Полирање на боја

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.259
Поени од реакции
12.530
Имав едно средство, го користев со влажна крпа и кружно триење на бојата, и делуваше супер. Но го потрошив и не можам да ја најдам амбалажата за да купам исто. Кажете кои средства ги користите, кај се купуваат, колку коштаат и како ги нанесувате.
 
Само SONAX другото се е ѓубре!
 
Стариот мој користи повеќе од 10 години иста полир паста - Amway, силиконска. Мислам дека е незаменлива според квалитетот и ефектот што го дава после полирањето. Чини околу 10-12 евра.

И се нанесува на сува крпа.

Eве ја, најдов слика на нет:

Autopolitur%20gr.jpg
 
Освен наведените во претходните постови:
Тurtle Wax
3M
Друго не сум користел, тоа е по мене најдоброто.
Еден совет:
За премногу оштетена боја, најпрвин шмирглање на целата кола со П2000 водна шмиргла, нанесување 2 слоја полир паста, и 1 слој восок.
Нема да ја препознатете колата.
Полирајте на секои 6 месеци, на пр. пролет и есен
Полирајте дел по дел.
 
Не е многу оштетена, ама не е полирана скоро 2 години, и сега сакам да ја освежам бојата (бидејќи е светла) со се што можам за да изгледа како порано, дека е тазе фарба.
 
Не е многу оштетена, ама не е полирана скоро 2 години, и сега сакам да ја освежам бојата (бидејќи е светла) со се што можам за да изгледа како порано, дека е тазе фарба.
Тогаш ќе си земеш некоја од познатите марки, од оние со послаба градација, колку да ја освежи бојата и да го врати сјајот.
 
Незнам колку сте запознаени, но има еден мајстор во Битола што стварно добро ги полира. Им кине машински еден слој од бојата (онај најгорниот, најоштетениот) а потоа како што кажа Струмикс двојно полирање, па на крај восок. Но бара некои 50 евра за полирање што е речиси двојно во споредба со останатите. Јас имам гледано како работи човекот и од стварно избледени бои знае да направи чудо. Едноставно да не ви се верува.
 
малце е запоставена темава ама ај да ја живнеме
да се пофалам, си ја купив мојата прва кола, половна
колата си плачеше за полирање, ја однесов ја исполираа и и ставија восок.
Проблем кај мене е што отпосле ми текнува :tapp: па сакав да прашам дали некој од вас нанесува восок дома? дали ви се исплати и колку време трае цела процедура? на јутуб најдов повеќе видеа и имам такво машинче од стариот мој, само незнам дали ќе најдам перничиња, а не верувам дека тоа едно ќе заврши работа
дај закачете некоја слика :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom