Полицаец во секое македонско училиште

да бевте вие на власт што би направиле?
Да бевме... ама не сме.
Додека јас одев на училиште и ќе се степав со некое дете, па татко ми ќе дознаеше, ме млатеше како стока.
Денес, некое дете да се степа на училиште, ќе излезе таткото на улица и ќе ги тепа сите по ред.
Ај, најди прво кој е проблемот, па после реши го.
 
барем помалку трева ке дилаат.
 
не треба да има во сите училишта полицајци, пример што бара во корчагин ? Во 4 години кога учев таму немаше ни една тепачка. А имавме и обезбедување и камери..
 
не треба да има во сите училишта полицајци, пример што бара во корчагин ? Во 4 години кога учев таму немаше ни една тепачка. А имавме и обезбедување и камери..
Незнам кога си учел и кога си завршил друже, али последниве 4ри години додека ја учев имаше неколку. Е сеа тоа не беа у размер какви што има у Коце,АСУЦ и такви школи. Али имаше.

Е сеа да не бидам офтопик, колку оваа мерка ќе помогне да се намалат тепачките по школиве, ја бар сум скептик. Мислам ќе се намалат тепачките во школските дворови, али па ќе се лупаат негде надвор сигурно.
 
Тоа е и целта да се намалат тепачките во училиштата и училишните дворови.
 
Мислам дека учениците се размазени до даска, јас додека учев во тој уште несреден пост-комунистички период, кога учителите имаа уште можност да тепаат, ги знаеш како маваат, ни полиција ни бутур. Имаше тепачки не дека немаше, ама никој не беше убиен. Па дома да дознаат дека си се тепал, со некој твој врсник ќе го добиеш и домашниот онака за пред спиење, а ќотек јадеш и за слаби оценки.
Сега жешко им било ќе им ги скрателе часовите, да видиш да не веруваш, нас наставничката во основно ни кажување дека за време Југославија ги носеле да берат индустриски домат (ја имав и таа можност еднаш да одам на таква екскурзија), памук да берат и ред други работи и нема тука да се буниш за татковината работиш.
Не дека не сум за ова ама мислам дека на погрешна врата се тропа, треба да се воведе шамарот како воспитно-педагошка мерка, уште од градинка и родителите да се казнуваат доколку не му дадат здраво домашно воспитание (читај ќотек), шамарите и те како ти го издигнуваат нивото на почит уште од мал.
 
Можеби нема некоја конкретна потреба во секое школо од вакви мерки, но кога веќе голем дел од школите најмуваат приватни агенции, зашто да не биде тоа реализирано на повисоко ниво, како што е овој начин.

Се согласувам со мислењето над мене за тоа дека премногу ги размазија новиве генерации, а и домашната култура игра голем удел во целата ситуација.

Како и да е, дури и да не биде успешен проектот, ништо не се губи доколку се проба да се види како ќе функционира тоа во пракса.
 
Глупости.
Помина времето кога децата ги плашеа со чичко полицаец. Божем ако некој наумил да натепа некој, полицаецот (што нема ни да може да ја види тепачката) ќе го предомисли во тоа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom