Улогата на западот во 2001-ва е иста како и секогаш со нас. Лицемерна и непријателска. Толку. Точка.
НАТО тогаш, официјално имаше 40 000 војници во Косово.
Неофицијално, повеќе од 50 000. Потполна политичка контрола на сите структури таму.
Знаете што прво направија на терен, кога почна судирот во Македонија?
Распоредија дополнителни едници на границата со Македонија, за да ги спречат македонските безбедносни структури да влезат во Косово, да ги гонат УЧК. Во исто време на учките им беше овозможено да се движат како сакаат, пред носот на НАТО структурите, а на нивните ранети припадници им беше пружана помош, и беа транспортирани по болниците во Косово, меѓу кои и во таа во базата Бондстил.
Околу вршење на обука на учките,наоружување, давање на логистичка, разузнавачка и политичка подршка, да не правиме муабет. Тоа не е сменето до денес. Исто е.
Жално е што е дури и после 20 и кусур години од тие настани, после се што се случи во Македонија, се уште има луѓе, кои себеси се сметаат за Македонци, а се уште не им се јасни овие работи.
Ама, јбг, тоа е..