавноста да се остави впечаток дека Коцарев се залагал за укинување на катедрите по македонски јазик.
Ништо ново. Катедрата по „македонски“ требаше да се затвори години наназад зато шо жив пес нема таму, оти никој не сака да учи „македонски“. Ништо комплицирано. Нема на кој да му предаваат. Зошто да се учи „македонски“ ко постојат многу други повеќе потребни јазици, како англиски, германски, француски, руски и т.н.

Не се укинва од проста причина оти то би било еден од најголемите срамој покрај менувањето на името.
 
Јас за кандидат на овие претседателски избори сакам да биде нормален и обичен македонец кој не пати од ментални заболувања ни он ни неговота блиско семејство, под ментални заболувања оската србо/бугаро манијакалност и југо манијакалност. Сакам Македонец што ќе направи се за својот народ и татковината.
Веќе е одвратно да се зборува за гоги, билјани, стевовци, коцаревци.
Автоматски споено мислење:

Ништо ново. Катедрата по „македонски“ требаше да се затвори години наназад зато шо жив пес нема таму, оти никој не сака да учи „македонски“. Ништо комплицирано. Нема на кој да му предаваат. Зошто да се учи „македонски“ ко постојат многу други повеќе потребни јазици, како англиски, германски, француски, руски и т.н.

Не се укинва од проста причина оти то би било еден од најголемите срамој покрај менувањето на името.
Важи бугар, како ти ќе кажеш, ако не да ја крстиме катедра по мајчин јазик.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom