Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?

  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Заебанции на страна, од сите овие погоре пишани личности и ѓубриња на анкетата, само Љупчо Коцарев делува најстабилно и најсериозно решение... Човек кој е под постојан удар на НГО шарено-провладините издркотини ради неговите промакедонски ставови. После 7-8 години постојано распродавање на се македонско, и понижување на македонецот, он би дошол како мелем на рана за нас македонците. Стабилен во ставовите, човек со богат речник, без дамка во кариерата, се што би требало да преставува човек кој би требало да се кандидира за претседател на држава.

Само голема штета е што мали се шансите баш него да го изберат за кандидат овие мизерииве од ДПМНЕ.
Кои про-македонски ставови, човекот се залагаше да се укинеле катедрите за македонски јазик и македонска книжевност на ФЛФ пред некоја година. После под притисок и на професорите од катедрите, но и на власта (Заев беше премиер тогаш) ретерираше, велејќи дека тоа бил негов личен став.

Не е ова толку едноставно. Може Коцарев нема амбиција и желба за таква функција...
Коцарев наводно баш имал амбиција, затоа и е ставен на листата. Наводно ја имал поддршката и од Левица обезбедено, но ете тие му го турија, па сега ВМРО му е втора опција.
 
Кои про-македонски ставови, човекот се залагаше да се укинеле катедрите за македонски јазик и македонска книжевност на ФЛФ. После под притисок и на професорите од катедрите, но и на власта (Заев беше премиер тогаш) ретерираше, велејќи дека тоа бил негов личен став.
Ова, ако збориш за периодот 2010-2011, апсолутно во право бил човекот. Не беше укинување, туку во мирување...
 
Ова, ако збориш за периодот 2010-2011, апсолутно во право бил човекот. Не беше укинување, туку во мирување...
Не бре, каква 2010-2011, пред некоја година беше. Од Филолошки дури упатија писмо потпишано од сите професори до МАНУ со остра критика за неговите глупости.
Автоматски споено мислење:

Еве, бујрум, 2021 било: https://libertas.mk/sheficata-na-ka...e-se-ukine-predsedatelot-na-manu-manipuliral/
 
Во ред, се сетив на ова. Меѓутоа, ова не беше заложба на Коцарев, туку со некоја евентуална реформа или реорганизација планирана внатре во Универзитетот или МОН, како и да е, тој проценил и дал неточна изјава дека катедрите би се укинале...
 
Каква и реорганизација да се прави внатре, Филолошкиот факултет се темели на тие две катедри и е основан заради нив. Тој не би можел да постои ако нема катедра за македонски јазик. Таква катедра неодамна се отвори на Универзитетот во Тирана, веќе неколку години има и во Јапонија, ама важно Коцаров сметал дека во Македонија ќе се укине. И тоа биле про-македонски ставови. ;)

Јас и ти да проценуваме и даваме неточни изјави - пеки, никаква штета. Ама во време кога македонското од сите страни е нападнато, претседател на највисоката научна установа во земјата да даде таква изјава и потоа да каже дека била лично негов став - не е во ред.
 
Каква и реорганизација да се прави внатре, Филолошкиот факултет се темели на тие две катедри и е основан заради нив. Тој не би можел да постои ако нема катедра за македонски јазик. Таква катедра неодамна се отвори на Универзитетот во Тирана, веќе неколку години има и во Јапонија, ама важно Коцаров сметал дека во Македонија ќе се укине. И тоа биле про-македонски ставови. ;)
Ги менуваш тезите сега. Не е лична заложба на Коцарев. Може да се каже дека лажно обвинувал и тендензиозно сакал да предизвика паника, ама никаде нема негова лична заложба во смисла Дај да ги укинеме Катедрите за Мак. јазик & Мак. литература.

Нека се темели на што сака Факултетот, во моментов тие две Катедрите не постојат поради ниту една друга причина, освен да згрижат 20-30 луѓе кои би се нарекувале професори, би имале привилегии од тоа и да земаат државна плата. Ама пазарот на труд веќе го решава тој проблем.
 
Немам коментар!
 
