Полициските “крајслери“ на продажба

  • Креатор на темата Креатор на темата Torte Mobile
  • Време на започнување Време на започнување

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.887
Возраст
39
tocka-79779.jpg
Полициските “крајслери“ што беа набавени пред 12 години ќе одат на продажба, а според професионалните возачи, за нив би можеле да се заинтересираат таксистите, пишува “Дневник“.
Но, Министерството за внатрешни работи сè уште не донело формална одлука за продажба на “крајслерите“.​
Весникот пишува дека МВР ќе ја донесе одлуката за продажба на возилата кога ќе ги добие новите 150 полициски возила “шкода јети“ кои се очекува да стигнат на крајот на годинава. Според професионалните возачи, за “крајслерите“ би можеле да се заинтересираат таксистите. Со вградување плински уред би се зголемила потрошувачката, но ако се спореди цената на бензинот и на плинот, сепак значително би се заштедило. Истовремено “крајслерот“ е пространо и комотно возило, со добра амортизација, што е дополнителен плус да биде искористено како такси-возило.​
“Крајслерите“ беа набавени во 2000-тата година кога со МВР раководеше сега покојната Доста Димовска. Тогаш од САД беа набавени 210 патнички возила “крајслер“ и 30 џипа. Сите имаат бензински мотор. За искористеноста на “крајслерите“ говори фактот што секое од овие возила има поминато во просек по 500.000 километри, пишува “Дневник“. Познавачите велат дека тие се издржливи возила кои би можеле да се користат и во наредните години без поголеми проблеми.​
48F87BFFE78C30418DCD1F93CB647EC2.jpg
 
Јас знам за кај ги бива само за у отад за ништо повеќе :гомце:

Само незнам со кој мозок најдоа да кажат за такситиве па секој таксист гледа колата што помалце да му троши и плус да не дава многу пари за делови и тн. ако некој таксист купи ваква кола ја се шетам гол по плоштад :facepalm:
 
:pos: ----------------------:tapp: ----------------------------:vozbud: --------------------------------------:ROFLMAO:


Ај еве мое мислење за "стручњациве" наши веројатно од циркус владава наша
мислам WTF кај е исплатливоста нивна?
Како они помислиле дека крајслериве БИ МОЖЕЛЕ да ги користат таксистите
1. Целите се распаѓааат (сум бил месец дена во сервисот на аутостар каде што се сервисираа крајслерите т.е. она што беше останато од нив)
2. Деловите се изгор скапи и ретки
3. Трошат ко ненормални, од прилика 15тина литри бензин или ако се стави на плин околу 18 грубо 20 литри
4. Не се извозени туку се ПРЕВОЗЕНИ и неодржувани и исчукани и оштетени и оставани без вода во хладњак, истечено масло итн
... да не набројувам понатака ама освен за во луна парк и тоа да ги поврзат на струја и да се чукаат со нив, за друго не ги бива крајслериве
 
Па ако има будала да ги купи зошто да не?

Ќе си земеш една марица, ќе се товарите сите другари внатре, и ќе си ја пуштите, кад се возимо :D
 
Натписот во Дневник е спонзориран од бензинските пумпи и плинарите. Овие трошат по 20 литри плин градска.

Инаку јас би земал еден под услов гратис да ми дадат една млада обдарена полицајка

jt1ms7.jpg
 
Најисплатливо, да ги истоварат во некој отпад сите, и да ги фрлат за старо железо.


Негледам кој и зошто би возел полициски крајслер како возило за секојдневна употреба. А и невервам дека ќе се најдат будали шо ќе платат појќе од 300 евра за кршот.
 
Без пари да ми ги дават не ги зимам.
 
Замисли реклама:
Кога мојот крајслер беше џандарски, во него се возеа најјаки криминалци.
 
Одма да ми кажете кога ќе дадат информации за продажба,сакам сите да ги купам!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom