Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.097
Компанијата која стана синоним за фотоапарати за инстант фотографии ги затвора своите погони во Масачусетс, Мексико и Холандија, откако ја изгуби борбата од се позастапените дигитални фотоапарати. Своевремено популарните филмови на Polaroid заминуваат во историјата.
По затворањето на производствените погони, Polaroid планира да се фокусира на производството на минијатурни принтери за фотографии од мобилни телефони и дигиталните апарати.
"Се обидуваме повторно да создадеме препознатлив производ на Polaroid за компанијата повторно да заживее" - ова се зборовите на Тим Бедон, претседателот на компанијата.
Polaroid како компанија е основан во 1937 година, а на почетокот производството било фокусирано на поларизирани леќи во научни цели и е една од првите големи светски компании кои се темелеле на истражувања. Својата прва инстант камера во продажба ја пуштиле во 1948 година.
Врвот на производството Polaroid го достигна во 1991 година, кога заработката од продажбата на производите на компанијата достигна бројка од скоро 3 милијарди долари. Меѓутоа, за неуспехот кој следеше потоа главната грешка на компанијата беше ненавременото прифаќање на дигиталната фотографија, па во 2001 година се соочија со банкрот.