човек што се залага против катедри на македонски јазик не можеш да го гласаш како преседател на македонска држава.
Плус тоа, видовте ли некаде човекот да зуцне кога ни го менуваа името? Нели МАНУ треба да го штити македонскиот идентитет? Нели по некоја логика треба да е во први борбени редови. Јас единствен Академик кој го видов да даде свој став во врска со тоа прашање, подоцна и со прашањето за промена на Уставот и внесувањето на Бугарите како уставотворен народ беше Катица Ќулавкова. Каде беше Коцаров да каже нешто по тие прашања? Единствено што направи е неколку дена по добивање на одлуката на Владата да го смени името на институцијата чиј претседател е во Академија на науки и уметности на Северна Македонија, ама демек победата била извојувана дека акронимот МАНУ останал. (!!!) И требало катедрите за македонски јазик и книжевност да се укинат, зашто постоеле само за да земаат плата од државата - а МАНУ за што постои? Коцарев за што постои? Што не го укине МАНУ и себеси?
 
Каде беше Коцаров да каже нешто по тие прашања?
Реакции на МАНУ за преговорите со Бугарија и евроинтеграциите
И требало катедрите за македонски јазик и книжевност да се укинат, зашто постоеле само за да земаат плата од државата - а МАНУ за што постои? Коцаров за што постои? Што не го укине МАНУ и себеси?
Ова е јас го кажав, не Коцарев...
 
30+ години со културни натписи и џентлменски дрес-код, државата се искраде и народот што не се исели го дупат во здрав мозок.

„Они да имаа квалитетен кадар со три директорски места што ги имаат у Град Скопје, ќе го направеа барем Скопје пофункционално…“

Дали си сериозен со ова? Скопје тешко може да се направи пофункционален град дури и да си градоначалник со оглед на фактот што има премал буџет за град од 600.000+ жители, а со тоа и голема зависност од централната власт, а не па со три директорски места.

Не ми релативизирај.
Го спомнав речникот на неисчешланиот шарен куpтон у контекст на тоа дека тоа е причината зашто никој еминентен и угледен лик му нема прифатено кандидатура и нема да има таков ниту на парламентарните.

Иначе ме заболе мене како ви се обраќа на вас, гласачкото тело, ако сака и нека ве силува дома, пошо другиве не ве силувале по дома последниве 30 год.
 
Е па еве тебе те прашувам: за што служи Коцарев? Зошто он и неговата институција да не се укинат?
Поим немам за што служи МАНУ. Само по вторпат лажно го обвинуваш Коцарев, првиот пат дека се залагал за укинување на катедрите, вториот дека не се противел на договорите со Бугарија и Грција...
 
Поим немам за што служи МАНУ. Само по вторпат лажно го обвинуваш Коцарев, првиот пат дека се залагал за укинување на катедрите, вториот дека не се противел на договорите со Бугарија и Грција...
ОК, ете, не се залагал, го обвинувам зашто ВООПШТО ПОМИСЛИЛ И ДАЛ ИЗЈАВА дека катедрите ќе се укинат. Појасно сега?

За договорите со Бугарија и Грција, го гледаше видеото со говорите? Кој говори таму за Уставот и Бугарите како уставотворен народ? Коцарев или Ќулавкова?

Или еве, попросто, види го делот од говорот на Коцарев:
Ако во изминатите 30 години бевме сведоци на ерозија и на уништување на македонската држава, вклучувајќи ги тука науката, уметноста, културата, образованието, здравството, судството, економијата, јавната администрација, македонската мисла и интелигенција или кажано со еден збор се, тогаш неминовно се наметнува прашањето, како понатаму? Ако секоја досегашна влада нудеше се понови и се поиновативни пристапи во разнебитувањето на македонската држава, зарем не е време да се каже - вака повеќе не може.
„Во изминативе 30 години бевме сведоци...“ - е па каде беше МАНУ и Коцарев во сите тие 30 години освен меѓу сведоците?

И ете, и јас во негов стил, и од ова ќе ретерирам зашто искрено не знаев за овој говор, иако е кога веќе заврши се. Прашањето е: КАДЕ БЕШЕ КОЦАРЕВ КОГА НИ ГО МЕНУВАА ИМЕТО?
 
Коцарев наводно баш имал амбиција, затоа и е ставен на листата. Наводно ја имал поддршката и од Левица обезбедено, но ете тие му го турија, па сега ВМРО му е втора опција.

Прва, со тоа шо има им кажано повеќе пати дека е партнерство од интерес. И сам пиша како оди таа работа. :D

И грешка си, Коцарев беше еден од ретките шо јавно ги критикуваа договорите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom