Покрај поскапувањето на струјата, укината е и дневната ефтина тарифа

  • Креатор на темата Креатор на темата SpiderWeb
  • Време на започнување Време на започнување
. Сепак тоа не значи дека ангажирана моќност е измишљотина позади која нема реално техничко објаснување и причина, а е само изговор за да се земе повеќе пари.
Со се се согласувам - освен со ова
Наплатата на активната моќност потекнува од наплатата на бројот „ сијалични места “ кои покасно се нарекуваа Т.Е, ( тарифни единици )
А тоа е „ измишљотина “ која потекнува од времето кога немаше струјомери.
 
Супер све ова што си го научил и ни го кажуеш тука. Стварно личи дека знаеш, а и ја сум џукела ваљда.

И ја сакав баш истото да го забележам, што го праша членот над мене. Ми личи контрадикторно.
 

Гледам дека се разбираш доста околу струјата и ЕВН. Можеш ли да ми кажеш зошто не се интервенира онаму каде има прегорени светилки на уличното осветлување за да се заменат со нови? И зошто и онаму каде има исправни улични светилки, свети секоја петта светилка? Зошто ништо не се презема да се надмине тој проблем? Или за џабе секое домаќинство во сметката за струја плаќа и вклучено улично осветлување?
 
Уличното осветлување е одговорност на општините. Тие се одговорни за поставување и промена на светилките и треба да се пожалиш кај нив. Парите кои се плаќаат за улично осветление од ЕВН се префрлаат по општините каде припаѓаат потрошувачите кои уплаќаат.
 
Вечер донесува напис за меѓународен криминал во трговијата со струја.
Таа фирма делувала и во Македонија
http://vecer.mk/ekonomija/izlegoa-i...bc-megju-niv-trgovci-na-struja-od-firmata-eft
Јас за ова не знам ништо повеќе.
Ако некој има повеќе информации нека сподели
 
Уставниот суд не ја укина наплатата на „ активната моќност “ ( 33%)
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=46965
Судот не поведе постапка за иницијативи поднесени на одредби од Тарифниот систем за дистрибуција на електрична енергија за потрошувачите приклучени на дистрибутивниот систем на ЕВН Македонија АД Скопје и на одредбите од Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на мали потрошувачи приклучени на дистрибутивниот систем во сопственост на АД ЕЛЕМ-Скопје. И двата тарифни системи кои се донесени од Регулаторната комисија за енергетика, според Судот од аспект на Уставот и законот не се проблематични и поради тоа не е поведена постапка.
 
Во Србија велеа дека од 1 април ќе почнат да наплатуваат акциза на струјата. Но не почнаа.
http://www.politika.rs/rubrike/Ekonomija/Akcize-na-struju-na-niskom-naponu.sr.html
Кај нас сеуште нема најави за воведување на акциза на струјата. Ако тоа се случи тоа ќе биде катастрофа, бидејќи кај нас струјата е и сега прескапа
 
јас друго нешто поодамна сугерирав, дека ЕВН треба да наплаќа помалку ангажирана можност за тие што имале прекин на снабдување со ел.енергија поради испад - технички проблем. И тоа не само пропорционално на времето без напон туку и за секој прекин бонус, н.пр. бонус од 100мкд за секој прекин, а поради тоа што прекинот предизвикува дефекти на електрични уреди. Исто треба намалување на ангажирана можност и за намален Напон а ако некаде има и бонус за зголемената фреквенција бидејќи се тоа негативно се одразува на електронските уреди.
 
Мора да се воведе во сметките т.н. Надоместок за зелена енергија исто така. И плус акциза. Во цела европа е така
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom